Ознака: сакаат

volonter

Охриѓани најмногу донираат финансиски средства и храна

Post Views: 4 Иако според Светскиот индекс на донирање, Македонија многу ниско котира, тоа дефинитивно не е случај со Охрид. Доказ за тоа е успешно спроведената Недела на солидарноста, од страна на младите волонтери од Општинската организација на црвениот Крст од Охрид. Марија и Ангела се само мал дел од триесеттината волонтери од Клубот на млади при О.О. на Црвениот крст  од  Охрид, кои ја спроведуваат Неделата на солидарноста. Обележени со обележја на Црвениот крст  и наоружани со промотивни материјали, добра воља и голема желба да помогнат кога е најпотребно, тие од врата до врата...

Continue reading

кукли

Јагнешко печење и етно сувенири за Велигден

Post Views: 94 Неколку илјади странски и домашни гости го дочекаа Велигден и продолжениот викенд во Охрид. Иако беа очекувани околу 6000 гости, врнежливото време го преполови нивниот број, велат туристичките менаџери. Сепак, во Охрид допатуваа гости од соседните земји Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Турција, а во помал број имаше и посетители од западноевропските земји. Најбројни беа домашните гости, и тоа оние што во градот поседуваат свои викенд станови и куќи за одмор. Врнежливото време, не дозволи гостите да уживаат во прошетките со брод по езерото, но затоа не изостанаа...

Continue reading

cveka

Охрид град на цвеќето

Post Views: 7 Трендафилите се враќаат во Охрид. Дел од граѓаните на Охрид, навраќајќи се во спомените, велат дека трендафилите како препознатлив декор на градов од минатото многу им недостасуваат. Разнобојните садници од ова цвеќе редовно се наоѓале на фотографиите на охриѓани и бројните туристи. Трендафилите посебно беа карактеристични за паркот околу споменикот на Св Наум. Одговорниот на паркови и зеленило во ЈП „Охридски Комуналец“, Трајан Љаткоски, кажа дека ќе има обновување со садници на трендафили но на други парковски површини. Тој смета дека сегашниот изглед на паркот кај...

Continue reading

divi svinji

Странците сакаат да ловат на охридските терени ама птици

Post Views: 21 На охридските ловни терени странците сакаат да ловат ама ситен дивеч, велат од Здружението на ловци од Охрид. Тие се и концесионери на  5 -те ловни терени, со кои ќе стопанисуваат во наредните 10 години со терените за ситен дивеч и 20 години со ловиштата за крупен дивеч. Ловците велат дека засега интересот на странците е насочен исклучиво за лов на фазани и еребици. Во престојниот период има најави за лов на ловците од Италија, Албанија и од Грција. Засега, интерес за крупниот дивеч посебно за дивата свиња нема,  вели ловникот од Здружението на ловци Охрид, Зоран Целакоски.„За...

Continue reading

juzmeski

Јузмески – најдобар промотор на Македонија за 2011 год

Post Views: 9 Љупчо Јузмески еден од четворицата лауреати на наградата “Најдобар промотор на Македонија”за 2011. Покрај него ова високо признание го добија уште и Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, човекот кој освои најголем број на гласови од јавното гласање кое се спроведе на социјалната мрежа facebook, а траеше четири месеци. Јузмески  восхитен и радосен упати благодарност кон сите кои гласале за него како и на честа што токму тој беше избран од facebook пријателите...

Continue reading

natprevar kulinarstvo

Заокружен проектот „Млади таленти – практиканти“

Post Views: 6 Овој училишен проект е дело на ООУ „Ванчо Питошески“, во соработка со хотелите „Дрим“, „Белведере“, „Дипломат“ и „Милениум“. Денес во рамките на одбележувањето на 50 годишниот роденден на училиштето, белег на проектот му даде натпреварот на учениците во повеќе дисциплини од работата во хотелско угостителските капацитети. Директорот на училиштето Секула Баткоски ја потенцира важноста на овој настан, како и целта која сакаат да ја постигнат преку реализација на проектот. Децата го дадоа својот максимум за реализација на проектот „Млади таленти – практиканти“, вели нивниот...

