• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Комората за фотографска и видео дејност ги слушна проблемите на колегите од југозападниот регион

Комората за фотографска и видео дејност ги слушна проблемите на колегите од југозападниот регион

Новоформираната стопанска комора ќе ги подобрува состојбите во оваа дејност. Покрај економските проблеми предизвикани од пандемијата во фелата се детектирани и голема поделеност и нелојaлна конкуренција. 

 |  Валентина Неловска  | 

Новоформираната стопанска комора за фотографска и видео дејност одржа состанок со колегите од југозападниот регион. Миле Спасов, претседател на комората, кажа дека на средбата со колегите која се одржа синоќа во Струга, сакале да ги слушнат проблемите, но да се понудат и решенија како да се дејствува во претстојниот период. Во Македонија од осамостојувањето до денес не била формирана комора која ќе ги штити и подобрува условите за работа на фотографска и видео дејност, нагласува Спасов.

„Комората треба да е на некој начин медијатор меѓу чинителите на фотографска и видео дејност и да направиме обединување, но и да продолжиме со заедничките интереси и цели од кои сите како фела ќе имаме бенефит. Кај нас има изразена нелојална конкуренција и работење зад грб и сакаме да ги обединиме колегите“. 

Евент индустријата, меѓу кои се фотографската и видео дејноста, беа најзасегнати од економската криза која ја наметна пандемијата, вели Спасов. За излез од тешката економска ситуација ќе бараат од државата да бидат опфатени во 5от сет економски мерки за помош на овој сектор.

„Континуирана финанансиска помош за исплата на плати да бидат опфатени отпуштените вработени и да се вратат на работа. Субвенционирањето на платата да е до завршување на пандемијата. Пристап до неповратни гранатови и користење на бескаматни кредити“

Покрај проблемите предизвикани од моменталната состојба со корона кризата во оваа индустрија има и други проблеми како што се различните бизнис интереси и нелојалната конкуренција. Комората ќе побара од државата да се направат законски измени кои ќе овозможат издавање лиценци за фото и видео дејноста со што би се ставило ред во фелата и ќе се спречи нелојалната конкуренција.
Според податоците од Комората за фотографска и видео дејност во Охрид и Струга во моментов има по 25 правни субјекти кои се регистрирани во оваа дејност, во Дебар 3 и во Кичево 4.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top