• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Зголемено производство и подобар пласман на пазарите имаат компаниите кои добиле средства од ИПАРД програмите

Зголемено производство и подобар пласман на пазарите имаат компаниите кои добиле средства од ИПАРД програмите

Такво позитивно искуство споделуваат од месната индустрија Билјанови од Струга. Процесот на апликација е долготраен, но дава резултати во  модернизација на производството и достигнување на светските стандарди во производството. Домашните компании се повеќе  ги користат мерките од ИПАРД програмите.

 |  Валентина Неловска  | 

Компанијата Билјанови од Струга е мало производствено претпријатие во преработката и конзервирањето на месни производи. Во месниот бизнис имаат долга семејна традиција од 6 генерации. Билјанови, споделуваат позитивно искуство од досегашното искористување на средствата од Ипард фондовите. Препорачуваат и останите домашни компании да аплицираат за да користат средства од ИПАРД програмите.

Кога почнавме имавме инсталиран капацитет од 2 тони дневно. Со двете инвестиции од ИПАРД се зголеми на 5 тони дневно инсталиран капацитет. И во иднина ќе ги користиме ИПАРД фондовите . Би препорчал да има почесто повици, да се зголемат среддтвата за да може да се развиваме и да се израмниме со земјите од Европа во конкурентноста, вели Славе Билјан.

Зголемено производство и подобар пласман на пазарите имаат компаниите кои добиле средства од ИПАРД програмите. Трајан Димковски, министер за земјоделие, водостопанство и шумарство е задоволен од искористување на инвестициската поддршка од Ипард фондовите. Поддржале инвестиција во модернизација на производствени капацитети на Билјанови со 9 милиони денари.Половина од сумата е од Ипард 2 програмата и 25 посто е од националната програма, информира Димковски.

Од она што го видовме се уверивме дека производството се зголемило за 150 посто од претходното години. Укажува дека се зголемува капацитетот, се подобрува стандардите, имплементација на нова технологија со цел да се зголеми конкуретноста на домашниот пазар “, посочува Димковски.

Позитивните придобивки од користење на средства се почесто ги охрабруваат домашните компании за да се пријават и да аплицираат за користење на мерките од ИПАРД програмите, напоменува и Николче Бабоски директор на Агенцијата за финансирање и поддршка на земјодлеството и руралниот развој.

Во целиот програмски период на Ипард 2 програмата која се имплементира во моментов има склучени 25, 7 милиони евра средства, контактирани ставени на располгање на агросекторот и очекуваме брза реализција. Планот ние до крајот на годината да направиме поврат на 8,7 милиони евра поврат на свежи капитал за стопанствениците да го инвестираат во нивното производство, вели Бабоски.

Никола Бабоски ваквите очекувања ги поткрепува со досегашните резултати.На првиот повик од ИПАРД 2 биле склучени 947 договори. Од нив 874 се веќе реализирани. Средствата се вратени кај 617 апликанти или има поврат на средства од 7,9 милиони евра од кои 25 посто е национално кофинансирање ,а другите се од ИПАРД фондовите, кажува Бабоски. За мерка 3 имавме 1099 апликации . Очекуваме да се склучат 800 договори и да се контрактираат 10 милиони евра. Во мерката 3, инвестиции како оваа кај Билјанови, инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибини производи, имавме 64 апликации, а се склучени 31 договор. Во мерката 1 се 14 договори, а во 2 и 3 се склучени договори во вредност од 37 милиони евра , споделува Бабоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top