Ознака: средствата

obrazovanie sredstva

Средствата за нафта и превоз во училиштата континуирано ќе се зголемуваат поради наследените долгови кон економските оператори

Post Views: 0 Благодарение на поголемиот прилив на средства во општина Охрид, локалната ги зголеми предвидените средства за превоз и нафта во училиштата. Овие дополнителни средства кои се издвоија со последниот ребаланс на буџетот, според секретарот на општината Димитар Спасески се единствено во насока на регулирање на наследените долгови на училиштата кон економските оператори кои ги снабдуваат училиштата со нафта и кои го вршат превозот на учениците. Според опозицијата во градскиот совет пак, ваквото зголемување наговестува дека локалнатата работи недомаќински во делот на трошењето...

Continue reading

Августовска инфлација од 3,8 отсто

Post Views: 3 Цените на мало во август годинава, во споредба со истиот месец лани, бележат раст од 3,8 отсто, а трошоците за живот бележат раст од 3,6 отсто, објави државната статистика. Во август, во однос на јули годинава, цените на мало останале непроменети, а трошоците на животот се намалени за 0,1 процент. Намалувањето на трошоците на животот од 0,1 процент е резултат на пониските индекси на овошјето за 14,6 отсто, зеленчукот за 3,3 отсто и свежото и киселото млеко за 0,2 отсто. Во август годинава намалување на трошоците на живот е забележано и кај ПТТ услугите за 3,7 отсто,...

Continue reading

kredit

Тендерите за проектите финансирани од Светска банка се завршени и во фаза на оценување

Post Views: 9 Проектите на локалната кои ќе се финансираат со кредитот од Светска банка се поблиску до својата реализација. Откако истите ја поминаа фазата на одобрување од страна на оваа реномирана финансиска институција, локалната ги реализираше и тендерот за изградба на инфраструктурните објекти, како и тендерот за набавка на специјалните возила за јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека повеќе економски оператори се јавиле на двата јавни повици. „Роковите за аплицирање се завршени и сега во овој момент и тендерот за набавка...

Continue reading

salon ubavina

Од детска желба, преку проект за самовработување до успешна бизнис приказна

Post Views: 2 Кој рече дека желбите не се исполнуваат. Детската желба и љубов кон шминката и козметиката воопшто, сега е веќе реалност за Даниела Златаноска. Нејзината идеја да отвори свој салон за убавина се реализирала во рамките на активните мерки за самовработување кои Владата ги нуди преку Агенцијата за вработување. Со бизнис планот кој сама  го изработила, Даниела добила 3000 евра или 180.000 денари неповратни средства од Владата и го остварила својот сон. „Самите ние, нашиот бизнис да биде успешен буквално не подготвуваа да бидеме подготвени на се и беше одлична соработката...

Continue reading

crven krst

Хуманитарна акција за посреќно детство

Post Views: 2 Хуманитарен хепенинг пред ЦК „Григор Прличев“. Сите учесници во активностите на големата хуманитарна акција „За посреќно детство“, се приклучија во креативните работилници и натпревари во најразлични спотски дисциплини, шах, пикадо, вртење хулахоп, итн. Претседателот на Црвениот крст Сашо Точков, вели дека од година во година се постигнувала целта, односно поттикнување на хуманоста кај младите, но и кај сите охриѓани, спортскиот дух, натпреварувањето и здравиот живот. „Сто се сите оние спортски дисциплини и културно забавни содржини кој што ги практикуваат младите луѓе,...

