„Алиса во земјата на чудата“ на „Охридско лето“

Најискрената публика, децата вечер во предворјето на Св.Софија ќе може да уживаат во изведбата на делото на Луис Керол, од страна на Тетарот за деца и младинци, а  во режија на Александар Ивановски.

 |  Крсте Голабовски  | 

Театарска претстава работена по едно од најголемите и напримамливите дела напишани за деца, вечерва на репертоарот на „Охридско лето.“ Режисерот на претставата Александар Ивановски, на кој ова му е втора соработка со актерката екипа од Театарот за деца и младинци, вели дека задоволство му било повторно да соработува со екипата на еден од најорганизираните театри во земјата.

„Она што посебно не интересираше нас како екипа да го отвориме беше тој простор на сонот. Таа логика на движењето на нарацијата на ниво на асоцијација, во суштина  без некаква линеарност класична, туку некаква структура која се базира на асоцијација, на сон на инстинкт, на фантазија имагинација итн“ вели Ивановски.

Режисерот Ивановски додаде дека со нетрпение ја очекува вечерашната изведба, особено поради просторот на предворјето од Света Софија, кој како што самиот вели дека некои негови аспекти вечерва ќе се отворат преку претставата и обратно. Што се однесува до публиката на која актерите вечерва треба да и се додворат, е онаа најискрената и можеби најсуровата, а тоа се децата. Актерката Винета Дамчевска, која иако зад себе има доста премиери во театарот за деца и младинци, вели дека за да се работи за деца првенствено треба да се има желба.

„ Убаво е тоа што имаш крајности. или те сакаат децата или не те сакаат. И одиме во тоа, ликовите во крајност. добро и лошо. Така да е убаво и прекрасно.“, додава Дамчевска.
Во претставата учествуваат Марија Ѓоргиовска во насловната улога како и Предраг Павловски, Тања Кочовска, Катерина Илиевска, Винета Дамчевска, Петар Стојкович и други. Костимите и сценографија за претставата се на Елена Дончева, а музиката на Љупчо Мирковски, додека драматизацијата е на Васил Пујовски. Драган Довлев, директорот на Тетарот за деца и младинци најави дека во тек се проговорите за нивно гостување на сцената на новоформираниот Охридски професионален театар. Претставата „Алиса во земјата на чудата“ на Театарот на деца и младинци од Скопје, вечерва, во 21 часот, ќе биде изведена во предворјето на црквата „Св. Софија“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top