Недела неработен ден дополнителен удар врз туристичкиот сектор

Хотелско–угостителскиот сектор е на работ на преживување. Плаќањето на двојно поголеми дневници за вработените во недела, исплатата на К15 и најавите за зголемување на минималната плата ќе стават клуч на врата на голем број компании во туризмот, велат од ХОТАМ.

 |   | 

Воведувањето недела неработен ден ќе биде уште еден удар врз туристичкиот сектор, како најпогоден во пандемијата. Хотелско–угостителскиот сектор е на работ на преживување, а плаќањето на двојно поголеми дневници за вработените во недела, исплатата на К15 и најавите за зголемување на минималната плата ќе стават клуч на врата на голем број компании, велат од ХОТАМ.

Се земаат кредити за да се плаќаат тековните трошоци, вработените се на 70% плата, а помош од државата сеуште нема.

Не може фирма што прави загуби и која има голем број вработени да ги исплатува сите овие трошоци. Многу работи ни се на товар на бродот и мислам дека бродот веќе не може да носи повеќе. Итно ни треба разгледување и помош во овој сектор – вели Крсте Блажески, претседател на хотелската асоцијација ХОТАМ.

За католички Божик и новогодишните празници на брегот на Охридското езеро пред пандемијата имаше голем број туристи, денес сликата е сосема поинаква.

Овие денови сме биле преполни, но оваа година нема да ги имаме грчките гости. За Нова година некои резервации кои ги имавме половина се откажаа остануваме на некој минимум 20 до 30% од минатите години. Со вакви резервации дефинитивно е загуба – вели Блажески.

Според ХОТАМ за мерките недела неработен ден и зголемување на минималната плата треба да се размислува кога стопанството е во подем, а не во тешка финансиска криза во каква се наоѓа поради пандемијата.

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top