Continue reading

„Алиса во земјата на чудата“ на „Охридско лето“

Post Views: 4 Театарска претстава работена по едно од најголемите и напримамливите дела напишани за деца, вечерва на репертоарот на „Охридско лето.“ Режисерот на претставата Александар Ивановски, на кој ова му е втора соработка со актерката екипа од Театарот за деца и младинци, вели дека задоволство му било повторно да соработува со екипата на еден од најорганизираните театри во земјата. „Она што посебно не интересираше нас како екипа да го отвориме беше тој простор на сонот. Таа логика на движењето на нарацијата на ниво на асоцијација, во суштина  без некаква линеарност класична,...

Continue reading

seminar

Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право

Post Views: 0 Некои сметаат дека нашата реалност  е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност. Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, која го отвори 44-то издание на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура истакна дека „Можеби еден од најзначајните делови на целокупното културно наследство на еден народ, претставува неговиот јазик. Тој е компонента која го детерминира потеклото на народот, неговото минато и неговиот идентитет, без него, идентификацијата во светски...

Continue reading

novinarstvo

Пишувај гласно, зборувј моќно

Post Views: 2 Мотивација и желба за студирање. Ова е еден од условите кој треба да го исполнат студентите кои сакаат да се запишат на високата школа за новинарство и односи со јавноста. Сеуште тече конкурсот за упис на студенти на оваа школа за 2011-2012 година. Вкупно 80 студенти можат да се запишат на високата школа за новинарство, а со тоа да го искористат и правото на прв професионален ангажман уште за време на студиите, вели Александра Теменугова, раководителот на наставна програма.„Кандидатитетреба да имаат завршрно 4 години средно образовоание кое што треба да го потврдат....

Continue reading

Pasko Kuzman i Aleksandar nikolovski

СДСМ И ВМРО-НП е контрапродуктивна коалиција велат од ДПМНЕ

Post Views: 22 Љубчо Георгиевски припаѓа на минатото вели директорот на дирекцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, негов некогашен верен следбеник и подржувач. Кандидатот за пратеник пак од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вели соработката помеѓу ВМРО Народна и СДСМ е контрапродуктивна за Охрид. Тој додаде дека Владата на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ припаѓаат на групата луѓе кои што сакаат да создаваат, а не да разурнуваат. „Во овој период имаме една јасна диференцијација помеѓу луѓето кои што сакаат да работат и за жал или за среќа на едната страна имаме...

Continue reading

Има или не Охрид, доволна музејска понуда?

Post Views: 8 Туристите кои доаѓаат во Охрид, не остануваат рамнодушни на неговата убавина, ама  најчесто се одлучуваат да ги посетат само локалитетите каде што не се наплаќа за разгледи. Така, туристите најчесто ги посетуваат  Античкиот театар, Св. Богородица Привлепта, Плаошник. Музејските работници се жалат дека туристите поминуваат покрај нив и ги одминуваат иако за посета се наплаќа само 100 денари. Туристичките водичи се согласуваат со ова ама велат дека за таквата состојба тие не се виновни. Работиме според програма на туристичките агенции кои пак не ги ставаат Музите во програмите...

Continue reading

Vodici

Во с. Свињишта финишираат подготовките за Водици

Post Views: 5 Селото Свињишта се подготвува за прославување на празникот Богојавление – Водици. „Подготовките се во тек. Иницијативниот одбор и здружението „Богојавление“ секојдневно работат за прославата на празникот и фрлањето на крстот во Свињишка Река да помине во најдобар ред“, велат организаторите на манифестацијата. Прославата Водици во Свињишта ги собира сите. И оние кои живеат во Охрид или во другите градови, но и оние кои пред години ја напуштиле родната Македонија. „Тие велат кај и да си за Божик и Водици дома да си“. Членовите на здружението „Богојавление“ од Свињишта,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top