Општина Охрид ќе се збратимува со рускиот Подољск

Советот на општина Охрид изгласа одлука за збратимување со рускиот град Подољск.

 |  Мишел Наумоски  | 
Podolsk
Подољск

zbratimuvanje PodolskСоработката помеѓу двата града потекнува уште од 2004та година, но активностите за збратимување се интензивирале за време на големиот христијански празник Водици кога делегација од Подољск го посети Охрид и ја проследи манифестацијата „Богојавление-Водици“. Од локалната го потенцираат економскиот потенцијал на оваа соработка.

„Од тука можат да произлезат најразлични форми на соработка, помеѓу Охрид и Подољск и она што е за нас најзначајно и најважно е тоа што Охрид на некој начин се доближува до руските граѓани и се разбира бенефитите треба да ги очекуваме во смисла на зголемување на бројот на руски туристи кои доаѓаат во Охрид, тоа да биде поорганизирано, во поголем број, што за нас е многу значајно.“-рече портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top