Ознака: став

mikseta

Се стиска обрачот околу ММИ

Post Views: 6 Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги. „Вчера во Битола...

Continue reading

vnro dpmne

Туристичка сезона за „паметење“

Post Views: 5 Најслаба туристичка сезона досега, тврдат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека за жал Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа не превзеле никакви мерки за подобрување на квалитетот на туристичката и угостителската дејност. Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече дека жртвата од ваквиот нивен игнорантски став кон промоција и подобрување на квалитетот на туристичката сезона  не се само граѓаните на Охрид туку и сите домашни и странски туристи кои доаѓаат да го посетат нашиот град. Тој запраша дали на Градоначалникот...

Continue reading

parkinzi

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапениот паркинг-удар врз џебот на граѓаните

Post Views: 0 Не стивнуваат реакциите околу зголемените цени за паркинг. Нова прес конференција на оваа тема одржа општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија дека со новите цени се удира не само по џебот на охриѓани, туку и на домашните и странските туристи. Велат со наметнатата цена на паркинг просторите низ Охрид, само се усложнува неповолната состојба во која се наоѓаат граѓаните на Охрид. „Зголемувањето на цената за паркинг простор како и поставување на паркинг простор на места каде што никогаш претходно не постоеле како и недозволувањето на граѓаните кои живеат во област...

Continue reading

ulica

Прес без реакции

Post Views: 2 Градоначалникот Александар Петрески не реагираше  на обвинувањата на портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ изнесени во вторникот на прес, во врска лошата локaлана патна инфраструктура. Но само ден подоцна не одолеа на нашето прашање зошто не реагирале од Локалната. „Сигурно дека ВМРО – ДПМНЕ држи секојдневно прес конференции и во нив не се пресметува со нивниот политички противник него стално ме има мене за цел како градоначалник. Јас сум градоначалник на сите, и партиите меѓу себе нека се расправаат а мене да ме остават на мира. Ако тие се без работа, ако тие немаат идеи и...

Continue reading

Ohridsko leto

Фестивалот „Охридско лето“ остана без селектори

Post Views: 16 „Охридско лето“ остана без селектори. Само пет дена по смената на досегашните селектори на драмскиот и музичкиот дел, нашиот најпрестижен фестивал повторно во ќорсокак. Имено, како што веќе информиравме, директорот Васко Василески, по завршувањето на договорите на претходните селектори, за драмски селектор на фестивалот го назначи  Горан Стојаноски, директор на Охридскиот народен театар, додека за селектор на музичката програма беше назначена директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ. Сепак, онолку брзо колку што беа назначени, толку брзо и ја напуштија...

Continue reading

sovet za bezbednost

Се е добро АМА кога добро ќе се заврши

Post Views: 8 Од суровата реалност поврзана со инцидентите не тргна директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче. Тој ги повика камерите да бидат подготвени уште вечерва и да го регистрираат ефектот на комплет поставените светлечки реквизити.Димитар Пендо, претставникот на угостителскиот еснаф, вели дека се спремни за пречек на гостите кои ќе го посетат Охрид. Тој додава дека добро би било до година акцент да се стави и на католичкиот Божиќ, бидејќи и тој верски празник привлекува големемо внимание кај туристите.Да се надеваме дека теоретските претпоставки на надлежните и во пракса...

Continue reading

press

Раководството на O.K на ВМРО-ДПМНЕ, на средба со новинарите

Post Views: 4 Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од градов и координаторот на советничката група од оваа партија, на прес средба со новинарите. Овој пат, одговараа на новинарски прашања за актуелни теми. На прашањето за тоа колку пратеничките канцеларии, кои имаа за цел директна и непосредна комуникација со гласачкото тело, ја оправдаа својата функција, претседателот на ОК, Атанаско Михаилов, со став дека, тет-а-тет средбите на граѓаните со пратениците, сепак зависат од нивната ангажираност и можност да дојдат во Охрид. Михаилов додава дека пратеничките канцеларии се покажаа како...

Continue reading

proekt Plaoshnik

Треба ли Охрид да учествува во проектот на Плаошник?

Post Views: 2 Треба ли Општина Охрид да биде ко-инвеститор во проектот за  изградба на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник? Оваа точка на денешната седница на Советот на општината, предложена од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по две долги координации стана дел од дневниот ред. Имено, станува збор за предлог за учеството на општината во проектот за изградба на административните објекти на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник. Координаторот на оваа советничка група, Дејан Паноски со свое видување:-„Општина Охрид треба да земе учество во целокупниот проект...

Continue reading

совет

Првата Седница на советот за оваа година, заврши пред и да започне

Post Views: 2 29-та седница на Советот на општината прва во оваа година, заврши пред и да започне. За помалку од половина час, на барање на советничката група на СДСМ, седницата беше прекината. Имено на оваа група, а во врска предлог иницијативата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за преименување на една од улиците во личнсота и делото на спортскиот великан Атина Бојаџи, и беа потребни дополнителни консултации со останатите коалициони партнери, истакна советникот од оваа група, Ахмед Патељ. А од оваа советничка група и со малку поразличен предлог за истата иницијатива. „Како советниќка...

Continue reading

grobishta

На граѓаните не им е потребна екстра давачка

Post Views: 5 Ова е ставот на советниката група на ВМРО-ДПМНЕ, во врска утврдување на висината на надоместокот за  „Солидарен пакет – погребални услуги“. Со прекинот на денешната седница на Советот на општината, се пролонгира и изгласувањето на нејзиниот износ. Само за потсетување, точката на која требаше да се изгласа висината на погребалните услуги, помина пред градските избраници на последната седница на совет минатата година, но со одредени забелешки. Дел од советниците реагираа дека 100 -те денари кои граѓаните треба да ги плаќаат е преголем месечен издаток за охриѓани,...

Continue reading

Sv Kliment Ohridski

Зошто молк?!

Post Views: 0 Професори, лекари, новинари, писатели, стопанственици, научни работници, уметници ,  ТВМ ги контактираше за да го чуе гласот на охридските интелектуалци како тие размислуваат за годинешната одлука за доделување на највисоката општинска  награда за допринос за градот, Св Климентовата награда. Она што изненадува, а истовремено и загрижува е што скоро сите одбија нивните размислувања да бидат цитирани со име и презиме. Заедничко за сите нив е што не се партиски експонирани, и  мислат дека највисоката општинска награда од година во година се девалвира. Наградата станува ...

Continue reading

Hristo Uzunov

Чуварите во охридските училишта без плата два месеци

Post Views: 6 Чуварите кои се ангажирани за обезбедување на 9-те основни и 3 –те средни училишта, како и за детската градинка Јасна Ристеска, реагираат – не зеле плата два месеци. Чуварските служби за обезбедување на објектите се ангажирани од локалната самоуправа. Од таму потврдувааат дека на дел од чуварите исплатена им е плата заклучно со септември, а на дел платата им се исплаќа со задоцнување од неколку месеци. Објаснуваат дека, сепак  пари  за сработеното ќе добијат сите. Од локалната самоуправа информираат дека во овие услови на безработица и недостиг на финансиски средства,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top