Бакрачески ги слушна проблемите на здружението на телесни инвалиди

Членовите на здружението на телесни инвалиди „Мобилност“му ги кажаа своите проблеми на градоначалникот, Никола Бакрачески.

 |  Маленкова Татјана  | 
Sredba so zdruzenie na telesni invalidi
средба со здружение на телесни инвалиди

 

Градоначалникот Никола Бакрачески се сретна со раководството на општинското здружение на телесно инвалидизирани лица Мобилност и дел од нивните членови. На средбата  првиот човек на Охрид се запозна со нивната работа, статут, функционирање , со активностите кои тие ги имаат во текот на годината, како и со основните проблеми со кои се среќаваат во секојдневието. На оваа средба меѓу другото  стана збор и за начинот на кој што локалната и градоначалник може да  им помогне во остварување на нивните програмски активности, меѓутоа и во делот на решавање на тие проблеми  со кои секојдневно се среќаваат. Една од проблематиките  на која посебно се обрана внимание беше тоа да локалната самоуправа во надлежност на своите овластувања може да им наложи на сите физички лица и правни субјекти и луѓе кои градат објекти дека согласно позитивните законски прописи имаат обврска да градат пристапни рампи за инвалидизирани лица и лица со телесни недостатоци.

„Во таа насока јас како градоначалник давам ветување дека при изготвување на технички решенија за Sredba so zdruzenie na telesni invalidiградба, но и при техничкиот прием на објектите обавезно ќе инсистирам кај оние институции од локалната самоуправа надлежни да го прават тоа да бараат од инвеститорите  или во потпишување на техничкиот прием обавесно да се води сметка за реализација на овие пристапни рампи.  И тоа нема да има компромиси во иднина сите кои ќе градат објекти да имаат обврска фа ги градат проистапните рампи за инвалидизирани лица“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Од Мобилност, видно задоволни од Првичната средба со градоначалникот, како и неговата желба за решавање на проблемите кои реално постојат. Тие од првиот човек на Охрид побараа заедно решавање на истите и покрај тоа што како што кажаа дека се свесни дека истите неможе и  нема да се решат одеднаш.

Sredba so zdruzenie na telesni invalidi„Мене ми е мило ние да ја воспоставиме споната, врската помеѓу Мобилност – Охрид и Општина Охрид и ветена ни е срдечна помош од сите аспекти. Наше е само да работиме да направиме програми и да побараме. Средбава беше успешна и голема благодарност“, истакна Венко Голабоски,претседател на општинско здружение Мобилност.

На денешната средба стана збор и за правата на инвалидизираните лица во поглед на вработувањата во јавната администрација. Ставот на членството на Мобилност по однос на ова прашање е дека овие лица се среќаваат со интелектуална бариера  и дека вратите на овие институции за нив не се отворени. Ова го поткрепија со фактот што од нивното сдружение ниту едно лице не е вработено во јавна адрминистрација и дека кога и да се јават на конкурс секогаш се одбивани со што се чувствуваат дискриминирани. На прашањето дали општина Охрид ќе смогне сили да вработи барем некој од членовите на Мобилност, Бакрачески со став дека на драго срце би го направил тоа, но додаде дека во моментов бо локалната администрација во Општина Охрид има екстремно нерационална превработеност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top