Бара неисплатени плати од општината, од таму велат договорот на дело му е спорен

Со обвинувања до општина Охрид дека не му исплатиле половина од платите за негов ангажман со договор на дело уште во времето на претходната власт. Од локалната пак велат дека неговиот договор е само еден од 160 други договори на дело кои инспекторите на Министерството за труд и социјала ги прогласиле за спорни.

 |  Мишел Наумоски  | 
bakule
бакуле

Томислав Бакулески, жител на Пештани со обвинувања до локалната самоуправа дека не му исплатила заработени плати за негов ангажман со договор на дело. Бакулески вели дека тој бил ангажиран од страна на поранешната локална самоуправа, за работа во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани во периодот од 1 Ноември 2012 до 10 Јуни 2013та година.

Bakuleski dokumentiТој појаснува дека половина од средствата му биле исплатени, меѓутоа дека општината му должи уште 23.300 денари за што и ни прикажа извод од аналитичка картичка преку која општината во минатиот состав му исплаќала месечен надомест, но и извод од неговата трансакциска сметка, на која се гледа и датумот на последната уплата по овој основ.  Бакулески вели дека си ги бара своите заработени пари кои особено му се потребни за скапите терапии и лекови за двете негови деца кои за жал се со посебни потреби бидејќи и на двете  им е дијагностициран аутизам. Дополнително тој има неподмирени долгови поради што останал и без струја. Бакулески потенцира дека од локалната му било ветено дека средствата ќе му бидат исплатени до 17ти овој месец, но засега ништо од тоа. За парите кои според него му ги должи општината, тој неколку пати се обратил и до секретарот на општината и до кабинетот на градоначалникот.

smetka plati„Од 18.03.2013та година, се до ден-денес не ми се исплатени средствата по договорот на дело каде како титулар стои општина Охрид. Од кабинетот на градоначаникот ми рекоа да напишам некаква молба дека мене ми требаат пари за лечење на децата, за да ги избегнат свесно овие средства. Требало да оди на комисија за недела дена, еве помина недела и пол, никаков одговор од комисијата не добив, а знам дека според аналитичката картичка и според вработените во сметководство на општина Охрид е валиден договорот бидејќи се исплаќале средства преку банка.“-вели Томислав Бакулески.

За случајот на Бакулески ги контактиравме и од локалната самоуправа. Од таму ни потврдија дека постои ваков случај и дека во повеќе наврати биле запознаени со неговата состојба.

Нивното објаснување зошто не му се исплаќаат овие средства е дека неговиот договор на дело спаѓа во групата од 160 други договори на дело, склучени од претходната локална кои инспекциските служби на Министерството за труд и социјала ги прогласило за спорни. Од локалната ни одговорија дека инспекторите не пронашле докази дека Бакулески во споменатиот период извршувал работни задачи во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани. Бакулески не се согласува.

opstina Ohrid„Морам да нагласам дека според член 2, вршителот е должен работата да ја извршува, и јас си ги извршував работите како што треба, потврда имам од минатиот директор на ОУ во Пештани. Нарачателот има право да врши надзор-го вршеше нарачателот надзорот. Нарачувачот е должен на вршителот да му исплати месечен надоместок од 7.000 денари на трансакциска сметка во ТТК банка. Нарачувачот може да го раскине договорот доколку извршителот не ги извршува работите. Јас, според потврдава што ја имам, може да се види дека ги извршував моите работи.“-рече Бакулески.

Од локалната сепак потенцираат дека во моментот сите спорни договори на дело се ставени на разгледување и по нив дополнително ќе се одлучува. Од таму информираат дека денес, на предлог на градоначалникот, Комисијата за општествени дејности на денешната седница донела одлука да му одобри еднократен паричен надоместок на Бакулески за лекување на неговите деца.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top