Ознака: рускиот

Нова закана од страна на Русија

Post Views: 2 Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, рекол дека на било какви нови санкции ќе се одговори “асиметрично”, можеби и со забрана на прелети на авиони над руското небо, ако нејзините западни партнери продолжат со “искушенијата да користат сила во меѓународните односи”. Во интервју за дневниот весник Ведемости, Медведев рекол: “Ако бидат воведени санкции поврзани со енергетскиот сектор, или понатамошни рестрикции кон рускиот финансиски сектор, ќе мораме да одговориме асиметрично”. Европската унија договорила нови стопански санкции кон Русија кои би требало да стапат на сила...

Continue reading

Вчерашната изјава на претседателот на Русија е загрижувачка

Post Views: 3 Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера на еден собир на млади луѓе, одржан на брегот на езеро надалеку од Москва, потсетил дека Русија има нуклеарно оружје и би било подобро да не се подигруваат со Русија. Тој им порачал на младите дека неодамнешната анексија на Крим била клучна за да се спаси тамошното население кое зборува руски јазик од насилието на украинската влада. Додал дека борбите на истокот на Украина се резултат на украинското противење за преговори, јавува Reuters. Западот ја обвинува Русија за праќањето војници и вооружување на сепаратистите за продолжување...

Continue reading

Оваа зима Европа ќе се смрзнува?

Post Views: 6 Украинскиот премиер, Арсениј Јацењук изјавил дека Киев знае дека Русија планира да го запре доставувањето на гас кон Европа за време на престојната зима, а оваа изјава дополнително ќе го зајакне конфликтот помеѓу Москва и Западот. Русија го запре доставувањето на гас кон Украина во јуни поради несогласувањето околу цената, но продолжи да доставува кон својот најголем пазар – Европа. “Состојбата во украинскиот енергетски сектор е тешка. Знаеме за руските планови за блокирање на транзитот на гас дури и кон земјите на Европската унија за време на престоечката зима”, рекол...

Continue reading

Podolsk

Општина Охрид ќе се збратимува со рускиот Подољск

Post Views: 0 Соработката помеѓу двата града потекнува уште од 2004та година, но активностите за збратимување се интензивирале за време на големиот христијански празник Водици кога делегација од Подољск го посети Охрид и ја проследи манифестацијата „Богојавление-Водици“. Од локалната го потенцираат економскиот потенцијал на оваа соработка. „Од тука можат да произлезат најразлични форми на соработка, помеѓу Охрид и Подољск и она што е за нас најзначајно и најважно е тоа што Охрид на некој начин се доближува до руските граѓани и се разбира бенефитите треба да ги очекуваме во смисла...

Continue reading

Македонско овошје и зеленчук на руските пазари

Post Views: 3 Долго критикуваниот извоз на македонските земјоделски производи се чини конечно го наоѓа својот пазар. Продорот на македонското овошје и зеленчук на Рускиот пазар, овозможува сигурен пласман на овие исклучително квалитетни производи на огромниот руски пазар. Имено во моментот, Руската федерација го привршува процесот на приклучување кон Светската трговска организација што значи автоматско олеснување во меѓусебната трговска размена помеѓу нашите земји. Се чини дека на рускиот пазар свој пласман ќе пронајде и нашето македонско вино, но како готов производ, а не во наливна...

Continue reading

Lavrov i Gruevski

Нема отворени прашања помеѓу Македонија и Русија

Post Views: 0 Отворено ново поглавје во руско – македонските односи. Посетата на Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на Охрид, уште една потврда дека и онака добрите економско –политички односи, се продлабочуваат. Првиот човек на македонското министерство за надворешни работи Антонио Милошоски, за денешната посета на високиот руски дипломат, рече дека има и современ и историски симболизам бидејќе се случува на денот кога се одбележува јубилеј, 150 годишнина од првото руско дипломатско присуство на територијата на Р. Македонија. Милошоски рускиот колега...

Continue reading

Grigor Prlicev

Недела на рускиот филм во Охрид

Post Views: 0 Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 19 до 23 септември ќе се прикажуваат филмови од руска продукција, во рамки на манифестацијата Недела на руски филмови. Организатори на манифестацијата се Министерство за култура на Руската Федерација, Министерство за култура на Македонија, Амбасада на Руската Федерација во Македонија, Филмскиот фонд на Македонија, Рускиот културно-информативен центар, Кинотека на Македонија и Студио „Фест-филм“. Освен во Охрид, Недела на руските филмови ќе се одржи и во Скопје и во Битола. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top