Зошто молк?!

Охридските интелектуалци не сакаат  јавно да  коментираат за  добитниците на Св. Климентовата награда.

 |  Валентина Неловска  | 
Sv Kliment Ohridski
Св Климент Охридски

Професори, лекари, новинари, писатели, стопанственици, научни работници, уметници ,  ТВМ ги контактираше за да го чуе гласот на охридските интелектуалци како тие размислуваат за годинешната одлука за доделување на највисоката општинска  награда за допринос за градот, Св Климентовата награда. Она што изненадува, а истовремено и загрижува е што скоро сите одбија нивните размислувања да бидат цитирани со име и презиме. Заедничко за сите нив е што не се партиски експонирани, и  мислат дека највисоката општинска награда од година во година се девалвира. Наградата станува  само  своевиден престиж , без да се предлагаат навистина заслужни луѓе чија кариера и дела имаат вистински допринос за развој и промоција на градот. Останува на тоа само да се  задоволи пустата желба да се добие наградата како своевиден престиж без при тоа и вистински да се заслужи таа, сметаат нашите соговорници. Се додека има можност за самопредагање, или следење на принципот „дај ми – на ти“ ќе се случуваат вакви циркуси како годинешниот, истакнуваат интелектуаците. Некои од нив сметаат дека годинава работата се претерала.
Единствен од контактираните интелектуалци кој се одважи јавно да го каже својот став е д-р Драган Спасески. Одлуката е премногу тешка, историјата да се заложи за политичко пазарење и профитерство“, е кусиот коментар на д-р Спасески.
Некои од контактираните сметаат пак, дека треба да се размислува со своја глава без при тоа да се мешаат политиката и актуелните случувања на Перо Наков бб. Други пак со став дека доколку нема вистински заслужни кандидати за Св. Климентовата награда тогаш и не мора да се доделува секоја година по секоја цена. Не се потребни политички циркуси и потреси како што се случија и лани и годинава сметаат охридските интелктуалци.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top