Post Views: 12
Околу илјада лица се собраа во центарот на Владивосток на протестен митинг против резултатите од изборите за рускиот Парламент. Демонстрантите повикуваа да се прогласат за неважечки резултатите од изборите за Државната дума, како и од гласањето за локалните органи на власта. Протестот мина мирно, а тој беше обезбедуван од околу 20 полицајци.Во градот Перм во Сибир, полицијата уапси 15 демонстранти, а уште 30 се приведени во градот Хабаровск во рускиот Далечен исток. Тие се уапсени под обвинение за учество во демонстрации, за кои не е издадена дозвола.
Во Москва протестите...
Post Views: 3
Турскиот полицаец кој го уби рускиот амбасадор во Анкара, во изминатите месеци осум пати го обезбедувал турскиот претседател Ердоган, пишува весникот „Хуриет“.
Мевлут Мерт Алтинташ од јули годинава бил дел од обезбедувањето на турскиот претседател на осум јавни настапи на Реџеп Таип Ердоган, пишува денеска турскиот весник „Хуриет“. Притоа, 22-годишниот турски полицаец бил дел од втората алка на обезбедување, што значи веднаш зад личните телохранители на Ердоган.
Алтинташ во понеделникот, на отворањето на една изложба во Анкара, го застрела рускиот амбасадор во Турција,...
Post Views: 14
Путин редовно ја тепал и изневерувал својата сопруга, пишува во документи на Германската тајна служба од времето кога тој бил агент на КГБ, пренесе “Дејли телеграф”.До овие информации на Германската тајна служба сосема случајно дошол Ерик Шмит Енбум, експерт за разнување, кој досега објавил повеќе книги за работата на службата во текот на 80-те години на минатиот век.
Тоа го открила неименувана Русинка, двоен агент, која Германците ја пратиле да “глуми” преведувач на сопругата на Путин, Људмила. Шпионката со кодирано име “Балкон”, кое го добила поради нејзините големи...
Post Views: 7
Руската нуклеарна подморница е оштетена откако во неа се судриле пијани руски рибари. Инцидентот се случил во морето кај Камчатка пред два дена, но дури сега се дознало.
Рибарскиот број со кој управувале пијани морнари пробал да избегне судар со друг брод, но притоа се удрил во подморницата. За среќа, нема настрадани.
Истрагата покажала дека сите морнари на рускиот брод биле под дејство на алкохол.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Новинарите од „Комсомолска правда” ги најдоа во Либија петте Срби, кои ги затворија либиските бунтовници под обвинение дека се платени снајперисти.
Рускиот весник наведува дека во затвор се Зоран Николиќ и Недељко Милановиќ од Лазаревац, Милорад Јуниќ од Лозница, Милич Мартиновиќ од Аранѓеловац и Војислав Никифоровиќ од Белград, кои кажале дека бунтовниците се однесуваат коректно со нив и дека не ги тепаат.
На заробениците им е кажано дека наскоро ќе бидат префрлени во Зинтан, а потоа и дома доколку сė биде во ред. Руските новинари до заробените Срби стигнале откако...
Post Views: 8
Различни композитори и различни музички стилови на едно пијано донесоа вчеравечер рускиот пијанист Илја Максимов и неговата партнерка Јулија Коќубан од Полска на фестивалот „Охридско лето“.Програмата на руско-полското Дуо пијано ја опфати „Сонатата за четирирачно пијано“ од Моцарт, „Малата свита“ од Дебиси, а ја изведоа и композицијата „Шест пиеси“ од Рахмањинов.
Максимов-Коќубан се првпат во Охрид и на фестивалот „Охридско лето“ и како што велат, иако прочитале за убавините со кои ќе се сретнат, сепак откако дошле, виделе дека градот е уште поубав кога ќе се посети.
-Ова...
Post Views: 1
Кинезот Хао Јинџи потрошил седум месеци и 90.000 евра за изработка на копија на рускиот тенк Т62.
Тенкот, што го изградил во неговата куќа, е исфарбан во маскирни бои, има реалистична цевка за истрелување проектили и дебели гасеници, а може да се движи со брзина од 16 километри на час. Неговата цевка, сепак, не истрелува приектили, туку мешавина од етан и кислород.
-Огнената моќ на овој тенк не е опасна за луѓето. Тој е направен само за забава, рече Хао.
Хао води компанија за производство на туристички возови. Тој сега се надева дека овие тенкови во иднина ќе бидат профитабилни....
Post Views: 4
Рускиот премиер Владимир Путин се нурна во водите Таманскиот залив на крајбрежјето на Црното море во чија близина се наоѓа археолошкото наоѓалиште на местото на старогрчкиот град Фанагорија, по што пронашол две делумно скршени стари амфори кои датираат од шестиот век од нашата ера.
Фанагорија е најголемото античко наоѓалиште на територијата на Русија. Градот е основа во петтиот век од нашата ера. Во текот на десеттиот век жителите го напуштаат од непознати причини. Од вкупната површина од 65 хектари, една третина е под вода, па затоа ова наоѓалиште се нарекува “Руска...
Post Views: 5
Рускиот премиер Владимир Путин ги обвини Соединетите Американски Држави дека живеат над своите можности како паразити на глобалната економија и рекол дека доминацијата на доларот претставува закана за финансиските пазари.
“Тие живеат над своите можности и префрлаат тежина од своите проблеми на светската економија“, им рекол вчера Путин на група млади луќе од Кремљ, додека го обиколкувал нивниот летен камп северно од Москва.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Тајландските власти ја прекинаа истрагата против рускиот диригент Михаил Плетњев, кој беше приведен под сомнение дека силувал дете. Против музичарот кој го отвори годинашното Охридско лето, не беа покренати обвиненија.
“Господинот Плетњев постојано ги отфрлаше обвинувањата, но целосно соработуваше со тајландските власти. Од почетокот на јули, тој неколку пати се враќаше на Тајланд за да го покаже своето присуство, како што му наложи Окружниот суд”, стои во известувањето на Руската национална опера, чиј основач е Плетњев.
Диригентот беше уапсен во одморалиштето...
Post Views: 8
Објавите на Викиликс на тајните документи на американската влада, открија интересен начин на кој САД ги опишуваат водачите на земјите во светот.
Така, италијанскиот премиер Силвио Берлускони е опишан дека има “блиска врска“ со рускиот колега, која ги мачи САД. Берлускони и Путин се пријатели веќе пет години, честопати се состануваат и се гостуваат на празници. САД ги мачело договорот на италијанската енергетска компанија ЕНИ и рускиот “Газпром“, за јужниот гасовод. Се потенцира “мекиот“ став на Берлускони кон Русија за време на воениот конфликт со Грузија. Италијанскиот...
Post Views: 0
Рускиот премиер Владимир Путин кој гради стил на мачо политичар покажувајќи борби со тигри и фалејќи се со својот црн појас во џудо, при завчерашната посета на Украина изгледаше како да му треба ладна облога за окото.
Главна вест во Руските медиуми е Путиновата модринката на окото. Украинските, Руските и новинарите од западните земји се прашуваат како дошло до неа. Новинарите велат дека Путин никогаш немал навика да се шминка пред јавен настап, а во Украина осамна со тешка пудра на окото под која се назираше модринка. Дали Рускиот премир имал фејслифтинг или лошо поминал...