Груевски и Баросо за македонската евроинтеграциј

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел треба се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пред Европската унија да одлучи за преговорите за членство со Македонија.

Nikola Gruevski
Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел треба се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пред Европската унија да одлучи за преговорите за членство со Македонија.

Jose Manuel BarossoПремиерот Груевски побара од грчкиот колега Јоргос Папандреу, следната седмица на Европскиот совет да не го блокира одредувањето на датумот кога Македонија би ги започнала преговорите со ЕУ. Истиот апел вчера го упати министерот за надворешни работи Антони Милошоски.

Меѓутоа, грчката страна повтори дека без решение на прашањето за името Македонија нема да ги започне преговорите. Атина веќе го блокираше приемот на Македонија во НАТО.

Засега е неизвесно каква ќе биде одлуката на Европскиот совет на 7-ми декември за иднината на македонската евроинтеграција. Високи претставници на ЕУ во последно време се обидуваат да посредуваат во надминување на спорот за името.

Груевски мината седмица упати писмо до шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ и побара Македонија да добие датум за почеток на преговорите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top