Ознака: регион

Niko Nestor

Училиштата во охридско-струшкиот регион започнаа со настава

Post Views: 4 На часовите не дојдоа само оние ученици кои не биле информирани оти денес се започнува со настава. Сеуште неизвесно, на кој начин струшките средношколци  ќе ги надополнат изгубените часови. По десетдневникот штрајк денес  во  сите училишта во охридско-струшкиот регион, се оджува  настава. Учениците седнаа во училишните клупи и наставата се одвиваше вообичаено. Раководителот на одделението за образвование при општина Струга, Џејми Хајредини, не информира дека денес 90% од учениците беа на училиште, останатиот дел биле отсутни бидејќи како што рече тој не биле информирани...

Continue reading

196 возила со техничка неисправност вршеле јавен превоз во охридско-струшкиот регион

Post Views: 3 Вкупно 196 возила со техничка неисправност вршеле јавен превоз на патници во охридско-струшкиот регион. Во просек при контролите годинава полицијата затекнувала по две неисправи возила дневно. Од нив 11 биле автобуси, а останатите комбиња и автомобили, кои превезувале патници. Најчесто неисправни им биле сопирачките, по што веднаш се исклучени од сообраќајот, а против сопствениците се поднесени соодветни пријави. Исправноста на возилата за јавен превоз е клучна за да не се случуваат страотни сообраќајни несреќи во кои згаснуваат животите на голем број граѓани.  Апелирам...

Continue reading

Расте бројот на заболени од карцином на дојка во Југозападниот регион во земјава

Post Views: 0 Расте бројот на заболени од карцином  на дојка во Југозападниот регион во земјава. Во здравствениот дом во  Вевчани, цели 18 години се вршат ехо прегледи  и мамографија на дојки. Освен вевчанки, стружанки, охриѓанки,  дебранки,кичевчанки и  ресенчанки   доаѓаат и жени од други градови од земјава, но  и од соседна Албанија.Единствениот радиолог во оваа установа, д-р Жарко Даскалоски, прегледува и по 2.700 жени годишно. Само во 2019 откриени се 44 карциноми во регионот, а во пандемијата во 2020 година 35. „Свеста од година во година расте и тоа мене ме радува како лекар...

Continue reading

Јавна расправа за Интегриран систем за управување со цврст отпад за Југозападен плански регион

Post Views: 5 Утре во Општинска сала во охрид со почеток во 10 часот ќе се одржи Јавна расправа за „Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад за Југозападен плански регион: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа. Цел на јавната расправа ќе биде конструктивна дискусија за влијанијата на Интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето...

Continue reading

Комората за фотографска и видео дејност ги слушна проблемите на колегите од југозападниот регион

Post Views: 2 Новоформираната стопанска комора за фотографска и видео дејност одржа состанок со колегите од југозападниот регион. Миле Спасов, претседател на комората, кажа дека на средбата со колегите која се одржа синоќа во Струга, сакале да ги слушнат проблемите, но да се понудат и решенија како да се дејствува во претстојниот период. Во Македонија од осамостојувањето до денес не била формирана комора која ќе ги штити и подобрува условите за работа на фотографска и видео дејност, нагласува Спасов. „Комората треба да е на некој начин медијатор меѓу чинителите на фотографска и видео...

Continue reading

seizmograf

Серија земјотреси во валандовскиот регион

Post Views: 8 Серија земјотреси со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала синоќа и утринава се регистрирани во валандовскиот регион. Утрово во 8 часот и 33 минути е регистриран земјотрес со интензитет од три степени кој е почувствуван во Валандово и Богданци. Претходно во 7 часот и 25 минути и 6 часот и 48 минути се регистрирани уште два земјотреса со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала кои се почувствувани во Валандово. Серијата земјотреси почна синоќа во 23 часот и 26 минути кога е регистриран земјотрес со интензитет...

Continue reading

Гир: ЕУ ја дели загриженоста на УНЕСКО за заштитата на Охридскиот регион

Post Views: 1 Денеска сум во Охрид за како ЕУ да ја дадеме подршката и да ја нагласиме  важноста на заштитата на статусот на исклучителна универзална вредност доделен на Охридскиот регион од страна на УНЕСКО, кажа евроамбасадорот Дејвид Гир по работната средба со Градоначалникот Константин Георгиески. ЕУ ја споделува загриженоста на УНЕСКО кои укажуваат на ризикот Охридскиот регион да се најде на листата на светско наследство во опасност и го разбираме огромниот јавен интерес за заштитата на природното и културното наследство на регионот, изјави Гир. „Заштитата на природното и културното...

Continue reading

Владата да ја вклучи јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

Post Views: 0 Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ бара вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО. Триесет и една (31) граѓански организации и високообразовни институции денеска поднесоа дописи до премиерот Зоран Заев, министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, претседателот на Комисијата за управување со светското...

Continue reading

УНЕСКО: Државата, Југозападниот плански регион и Охрид имаат рок од три години да го решат проблемот со дивите депонии

Post Views: 6 Во последниот Нацрт извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата и Југозападниот плански регион мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково, Мауцкер, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни во регионов, а просторот соодветно да го исчистат и опплеменат. Според претходниот извештај депонијата во Буково требаше да биде затворена до крајот на 2020 година и повеќе на та таа локација да не се одлага отпад, но во најновиот, оваа препорака треба да се исполни...

Continue reading

Нацрт извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион

Post Views: 2 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев одржа координативен состанок со заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец, на кој се анализираа наодите во нацрт извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион. На почетокот...

Continue reading

Барџиева Трајковска: Мора да има одговорност за девастирањето на Охридскиот регион

Post Views: 1 Состојбата на терен со природното и културното наследство на Охридскиот регион е далеку полоша од она што е нотирано во извештајот на реактивната мисија на УНЕСКО, вели Донка Барџиева Трајковска- универзитетски професор и претседателка на Центарот за заштита на културното наследство. Универзалните вредности на Охридскиот регион се девастираат 30 години и за тоа некој мора да понесе одговорност, децидна е Барџиева. „ Вината е разгранета на повеќе институции и нивоа, меѓутоа пред се на владата. Извештајот е адресиран до државата потписничка која се обврзала со конвенција. ...

Continue reading

Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион

Post Views: 6 Донесени се соодветни заклучоци и задолженија за Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за заштита на животната средина и за просторно планирање за непречено имплементирање на одредбите од Планот. Владата ѝ укажува на Управата за заштита на културното наследство и на Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, до донесувањето на новите детални-урбанистички планови за Охридскиот регион кои ќе бидат усогласени со Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top