Ознака: секојдневно

Бројот на лица заболени од дијабетес во Охридско-Струшкиот регион секојдневно расте

Post Views: 4 Од здруженијата на дијабетичари апелираат за набавка на најнови типови на инсулин и најсовремени апарати за мерење на шекерот во крвта, со цел да се намалат последиците по здравјето на пациентите со дијабетес. Од Министерството за здравство велат дека сите видови инсулин, кои влегуваат во Република Македонија се контролираат во лаборатории и секој инсулин има соодветен лот и сериски број и во случај на сомнеж за неговиот квалитет се прави супер анализа во странска лабораторија.  Меѓу пациентите има и деца.Само пред една година од охридскиот центар за дијабетес информираа...

Continue reading

grobishta

Се намалува животниот век на македонците

Post Views: 1 Животниот век во Македонија драстично се намалува. Само за пример во тетовско секојдневно се објавуваат некролози на починати лица, најчесто во третата или четвртата деценија од животот. Од градските православни гробишта тврдат дека е зголемена бројката на погреби но, загрижува податокот дека голем дел од нив, не ја надживеале нути средната доба од животот. Семејствата на упокоените помлади лица, велат дека смртта настапила ненадејно или по добиен мозочен удар или од проблеми со крвниот притисок. Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека општите податоци говорат...

Continue reading

Како анализите на квалитетот на водата да се достапни секојдневно до граѓаните?

Post Views: 6 Од Центарот за јавно здравје посочуваат која е нивна должност при објавување на резулатите од испитуваната вода во градскиот водовод. Во лабораторите на центарот се прават секојдневни физичко-хемиски и микорбиолошки анализи. Светската процедура на објавување на резултатите налага тие да се објават само доколку се откријат отстапувања од законски пропишаните стандарди и нормативи за квалитетот на водата за пиење, нагласува Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Водата не е наш производ за ние да го рекламираме туку регираме само ако таа не е безбедна за граѓаните, вели Точков. „Ние...

Continue reading

Бројот на грипозни во Охрид секојдневно расте

Post Views: 1 Расте бројот на заболените од грип и во Охрид. Пикот на грипот вообичаено започнува пред Нова година, информираат од одделението за инфективни болести. Од таму засега немаат број колку лица се лекуваат од грип, а не е изолиран ни типот на вирус кој циркулира. Издаден им е налог за земање на  брисеви кои се дaваат на испитување во Центарот за јавно здравје кој треба да го изолира типот на вирус кој напаѓа. Во Македoнија пак преку системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми. Комисијата за...

Continue reading

lazgo

Луѓето што лажат живеат пократко

Post Views: 6   Научниците од Универзитетот од Нотр Дам трвдат дека искрените луѓе живеат подолго и се склони на помалку болести одколку оние кои секојдневно лажат. Секој од нас излажал за нешто барем неколку пати во животот.Сите знаеме дека е неопходно во некои ситуации да се излаже за да не настане некој голем проблем.Но секојдневното лажење нека не биде ваш составен дел од животот. Таканаречените “бели лаги” иако се чинат безначајни, сепак преобличувањето на вистината всушност може да му штети на физичкото и менталното здравје.Утвредно е дека после секоја кажана лага...

Continue reading

dupka

„Меркови дупки“

Post Views: 17 Дупките во Струга добија свое име, „Меркови дупки“ . Кај да се свртиш дупка до дупка, скоро и да нема улица во градот од која не зјаат длабоки дупки. Од ваквата состојба најпогодени се возачите кои ги искршија своите моторни возила. На стружани преку глава им е од неодговорниот пристап на општината кон локалните патишта. Велат, дека кога плаќаат за регистрација на возилото, добар дел од сумата е наменет за патиштата, а за возврат точно од овој аспект нивните возила секојдневно трпат последици и оштетувања.Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во краток телефонски разговор...

