Прес без реакции

Неделава две прес конференции останаа без реакција, едната на ВМРО – ДПМНЕ, другата на градоначалникот Александар Петрески. Ретко, но сепак се случува.

 |  Николоска Биљана  | 
ulica
улица

Градоначалникот Александар Петрески не реагираше  на обвинувањата на портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ изнесени во вторникот на прес, во врска лошата локaлана патна инфраструктура. Но само ден подоцна не одолеа на нашето прашање зошто не реагирале од Локалната.

petreski ace„Сигурно дека ВМРО – ДПМНЕ држи секојдневно прес конференции и во нив не се пресметува со нивниот политички противник него стално ме има мене за цел како градоначалник. Јас сум градоначалник на сите, и партиите меѓу себе нека се расправаат а мене да ме остават на мира. Ако тие се без работа, ако тие немаат идеи и ништо не работаат ги разбирам да го трошат своето време на прес конференции јас имам премногу работа да се занимавам со нив“-категоричен Петрески.

Средата пак градоначалникот Петрески, имаше прес за лошите реклами за Охрид, нарачани од Владата на Р. Македонија. Локалците од ОК на ВМРО – ДПМНЕ не излегоа да ги одбранат своите од централната. За да после два дена, повторно на наше прашање, одговори Дејан Паноски од ВМРО – ДПМНЕ.

panoski„Немањето на реакција од страна на Локалната самоуправа веројатно значи признавање на тој проблеми, ние така го толкуваме. Она што ние сме немале реакција на некои изјави на градоначалникот тоа е од една едноставна причина, ние не можеме да стигнеме да реагираме на секоја небулоза и на секој погрешен чекор што го прави градоначалникот. Ќе ни треба во секоја минута да правиме прес конференции за да одговориме на сите пограшни потези што ги прави тој и Локалната самоуправа затоа конципираме пресови кои што ќе одговорат на повеќе прашања“-рече Паноски.

Што се однесува до обвинувањата од вмро-дпмне упатени на адреса на локалната за катастрофалната состојба со улиците во градот, градоначалникот се произнесе со став: градежни зафати за патна инфраструктура во зимскиот период и кога времето е врнежливо не се изведувале. Но од пред три дена одредени улици веќе се крпат, така да Влашка маала и АСНОМ веќе биле закрпени. Во исто време се подготвувале и за целосно асфалтирање на некои улици, каде што е неопходно. Петрески исто така потенцира дека во месец јуни планирано било асфалтирање во Трпејца, Љубаништа, Пештани, Коњско, Елшани и во централното градско подрачје, додека пак во јули август и септември ќе се асфалтира во периферијата.
Покуси останавме за објаснување од локалните вмровци за рекламната кампања на Владата за туризмот, односно каков е нивниот став за рекламните спотови кои ја разбрауваа охридската јавност а кои Градоначалникот побара да бидат отстранети затоа што ги навредуваат охриѓани, туристичките работници и воопшто граѓаните на Македонија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top