Ознака: сектор

Форум средба на граѓанскиот сектор со советници во Владата

Post Views: 6 Во изминативе години груевизмот создаде јако граѓанско општество, без силен граѓански сектор немаше да падне Никола Груески , истакна Бранимир Јовановиќ советник за финансии и поранешен активист од граѓанскиот сектор, на денешниот форум со претставници од граѓанскиот сектор што се одржа во организација на Цивика мобилитас. За преминот од граѓанскиот сектор во новата влада покрај Јовановиќ лични искуства споделија и Санела Шкријељ и Трајан Димковски, поранешни граѓански активисти, а сега дел од новата влада во министерствата земјоделие и труд и социјална политика. Јовановиќ...

Continue reading

Стратегија и акциски план за реформи во правосудниот сектор

Post Views: 2 Реформите во правосудниот систем се најзначајната област за која Македонија во изминатиов период трпеше критики од меѓународната и домашната јавност. Стратегијата и акцискиот план за реформи во правосудниот сектор која беше презентирана денес во Охрид, нивното донесување и нивната имплементација ќе значат огромен чекор напред во приближувањето на владеењето на правото во РМ со развиените западни демократии па со тоа ќе биде совладана уште една препрека на патот кон евроатланските интеграции на нашата земја. Страгегијата за 2017 -2021 година предвидува и ефикасност и...

Continue reading

Adora

Адора Инженеринг со вредни награди за купувачите на стан

Post Views: 6 Под слоганот 100 % МАКЕДОНСКА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, Адора Инженеринг на препознатлив штанд се претставува на 4-тиот Меѓународен саем на недвижности и инвестиции RealExpo 2014, кој беше отворен денес на скопскиот саем во рамките на 11-тиот Саем за градежништво. Саемот го отвори заменик претседателот на владата на Република Македонија и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, а најпосетен беше штандот на Адора Инженеринг. Сите купувачи на стан на саемот со останатите купувачи во текот на годинава, влегуваат во наградната игра за добивање на најнов модел автомобил ПОЛО,...

Continue reading

romi

Дипломата креира лидери, учи медицина

Post Views: 0 „Дипломата креира лидери, учи медицина.“ Ова е мотото под кое веќе трета година, се промовира Програмата за доделувањње медицински стипендии за роми. Анита Абазоска е една од заинтересираните средношколки, кои својата професионална иднина ја гледаат во сферата на медицината. „Медицината ја одбрав, бидејќи од секогаш сум имала желба и знам дека можам да станам едно од тие медицински лица, желбата ми беше огоромна и успеав во тоа и сакам да продолжам, а оваа програма  за стипендија ќе ми помогне во тоа и многу сум задоволона ако се случи тоа“ вели Абазоска. Програмата...

Continue reading

pazar

Струга-Бејрут

Post Views: 34 Грда слика на струшкиот пазар. Насекаде расфрлан отпад, хаос од возила, се продава и се нуди се и сешто, се гради плански и неплански, насекаде се шири непријатна реа од скапаниот пазарски отпад, и на се тоа нема кој да воведе ред. Купувачите, па и пазарџиите, веќе подолго време се соочуваат со овој проблем и нередот кој што владее тука, упатија критика до надлежните. И невладиниот сектор од Струга има забелешки за струшкото пазариште. Велат дека се секојдневно ги слушаат бројни забелешки од граѓаните. Нивната констатација е дека Струга е на прво место по неред и нехигиена...

Continue reading

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена

Post Views: 6 Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија. Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на проценката на Комисијата дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот...

Continue reading

piloti

Кои се најпрофитабилните професии во Македонија?

Post Views: 6 ИКТ профил, правник, банкар и пилот остануваат најпрофитабилните професии во државата. Изминатата година во овие сектори се исплатени највисоките плати, додека кожарската и текстилната индустрија остануваат најниско платени. Во поглед на висината на платата и активноста на пазарот на трудот и понатаму доминантни се мажите во однос на жените.Последните податоци со кои располага Државниот завод за статистика покажуваат дека висината на личниот приход во октомври во секторот правни и сметководствени дејности достигнал 41.476 денари што е за 20.229 денари повеќе од просечно...

Continue reading

pari

Од 2014-та К-15 и за вработените во приватниот сектор

Post Views: 6 Синдикалците и работодавачите договорија исплата на регрес за годишен одмор или популарно познат како K-15 за работниците во стопанството. Минималниот износ што работодавачите од наредната година ќе мораат да им го исплатат на над 300.000 работници од приватниот сектор ќе изнесува минимум 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци. Тоа би значело дека со просечна плата од околу 21.000 денари, минимумот што работодавачите би требало да го исплатат би изнесувал околу 8.400 денари или 137 евра. Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата...

Continue reading

Struga nevladini

Струга заложник на еден човек

Post Views: 0 Цел град заложник на насилието на еден човек. Вака претставниците на дел од струшкиот невладин сектор го окарактеризира последниот инцидент кој минатата недела се случи во Струга, каде беше инволвирана поголема група на учесници во вооружена престрелка. Помалку зачудувачки од нивна страна е тоа што сите тие како главен виновник за нарушувањето на јавниот ред и мир го посочија Александар Верушески, при тоа неиспуштајќи да ја вмешаат и политиката во целиот настан. Драгица Павлеска Попеска, од НВО Езерка вели дека крајно време е органите на прогонот  да заземат вистински...

Continue reading

Владата денес треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор

Post Views: 4 Владата, според најавите, денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат  буџетски средства директно во енергетските компании. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе и се предложи  на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот. Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот...

Continue reading

Недела неработен ден дополнителен удар врз туристичкиот сектор

Post Views: 5 Воведувањето недела неработен ден ќе биде уште еден удар врз туристичкиот сектор, како најпогоден во пандемијата. Хотелско–угостителскиот сектор е на работ на преживување, а плаќањето на двојно поголеми дневници за вработените во недела, исплатата на К15 и најавите за зголемување на минималната плата ќе стават клуч на врата на голем број компании, велат од ХОТАМ. Се земаат кредити за да се плаќаат тековните трошоци, вработените се на 70% плата, а помош од државата сеуште нема. Не може фирма што прави загуби и која има голем број вработени да ги исплатува...

Continue reading

На ФТУ Охрид се одржува Меѓународната конференција за услужен сектор

Post Views: 10   Охрид домаќин на 13 тата Меѓународната конференција за услужен сектор. Два дена во студенскиот амфитеатар на ФТУ, туристички експерти од 13 држави од 3 континенти отпочна со презентација на 47 трудови од областа на туризмот. Деканот на факултетот Цветко Андрески нагласи дека на конференција свое пленарно предавање ќе имаат истакнати професори меѓу кои, проф. Пјетро Берители изработувачот на стратегијата за развој на туризмот во Охрид, како и проф. Патришија Бон која доаѓа од државниот универзитет од Флорида САД. „Едниот предавач е од областа на туризмот другиот предавач...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top