Му ги наместија

Рускиот премиер Владимир Путин се нурна во водите Таманскиот залив на крајбрежјето на Црното море во чија близина се наоѓа археолошкото наоѓалиште на местото на старогрчкиот град Фанагорија, по што пронашол две делумно скршени стари амфори кои датираат од шестиот век од нашата ера.

 |   | 
putin
Путин

Рускиот премиер Владимир Путин се нурна во водите Таманскиот залив на крајбрежјето на Црното море во чија близина се наоѓа археолошкото наоѓалиште на местото на старогрчкиот град Фанагорија, по што пронашол две делумно скршени стари амфори кои датираат од шестиот век од нашата ера.
putin

Фанагорија е најголемото античко наоѓалиште на територијата на Русија. Градот е основа во петтиот век од нашата ера. Во текот на десеттиот век жителите го напуштаат од непознати причини. Од вкупната површина од 65 хектари, една третина е под вода, па затоа ова наоѓалиште се нарекува “Руска Атлантида“.

Светските медиуми сметаат дека овој пронајдок на Путин е “случаен“ бидејќи ги пронашол двете амфори од шестиот век на длабочина од само два метри, што е популистички трик за претстојните избори во 2012 година.

Според неговите зборови, старите садови  ги пронашол на длабочина од два метри бидејќи видливоста на водата била добра.

Путин најавил дека ова наоѓалиште ќе прерасне во федерален музеј.

putinРускиот премиер навел дека она што го видел на крајбрежјето и на дното од морето му оставил голем впечаток, а дека овој обид му е второ искуство по она во 2009 година кога се спуштил на дното на Бајкалското езеро.

Путин на шега побарал еден од садовите да ги понесе во својот дом бидејќи ќе му “биле потребни во домаќинството“.

Следната шега на Путин се однесувала на тоа дали во праисториските амфори можеби има “скриено вино“, на што студентите по археологија му одговориле негативно.

Тој е препознатлив по својот мачо стил, а покрај нуркањето, пукал во тигар со пушка за спасување, пуштал леопард во национален парк, фрлал со харпун, пробал и возење со авион “миг“ и болид, а има и црн појас во џудо.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top