Хуманитарна акција за посреќно детство

Сто активности во еден настан. Платото пред ЦК „Глригор Прличев“ беше местото каде што годинава се одржа хуманитарна акција „За посреќно детство“. Различни спортски дисциплини, културно забавни содржини, крводарителска акција, бесплатен стоматолошки преглед за сите деца, и годинава ги сплоти младите луѓе под еден заеднички именител, хуманоста.

 |  Николоска Биљана  | 
crven krst
црвен крст

crven krstХуманитарен хепенинг пред ЦК „Григор Прличев“. Сите учесници во активностите на големата хуманитарна акција „За посреќно детство“, се приклучија во креативните работилници и натпревари во најразлични спотски дисциплини, шах, пикадо, вртење хулахоп, итн. Претседателот на Црвениот крст Сашо Точков, вели дека од година во година се постигнувала целта, односно поттикнување на хуманоста кај младите, но и кај сите охриѓани, спортскиот дух, натпреварувањето и здравиот живот.

„Сто се сите оние спортски дисциплини и културно забавни содржини кој што ги практикуваат младите луѓе, а едно е младоста и хуманоста кој што ги сплоти сите овие млади луѓе да дојдат и да учествуваат во спортско рекреативната акција „За посреќно детство“, која што тредиционално ја организираме наназад седум години и оваа година со бројни награди и активности кој што се поврзани со  другите институции и секако Локалната Самоуправа која што е покровител на крводарителската акција“ – изјави Точков.

crven krstКруна не денешниот хуманитарен хепенин беше стоматолошката ординација Баткоски, комплексот Св. Ѓоргија, кој што денеска на посебен штанд имаа потполно опремена ординација со стоматолошки стол и вршеа бесплатни прегледи на забите кај дечињата а делеа и подароци. Небојша Баткоски нагласи дека нивото на оралната хигиена се повеќе расте.

„Ова ни е трета година каде што успешно го реализираме овој проект заедно со Црвениот крст. Од година во година сме све по организирани интересот е поголем така да бројот на прегледи ако минатата година имавме 100 прегледи годинава очекуваме над 200 така да ние сме подготвени. Годинава воведовме и еден новитет за секој преглед добиваат извештај за состојбата на забите“ – нагласува Баткоски.

crven krstИ клубот на млади од Црвениот крст со полни раце работа. И пред нив беше исправена голема одговорност, но како што кажа Ангела Спироска, кога е хуманоста во прашање како и целта за која се собираат средствата ништо не е тешко.

„Ова е акција која што ја организираме секоја година, волонтерите во текот на еден месец продаваат талончиња во вредност од 30 денари. Средствата кои ги собираме одат на децата од социјално загрозени семејство и со тие пари им купуваме автобуски карти, училишен прибор, прегледи, односно се она што е наменето за деца бидејќи самата акција го носи името „За посреќно детство“ – веки Спироска.

Извлекувањето на наградите од учесничките броеви ќе биде на 18 октомври, наТВМ Телевизија. Предвидени се над 50 награди, а главната награда е 7 дневно зимување во Златибор. Досега продадени се над 1200 талони.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top