Ознака: средба

CNN признал своја грешка

Post Views: 7 Американската кабловска мрежа CNN објавила на својата интернет страница лажна вест за огромен астероид кој се заканувал да ја уништи Земјата. На страницата iReport, каде се објавуваат вести и статии кои ги праќаат читателите, осамнала вест дека на 35 март 2041 година, астероид би можел да удри на нашата планета. Во текстот е наведено дека астрономите од лабораторијата на  NASA “Jet Propulsion”, во мисијата NEOWISE, со телескоп приметиле астероид со ширина околу 16 километри оддалечен 82 милиони километри од Земјата. Потоа пишува дека тој објект при блиската средба со...

Continue reading

Nikola Gruevski

Груевски и Баросо за македонската евроинтеграциј

Post Views: 1 Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел треба се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пред Европската унија да одлучи за преговорите за членство со Македонија. Премиерот Груевски побара од грчкиот колега Јоргос Папандреу, следната седмица на Европскиот совет да не го блокира одредувањето на датумот кога Македонија би ги започнала преговорите со ЕУ. Истиот апел вчера го упати министерот за надворешни работи Антони Милошоски. Меѓутоа, грчката страна повтори дека без решение на прашањето за името Македонија нема да ги започне...

Continue reading

Dzeljal Bajrami

Средба на министерот Бајрами со преставници на пензионерските здруженија

Post Views: 7 Министерството за труд и социјална политика со пензионерите треба да договорат по кои критериуми пензионерите ќе имаат можност седум дена во годината бесплатно да престојуваат во еден од бањските центри. На средбата треба да учествуваат министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами и преставници на пензионерските здруженија. Мерката опфаќа подмирување на сите трошоци од транспорт, престој до лекарски надзор, а треба да почне да се применува од следната година Премиерот Никола Груевски најави дека оваа мерка освен што ќе им помогне на пензионерите, при што предност...

Continue reading

Metju Nimic i Zoran Jolevski

Средба на Метју Нимиц – Зоран Јолевски

Post Views: 9 Средбата доаѓа по вчерашната, одвоена средба на Нимиц со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Посредникот на ОН во разликите околу името меѓу Република Македонија и Грција Метју Нимиц, вечерва по американско време ќе се сретне со македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски, пренесе Гласот на Америка на македонски јазик, повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата на портпаролот на Светската организација. Во кусото известување се наведува и дека на дневен ред се позициите на македонската влада, како и наредните чекори. Средбата доаѓа по вчерашната, одвоена...

Continue reading

Roj hotel

Бакрачески: Сахарајан Македонија, ќе се гради по сите еко-стандарди

Post Views: 9 „Сахара груп“ сеуште заинтересирана за изградба на големиот туристички комплекс „Сахарајан Македонија“ во Љубаништа. Вака уверуваше градоначалникот Никола Бакрачески. Уште кога прв пат беше најавен, овој голем градежен зафат наиде на остри критики кај дел од екологистите, но и кај граѓаните кои беа загрижени околу ефектот кој би го имал објект врз Охридското езеро. Во таа насока, градоначалникот Бакрачески дециден дека овој туристички комплекс ќе се гради според сите позитивни туристички, градежни и еколошки стандарди. „Околу тој аспект можам да упатам еден смирувачки...

Continue reading

Sredba so zdruzenie na telesni invalidi

Бакрачески ги слушна проблемите на здружението на телесни инвалиди

Post Views: 0   Градоначалникот Никола Бакрачески се сретна со раководството на општинското здружение на телесно инвалидизирани лица Мобилност и дел од нивните членови. На средбата  првиот човек на Охрид се запозна со нивната работа, статут, функционирање , со активностите кои тие ги имаат во текот на годината, како и со основните проблеми со кои се среќаваат во секојдневието. На оваа средба меѓу другото  стана збор и за начинот на кој што локалната и градоначалник може да  им помогне во остварување на нивните програмски активности, меѓутоа и во делот на решавање на тие проблеми ...

Continue reading

preku ezeroto

„Преку езерото“, проект за унапредување на интеркултурниот дијалог

Post Views: 2 Активностите од проектот „Преку езерото“ на Младинскиот совет од Охрид земаат свој облик. Овој проект за изработка на интеркултурна стратегија за општините Охрид и Поградец, денес резултираше со средба помеѓу институциите и организациите кои потенцијално би биле учесници во неговото спроведување. На денешната средба претходеше формирањето на двете работни групи составени од средношколци, и студенти обучени на разни теми корисни за реализацијата на овој проект. „Тие две групи подготвија база, односно листа на потенцијални организации и институции кои ќе бидат вклучени...

Continue reading

mikseta

Се стиска обрачот околу ММИ

Post Views: 6 Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги. „Вчера во Битола...

Continue reading

penzioneri

Средба на пензионерите

Post Views: 1 Предновогодишна средба на охридските пензионери. Тие одржаа седницата,која беше поделена на два дела, работен и свечен. Проф. Маринела Јованоска, претседател ан Собранието на З.П. На Охрид и Дебрца повеќе се осврна на свечениот дел од седницата, поточно за главниот повод за нејзиното одржување. „Поводот беше повеќе да се собереме денеска како еден свечен чин, бидејќи нашиот претседател ја доби Повелбата Св. Климент Охридски – Патронот на градот“-вели Јовановиќ. Првите луѓе на Здружението на пензионери годинава воведоа новина во работењето. Имено претседателите на органите...

Continue reading

lions

Лајонистите и матичните лекари од Охрид во борба против дијабетесот

Post Views: 3 Лајонс клубот Охрид од Охрид,  во соработка со матичните лекари започна со спроведување на проектот за превенција и борба против дијабетесот. Оваа благородна акција доаѓа во месецот на дијабет кој се одбележува во светски рамки.  На првата координативна средба помеѓу дел на членството на НВО Лајонс Охрид и општите лекари од Охрид, претседателот на клубот Михајло Арнаудов  упати јасна порака, активно вклучување на докторите од примарната медицина за рано откривање на дијабетот кај пациентите, што пак би помогнало во утврдување на реалната бројка на дијабетичари во општинава....

Continue reading

nov

Пратеникот Николоски го посети охридскиот Сојуз на борци

Post Views: 2 Пратеникот Александар Николоски со преставници од политичката партија на Вмро Дпмне го посетија Сојузот на борци на Охрид и Дебрца.  Средбата беше по повод вчерашниот Ден на востанието , 11-ти Октомври. Пратеникот Николоски оствари средба со претседателот на Сојузот на борци, Гоце Георгиески на која разгледаа неколку иницијативи кои треба да се реализираат воиднина за зачувување на спомен облежјата во Охрид и Дебрца. Николоски по средбата кажа дека доколку не беше НОВ немаше да постои  Република Макеоднија. Сакав како пратеник и преставник од градот да им одадам едно...

Continue reading

konsultacii vmro

Консултативна средба на ВМРО- ДПМНЕ

Post Views: 3 Консултативни средби помеѓу охридските советници и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Оваа средба е во насока да се зацврсти добро проверената пракса, координирано делување на локално и централно ниво околу бранењето на интересите на Охрид, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој додава дека интересот на Охрид е сериозно нарушен од узурпираното мнозинство во Советот бидејќи одлуките кои се носат во Советот не се во интерес на граѓаните туку се бранат личните интереси на поединци. „Тие одлуки допрва штетно ќе се чуствуваат во Охрид. Ние сакаме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top