Ознака: став

Партискиот став мора јасно да се посочи

Post Views: 9 Текстот што го рецензираме со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, иако е сместен во рубриката вести, демонстрира прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите. Проблемот со презентираната информација, е тоа што партиско соопштение е претставено без атрибуција, без наведување на извор, без елементарна редактура и оградување од политичкиот субјект што ги изнесува ставовите. На ваков начин, новинарот го сообразил жанрот вест, со партиското соопштение, доведувајќи го читателот во можна заблуда и учествувајќи во пропаганда односно навивање. Членот...

Continue reading

Branko Crvenkoski

Државниот врв ќе гради став за предлозите на Нимиц

Post Views: 3 Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска на заедничка координативна средба повторно ќе го разгледуваат последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. Ова е втора координативна средба на државниот врв за името во изминатите десетина дена. На претходната, одржана на 16 октомври, претседателот Црвенковски, премиерот Груевски и специјалниот пратеник за името Никола Димитров, како што беше соопштено по средбата, направија анализа на пакетот идеи на Нимиц презентиран во Њујорк на 8-ми овој месец, но не го дефинираа...

Continue reading

Martin Schlezinger

Можен e поинаков став на администрацијата на Обама кон Балканот

Post Views: 4 Администрацијата на претседателот Барак Обама би можела да заземе нешто поинаков став кон Балканот, но за тоа ќе биде потребно време, изјави директорот на Програмата за источноевропски студии во Центарот „Вудро Вилсон“ Мартин Шлезингер. Тој оцени дека политиката на Обама кон Балканот би „можела да поприми некои контури на политиката на Клинтон во позитивна смисла“. Клинтоновата администрација отсекогаш веруваше дека еден од нејзините најголеми надворешно-политички успеси е завршување на војната во БиХ. Мислам дека Обама би сакал таа ситуација да ја унапреди, особено...

Continue reading

svr Ohrid

Двајца полициски службеници од Струга заработија парични казни

Post Views: 1 Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 12 решенија против 12 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, и 4, и член 207 став 1 точки 1,  8, и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на девет вработени им е изречена мерка “парична казна“ на двајца вработени мерка  – “запирање на постапката“, на еден вработен му е изречена мерка – “отказ , а се работи за: На Р.Л. полицаец во ПС ОН Струга, изречена му е мерка– “парична казна“  (се оглушил на наредбата...

Continue reading

vmro dpmne

ВМРО – ДПМНЕ од Струга бара да нема етнички поделби

Post Views: 2 ОК на ВМРО – ДПМНЕ ги повика странските амбасадори во нашата земја, да ја  посетат Струга, пред да биде избран  претседател на Совет. Перо Петкоски претседателот на струшкиот огранок истакна дека на ваков чекор се одлучиле по барање од граѓаните, со цел да биде слушнат ставот и искуството на странските дипломати. „Ваши Екселенции, г – дин Волерс, Шчербак, Кристијани, Ивон, г- ца Стеинакер, Шуман и останатите. Ве покануваме, овде во Струга, додека не е избран претсесателот на Совет на општина Струга, да дојдете и да го пренесете вашиот став и искуство, како и чуството...

Continue reading

sednicast

Стружани куртулија од поскапување на водата

Post Views: 7 Стружани нема да добијат повисоки сметки за вода. На овој став цврсто застанаа и го одбранија  струшките советници на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ПЕИ. Околу предлог одлуката за зголемување на цената на водата два дена во струшкиот совет се одвивала вистинска драма, обвинуваат советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Координаторот на оваа политичка партија Момчило Аврамоски вели дека советниците на седницата се држеле како заложнци без можност да гласаат. „За една точка гласавме дури по десеттина пати, и воопшто не се успеваше да се донесе одлука. Поради немање на доволно гласови за да...

Continue reading

gradinka

Протест во струшката детска градинка „Сонце“

Post Views: 8 11 вработени со договор на дело, во понеделник, својот револт заради непридржување кон договорот, како и поради три неисплатени плати, ќе го искажат со протест. Градоначалникот на Струга во врска овој проблем со свој став. „Тука се работи за вработени кои биле долго време по 7, 10 години, со договор на дело кои ги плаќала градинакта со сопствени средства или со средства од МТСП. Ние помагаме но не можеме во целост да се носиме со тој терет бидејќи во буџетот на општина Струга не е предвидено. Револтот е оправдан, бидејќи тој број во градинката е неопходен за извршување...

Continue reading

Утре ќе се знае официјалниот став на Зоран Ногачески за кандидатурата

Post Views: 13 Информацијата за независна кандидатура на досегашниот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, која денес беше објавена од страна на некои медиуми, официјално не е потврдена. Градоначалникот на Општина Дебрца, за ТВМ вели дека има такви размислувања, но сеуште не е ништо дефинирано. Подетално ќе се знае во текот на утрешниот ден, а ТВМ Телевизија ќе го пренесе официјалниот став.

Continue reading

Коментаторски став за Фејсбук објави

Post Views: 3 Пишува: Жаклина Цветковска Тенденциозен, ироничен и навредлив наслов Ленче Ристова солзи рони за СЈО, денес ни е последен ден од лапањето и рекетирањето бизнисмени е објавен на порталот dokazmakedonija.mk, на 30.06.2020 година, како најава за текст во кој е пренесена изјава на обвинителката Ленче Ристоска, споделена на социјалните мрежи, по повод последниот работен ден на СЈО. Содржината на тестот, е всушност, интегрално пренесена објава на обвинителката Ристоска, а дека е нејзина објава може да се заклучи само од пренесениот статус на почетокот на текстот „Ленче Ристоска...

Continue reading

sdsm-struga

СДСМ под пенџере кај ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 30 Струшките социјал демократи, предлагаат конкретни мерки за стопирање на урбанистичкиот хаос. Тоа го направија пред влезот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Наташа Пинтоска Беќароска, советничката на  СДСМ, деновиве е во прва борбена линија против уништувањето на струшкото крајбрежје. Таа го повика челнството на ВМРО ДПМНЕ да донесат две важни одлуки. „Прво, веднаш да ја напуштат владеачката коалиција која ја имаат со Рамиз Мерко и ДУИ на локално ниво во Струга. Второ, да го повикаат Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во ниту еден случај да не го одобрува...

Continue reading

Мојсовска: Во словенечкиот образовен систем доминира умешноста учениците да го развијат критичкиот став кон она што го учат

Post Views: 0 Делегација од ОУ „Григор Прличев“ гостуваше на меѓународната средба за соработка на неколку училишта која се одржа во Марибор, Словенија. Делегацијата ја предводеше директорката на училиштето Силвија Мојсовска. Средбата во Марибор беше од исклучително значење за нас, вели Мојсовска. Таа нагласи дека имале можност меѓусебно да се запознаат со начинот на работа и образованието во Македонија, Србија и Словенија. Присуствувале на дел од часовите во ОУ „Песница“ а посебен впечаток на нашите претставнци им оставил тоа што учениците во последните минути од часот имале можност...

Continue reading

Donacija

Обид за намалување на загубите на вода од водоводната мрежа

Post Views: 5 „Не знам, колку рационално се користи водата, од Проаква знаат подобро, ние имаме доволни количини на вода, и извори за користење, сеуште не се капирани сите извори кои се доволни за напојување на вода за 200.000 жители“ вели Мерко. Дека ситуацијата со загубата на вода е сериозна, говорат и информациите дека количеството на водите од Беличките извори е намалено за три пати. Со туристичка сезона која е пред нас и најавената година на интензивни суши, останува да видиме, колку општините од ЈПР успешно ќе се справат со проблемот кој е пред нив. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top