Ознака: средства

skolo

Проблематичен старт на учебната година во Струга

Post Views: 7 Долговите за транспорт, струја и огрев го доведоа во прашање успешниот почеток на учебната година во струшките училишта. Џеми Хајредини, раководителот на секторот за образование при општина Струга, вели дека станува збор за долгови од 2009 година до денес, долгови кои се акумулирале како резултат на драстичното намалување на наменските средства кои општините ги добиваат од страна на Министерството за образование. „ Им должиме на снабдувачите со нафта големи суми на пари и тие сега преку суд ни ги земаат од сметките на училиштата. Тоа значи дека на неколку основни училишта...

Continue reading

muzej struga

Спомен соба за Незлобински

Post Views: 18 Стружани скромно ќе го одбележат големиот јубилеј, 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. Неговото име е тесно поврзано со почетоците на музејската дејност во Струга, бидејќи тој е човекот кој ги отвора вратите на првата музејска збирка, со што биле поставени основите на музеологијата во Македонија. Финишираат подготовките за одбележување на овој јубилеј, вели директорот на Музејот, Сашо Цветкоски. Тој додава дека единствено Министерството за култура донирало средства за одбележување на овој јубилеј, а со дел од средствата била подготвена спомен собата на Д-р.Никола...

Continue reading

Дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Post Views: 1 Дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7. Ова значи дека наместо до 22 август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година. „Ги информираме сите заинтересирани дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжи рокот за аплицирање за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Рокот за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка...

Continue reading

antiseptik

Антисептичните средства за усна хигиена, штетни за здравјето

Post Views: 3 Точно е дека антисептичните средства за испирање уста ефикасно ги убиваат бактериите, но, во масакрот паѓаат и оние кои ни го чуваат здравјето. Течностите за усна хигиена се катастрофални за здравјето, порачува науката после едно истражување кое сугерира дека нивното користење може да води кон сериозни срцеви заболувња и инфаркти. Опасноста се крие во фактот дека антисептичните течности ги убиваат бактериите во усната флора, вклучувајќи ги и оние добрите. Некои од нив, на пример, помагаат во одржување на еластичноста на крвните садови па нивното елиминирање брзо води...

Continue reading

Пренаменети средства од буџет за мини плоштад и осветлување на болницата Св.Еразмо

Post Views: 2 Од општинскиот буџет ќе се пренаменат пари за уредување на градежно земјиште за периодот 2017 -2019 година. Со тие сртдва се планира да се уреди малиот плоштад на улицата Самоилова, а ќе се осветлува и болничкиот комплекс Св. Еразмо. Советниците од СДМС повторно реагираа на тоа што се носат проекти без писмен извештај. Не се согласуваат со пренасочување на 3 милиони денари за осветлување на болничкиот комплекс кој е проект на Владата и сметаат дека владата треба да го доврши со сопствени средства. За нив приоритет е парите да се употребат за инфраструктурно уредување...

Continue reading

Sednica

Помалку средства за проекти на југозападен регион

Post Views: 1 Управувањето со цврстиот отпад ќе оди со средства на ИПАРД фондовите. Оваа одлука едногласно ја прифатија градоначалниците на југозападниот регион. Со тоа пропаѓа идејата за издавање под концесија на локација за изградба на регионална депонија. Претседателот на Советот на Југозападниот регион Рамиз Мерко вели дека иако не ги добиваат потребните средства од државата тие ќе настојуваат да дадат приоритет на оние општини кои досега воопшто не добиле проект. На денешната седница на југозападниот регион беше претставена и физибилити студијата за собирање, одведување и третман...

Continue reading

Стојаноски: Во Охрид не се мијат улиците а се издвојуваат високи средства од буџетот за таа намена

Post Views: 0 Во општина Охрид не се мијат улиците а се издвојуваат високи средства од буџетот за таа намена. Оваа забелешка доаѓа од советничката група на охридските социјалдемократи, базирајќи се на последниот извештај за реализација на програмата за заштита на животната средина како и извештајот за реализација на програмата за јавна чистота. Координаторот Јован Стојаноски побара докази дека ЈП Охридски Комуналец ги извршува услугите меѓу кои и миење на улиците за што наплатува средства од општината. „На кој начин вие ќе објасните дека сте потрошиле околу 10 милиони денари средства...

Continue reading

Комуналец ги чисти охридските улици од абразивните средства

Post Views: 1 Во изминатиот период екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на отстранување на абразивните средства (сол и песок), кои беа фрлени во големи количини поради ладните температури и врнежите од снег. Ангажирани се сите вработени на “Јавна хигиена” при што се започна со чистење од центарот према периферијата на градот.

Continue reading

sednica struga

Одложен буџетот на општина Струга за 2012 година

Post Views: 0 Доставен буџетот на општина Струга за 2012 год. Тој изнесува околу 13 милиони евра и во споредба со претходната година истиот е повисок за 200 000 евра. Советничката група на ДПА упати сериозни забелешки кон предлагачот, градоначалникот Рамиз Мерко, бидејќи сметаат дека буџетот за 2012 година е идентичен како и претходниот од годинва што изминува. Координаторот на ДПА, Сурија Рушити, побара одговор од градоначалникот на прашањето, на кој начин ќе го реализира буџетот за 2012, кога три години наназад имаме едвај 50%  реализација.Никола Затуроски од ВМРО ДПМНЕ, смета дека...

Continue reading

poteg

Хортикултурно и партерно уредување на потегот пред Пливалиште во Струга

Post Views: 2 „Бидејќи е зима и не можеме да садиме ни трева ни цвеќа во овој период се одлучуваме за зимзелени растенија и изградување на малечки патеки, за да не се оштетува паркот во иднина, а со тек на време би требало тој парк да се надградува односно да биде изведба во процес“ потенцира Петреска. Главната цел на ЛИГ-а и потребата од неа е акционите планови да бидат претставувани пред советот на Општината, Градоначалникот, бизнис секторот и други локални чинители, со цел нивното спроведување да биде буџетирано од јавните средства, спонзорства и донации. Се очекува оваа група...

Continue reading

ucilishte Struga

Струшките основни училишта останаа без нафта за греење

Post Views: 0 Нема пари за нафта. Поради тоа оваа грејна сезона Основните училишта во Струга, сеуште не се обезбедиле со овој дериват. Директорката на О.У. „Јосип Броз Тито“, Ана Столеска, рече дека се чекало да заврши тендерот кој го спроведува Локалната за избор на компанија од која треба да се набави нафтата. Таа очекува најдоцна до понеделник училиштето да се обезбеди со нафта, бидејќи денес ја направиле нарачката. Според извори блиски на ТВМ, за надминување на проблемот се заложил Ѓорги Арсов од државниот просветен инспекторат, кој вчера лично го посетил ова училиште со цел да...

Continue reading

Половина средства од ИПА линијата за социјална заштита не се искористени

Post Views: 2   Голем дел од средствата од ИПА фондовите наменети за социјална заштита не се искористени. Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје, организира обуки за вмрежување на Центрите за социјална работа со невладините организации. Како што појаснува Христијан Петрушев, помлад истражувач во Институтот за демократија, целта е центрите и невладиниот сектор заеднички да аплицираат за проекти, како би се искористиле сите средства од ИПА фондовите кои се неповратни. „Средствата кои што се од оваа линија за социјална заштита би можеле да се искористат во насока на подобрување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top