Continue reading

opstina ohrid

Закажана 29-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 Утре, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи 29-та седница на советот на општина Охрид. На 29-то издание на седницата на Советот,  советниците ќе се најдат извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, годишните извештаи и предлог програми за работа на образовните установи, предлог одлуката за измена на распоред на средствата во Буџетот на општина ЕЛС Општина Охрид 2014 година, за субвенционирање на трошоци за комунални услуги како и низа предлог одлуки од областа на урбанизмот. {loadposition content9}

Continue reading

crven krst spasiteli

Спасителите од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид со хуман гест

Post Views: 2 „Се решивме на еден хуман чекор, на една хумана постапка, а тоа е да одвоиме една дневница од нашиот ангажман ова лето и да ја донираме за нашиот 11 годишен сограѓанин кој овој август треба да се оперира во Пекинг. Се надевме дека оваа наша хумана постапка ќе ја следат повеќе институции и повеќе индивидуалци во овој град и да му помогнеме на нашиот сограѓанин што побрзо да оздрави.“-вели Марија Ристеска од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид. А хуманите активности за помош на нашиот 11 годишен сограѓанин кој боледува од тешка болест продолжуваат и понатаму....

Continue reading

igracki

Опасни играчки и козметика во продажба

Post Views: 0 Во 92 отсто од 40-тина козметички производи, кај околу 30 детските играчки и во 33 отсто од 20 проверени средствата за хигиена во домаќинствата е регистрирано присуство на штетни хемикалии. Тоа го покажува неколкумесечното истражување за содржината на штетни хемикалии во козметички производи, средства за хигиена во домаќинствата и на детски играчки на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Драгана Угриновска, координатор на проектот „Опасни хемикалии во Македонија“ денеска на прес-конференција информира дека целта на истражувањето е да...

Continue reading

Јагодите, отровно задоволство

Post Views: 5 Целерот, спанаќот, зелената салата, јаболката, јагодите и праските впиваат најмногу отрови од средствата за заштита и полни се со пестициди, потврди новото американско истражување. Како што утврдиле научниците, токму ова овошје и зеленчук најлесно ги впива сите штетни материи од средствата за заштита на билките, а тоа првенствено се однесува на опасните пестициди. Сепак, иако многумина не се ни свесни за тоа, најмногу пестициди се наоѓаат во месото и млечните производи, додека најмалку траги од опасните материи има во тропските овошја како ананасот, мангото и кивито. На...

Continue reading

bakule

Бара неисплатени плати од општината, од таму велат договорот на дело му е спорен

Post Views: 0 Томислав Бакулески, жител на Пештани со обвинувања до локалната самоуправа дека не му исплатила заработени плати за негов ангажман со договор на дело. Бакулески вели дека тој бил ангажиран од страна на поранешната локална самоуправа, за работа во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани во периодот од 1 Ноември 2012 до 10 Јуни 2013та година. Тој појаснува дека половина од средствата му биле исплатени, меѓутоа дека општината му должи уште 23.300 денари за што и ни прикажа извод од аналитичка картичка преку која општината во минатиот состав му исплаќала месечен надомест, но и...

Continue reading

kredit

Општина Охрид аплицира за кредит од Светска Банка

Post Views: 5 Општина Охрид за прв пат поднесе целосно изготвени проекти за добивање кредит од Светска Банка. Кредитот е во висина од 2 милиони евра.  Парите ќе се наменети за асфалтирање на  улици во градот и локалните патишта во руралните населби, изградба на водоводни мрежи и канализација, современи сообраќајни текови, реновирање на  училишта и детски градинки, како и училишни спортски  сали. Ова се само дел од проектите кои Локалната самоуправа ги планира да ги реализира  во 2014 и 2015 година. Од општината се сигурни дека аплицираните проекти ќе им бидат одобрени за да добијат...

Continue reading

traktor

Годинава трактори и приклучна механизација преку ИПАРД програмата

Post Views: 16 Недоволната искористеност на средствата од ИПАРД програмата, благослов за земјоделците. Овој инструмент на Европската унија за претпристапна помош насочен за развој на земјоделството и руралните средини, во земјава стана достапна за нашите земјоделци во 2007та, а завршува токму оваа година. Сепак од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид, велат дека искористеноста на средствата од оваа програма е доста под очекувањата. Токму поради тоа, како дел од ИПАРД програмата, годинава е додадена и набавката на тракторите и приклучната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top