Нема отворени прашања помеѓу Македонија и Русија

Првиот човек за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во Охрид.

 |  Билјана Николоска  | 
Lavrov i Gruevski
Лавров и Груевски

Miloshoski i LavrovОтворено ново поглавје во руско – македонските односи. Посетата на Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на Охрид, уште една потврда дека и онака добрите економско –политички односи, се продлабочуваат. Првиот човек на македонското министерство за надворешни работи Антонио Милошоски, за денешната посета на високиот руски дипломат, рече дека има и современ и историски симболизам бидејќе се случува на денот кога се одбележува јубилеј, 150 годишнина од првото руско дипломатско присуство на територијата на Р. Македонија. Милошоски рускиот колега комплетно го запознал со сликата во земјава на економско политички план. Воедно беше потпишан и планот на двете министерства за надворешни работи за редовни консултации во 2011-2012 год. Милошоски потенцира дека заеднички интерс и на Руската федерација и на Македонија е стабилен развој на Југоисточна Европа на рамноправна основа, почит и усогласеност во однос на соработката во меѓународните организации.

Рускиот министер Лавров, импресиониран од Охрид. Тој рече дека земјите мора да ја искористат историската поврзаност, бидејќи според него во Охрид секој камен мириса на историја. Лавров потенцира оти Милошоски детално раскажал за текот на нивните преговори, само што додаде дел од неговиот став околу тоа.

Лавров истакна дека меѓу Македонија и Русија не постојат отворени прашања, и го поздрави меѓувладиниот потег на делумното ослободување на граѓаните од визниот режим.

Lavrov i GruevskiПродолжува надградбата на билатералната соработка меѓу Македонија и Русија. Министрите најавија дека при крај е планот за договор за соработка на културно поле. Тоа би значело отварање Руски културен центар во нашата престолнина, како и отварање на макдонски културен центар во Москва. Во рамките на својата еднодневна посета на Охрид, Лавров се сретна и оствари разговор и со претседателот на државава Ѓорге Иванов како и со премиерот Никола Груевски. Лавров посети и неколку културно историски знаменитости на градот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top