Ознака: средства

Со средства од ЕУ ќе се гради еко музеј во Дебрца

Post Views: 1 Општина Дебрца започна со реконструкција во ЕКО Музеј – Белчишко Блато „Сини вирој“ на старата зграда – касарна во село Белчишта. Средствата за реализација се озбезбедени од грант во рамките на EU IPA CBC проектот за “Подобрување на заштитата на природните растенија во пограничната област”, со вкупна вредност од 1 милион и 250 илјади, за општина Дебрца се издвоени 241 000 евра. Други партнери од македонска страна се ЈП за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „JAСЕН” и Шумарски факултет – Скопје , а од грчка страна, општината Терми и за Институтот...

Continue reading

Министерството за култура одобри средства за реализација на три проекти за Охридскиот народен театар за годинава

Post Views: 1 „Сопружници“ ,„ Балкански шпион“ и „Изгубени Германци“ се трите театарски проекти за кои Министерството за култура одобрило финансиски средства на Охридскиот театар за оваа година. Станува збор за две комедии „Сопружници“, адаптирана драма од Вуди Ален, во режија на Драгана Танеска ,  „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ во режија на Љупчо Георгиески и политичката драма „Изгубени Германци“ од Дејан Дукоски во режија на Сашо Миленкоски. Аплициравме со 7 проекти , но ни се одобрени овие три, напоменува Горан Симоноски директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“. „...

Continue reading

Охрид подготвен за мразот и снегот, депонирани абразивни средства на повеќе пунктови

Post Views: 8 На повеќе локации депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град“, У.З.„Гоце Делчев“ – бараки, по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и тоа: с.Елшани, с.Долно Коњско, с.Рача, с.Рамне и с.Велестово. Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата...

Continue reading

Охриѓани заинтересирани за користење на средства од ИПАРД Програмата

Post Views: 3 Голем интерес пројавија охриѓани за начинот на аплицирање и користење на средствата од Ипард програмата. Тие се едуцираа на инфо денот кој се одржа во Охрид во организација на Телото за управување со ИПАРД фондовите од ресорното министерство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Главниот фокус беше ставен на мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4. октомври и ќе трае до 18. ноември 2019 година. „Корисници на оваа мерка може да се правни и физички лица. Физичките лица треба да...

Continue reading

Министерството за култура одобри средства за замена на крововите и конзервација на фрескоживописите во три цркви

Post Views: 1 Ќе започнат санации и конзерваторски зафати врз значајно недвижно кулутурно историско наследство во Охрид. Од НУ Завод за заштита на спомениците и музеј прават подготовки за санација на кровни конструкции на неколку цркви како и на заштитени објекти во приватна сопственост во охридското градско јадро и во Струга. Министерството за култура одобри средства за отпочнување на заштита Охрид за три цркви посветени на Света Богородица и тоа Болничка, Челница и Захумска, информира Даниела Недељковиќ , в.д. директор на НУ Завод и Музеј. Прво ќе им се заменува кровот па ќе се...

Continue reading

Општина Охрид издвои средства за стипендирање на талентирани ученици и студенти од градот

Post Views: 35 Општина Охрид повторно издвои средства од буџетот за стипендирање на талентирани ученици и студенти од градот, за учебната 2019/2020 година. Согласно Конкурсот за основци и средношколци за стипендии може да аплицираат талентирани ученициод VII, VIII и IХ одделение од општинските основни училишта, за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VI, VII, VIII и IX одделение (предметна настава), за талентирани ученициод I, II, III и IV година во општинските средни училишта, стипендии за ученици кои живеат во потешки материјални услови, од I, II, III и IV година и...

Continue reading

Зголемено производство и подобар пласман на пазарите имаат компаниите кои добиле средства од ИПАРД програмите

Post Views: 7 Компанијата Билјанови од Струга е мало производствено претпријатие во преработката и конзервирањето на месни производи. Во месниот бизнис имаат долга семејна традиција од 6 генерации. Билјанови, споделуваат позитивно искуство од досегашното искористување на средствата од Ипард фондовите. Препорачуваат и останите домашни компании да аплицираат за да користат средства од ИПАРД програмите. „ Кога почнавме имавме инсталиран капацитет од 2 тони дневно. Со двете инвестиции од ИПАРД се зголеми на 5 тони дневно инсталиран капацитет. И во иднина ќе ги користиме ИПАРД фондовите...

Continue reading

СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ИЗДВОЕНИ СРЕДСТВА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ДОГРАДБА НА КОЛЕКТОРОТ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Post Views: 0 Со ребалансот на Буџетот за 2019 година Владата на Република Северна Македонија ќе издвои, 183 милиони денари за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно потребите за УНЕСКО и природните потреби за заштита на Охридското Езеро. На почетокот на ова лето премиерот Зоран Заев најави реконструкција и доградбата на колекторскиот систем. За таа цел е формирано државното претпријатие „Колектор“. На крајот од годинава треба да започне санацијата на колекторскиот систем во Охрид. Од владата ветија дека ќе се поправат сите пумптни и пречистителни станици, со...

Continue reading

Drim

Се чисти Црн Дрим од ресите-потенцијалната опасност за капачите

Post Views: 7 Се чистат ресите од реката Црн Дрим во Струга. Екипи од ХЕЦ „Глобочица“ деновиве работат на отстранување на овие реси кои поради топлото време и помалиот истек годинава нараснаа повеќе од вообичаено. Не само што прават грда слика на една од најубавите реки во земјава, нараснатите реси претставуваат и потенцијална можност за загадување на водата во Црн Дрим, но и опасност по капачите кои во текот на летните месеци се капат во реката. Директорот на ХЕЦ „Глобочица“, Тони Маркоски вели дека акцијата за чистење на коритото на Дримот од ресите ја спроведуваат години наназад...

Continue reading

logo

Министерството за култура го објави конкурсот за манифестацијата „Град на културата 2015 година“

Post Views: 1 Министерството за култура, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, во 2015 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2015 годинa“. На Конкурсот може да учествуваат градовите во Република Македонија, кои треба да достават програма со препознатлива културна и историска традиција и со презентација на актуелните...

Continue reading

logo

Со средства од ЕБОР ќе се градат патните правци Охрид – Пештани, Требеништа – Струга

Post Views: 2 Бордот на директори на Европска банка за обнова и развој  ѝ одобри на Република Македонија 305 милиони евра за финансирање инфраструктурни проекти, од кои 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта. Предвидена е и изградба на експресен пат од Охрид до Пештани кој ќе се гради над постоечкиот пат со што ќе се избегне гужвата кај плажите покрај Охрид во летниот период. Патот, како што рече, ќе биде со по две ленти во двата правци и излезни патишта кон...

Continue reading

pari

Собранието на РМ го усвои буџетот за 2015

Post Views: 1 Буџетот за 2015 година чии приходи се проектирани на 163.280 милијарди, а расходите на 181.777 милијарди денари е усвоен на 18. седница на Собранието на Република Македонија. Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 проценти од БДП, растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти. За капитални инвестиции предвидени се 21.209 милијарди денари. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со Буџетот ќе се поддржи стопанството и стандардот на граѓаните преку планираните средства за капитални инвестиции и преку зголемувањето на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top