Continue reading

Љубица Дојчиноска секојдневно се бори со животот

Post Views: 7   82 годишната Љубица Дојчиноска долги години живее сама во својата семејна куќа во Варош. Секој нов ден за неа е нова борба бидејќи нема кој да и помогне да ги заврши секојдневните работи. Тетка Љубица едвај се движи поради оштетувањето на зглобовите на нозете.  Двапати неделно доаѓа жена која и пазари, готви и чисти, но тоа е премалку за оваа осамена старица. Јас неможам ништо да направам сама. Ниту да зготвам нешто ниту пак да работам во куќава. Од вратава подалеку не излегувам. Понекогаш доаѓаат комшиите да ме посетат и ќе ми донесат нешто за јадење. На пример многу...

Continue reading

pazar

Охриѓани свесни за квалитетот на храната која ја конзумираат

Post Views: 0 Цревните инфекции, салмонелозата, инфекциите предизвикани од E.coli бележат тренд на пораст во државава. Од Институтот за јавно здравје велат дека тоа се должи на неодамна воведената законска обврска за пријавување на случаите. Во текот на 2014 година за прв пат имавме и епидемија на листериоза, предизвикана со контаминирана храна, која беше проследена со висока стапка на смртност од 50%. Граѓаните од друга страна секојдневно се  бомбардирани со кампањи кои препорачуваат здрава храна. Се обидовме да дознаеме како  охриѓани размислуваат за квалитетот на храната која...

Continue reading

Ќе се пренуркува Охридското езеро

Post Views: 5 Ќе се пренуркува Охридското езеро. Со тоа конечно ќе се реализира идејата стара 15-тина години. Нуркачите од клубот Амфора деновиве ги прават последните подготовки за овој сериозен проек. Станува збор за подводни активности во Охридското Езеро што ќе се реализираат на длабочина од пет до 15 метри и во должина 80 километри и 322 метри, вели меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид, Милутин Секулоски. Целта не ни е само да го пренуркаме Охридското Езеро, туку со таквото пренуркување да фотографираме, снимаме под вода и да позиционираме одредени пронајдени работи под...

Continue reading

автобуски постојки

Граѓаните бараат да се воведе и трета градска линија

Post Views: 8 Воведувањето на двете градски линии полн погодок. Иако голем дел од граѓаните беа скептични дека ќе профункционираат бидејќи претходно имаше неколку неуспешни обиди за да се воспостават, времето покажа дека навистина се голем бенефит особено за жителите од населбите кои се наоѓаат на периферијата од градов. Голем дел од нив четири месеци од кога сообраќа градскиот превоз речиси секојдневно се возат со него. Едната линија започнува од населбата „Гоце Делчев“ – бараки, населба Видобишта – Стобекс преку 7 ми ноември се вози до пресекот на бул. „Туристичка“ и...

Continue reading

gorivo

Совети како да заштедите гориво

Post Views: 7 Во време кога цената на нафтата секојдневно расте, сите возачи се соочуваат со ист проблем- за иста сума пари на бензинска пумпа точи се помалку гориво, а со тоа минува се помалку километри. Поради тоа неизбежна тема за која размислуваат сите возачи е како да вози најоптимално, односно, да минува што е можно повеќе километри со помалку гориво. За да ви ја олесниме маката ќе ви помогнеме со неколку совети за тоа: 1. Ако сакате на заштедите гориво потрудете се да возите под ограничувањето. Наместо 120 км/ч на автопат возете 100 км/ч, наместо 80 км/ч ограничете ја брзината...

Continue reading

kabast

Почитувајте ги акциите за подигање на кабаст и зелен отпад

Post Views: 2 Од Охридски Комуналец велат дека како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид и приградските населби, секојдневно се соочуваме со проблемот на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад. И покрај дефинираниот работен календар за 2014 год. со кои се предвидени акции за подигање кабаст и зелен отпад по сите урбани заедници во пролетниот и есенскиот период, несовесни граѓани секојдневно депонираат зелен и кабаст отпад на јавни површини. Апелираме граѓаните да се придржуваат до календарот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top