Гир: ЕУ ја дели загриженоста на УНЕСКО за заштитата на Охридскиот регион

Европската унија одблиску ги следи случувањата во врска со статусот на Охридскиот регион како заштитено светско наследство и ја споделува загриженоста на УНЕСКО за истиот. Природното и културното наследство имаат универзална вредност за сите нас како поединци, заедници, општества, но и за пошироките организации. Токму тоа наследство треба да се сочува со цел да биде подостапно за идните генерации, истакна денеска до Охрид авроамбасадорот Дејвид Гир.  Тој денеска во рамки на  првата работна посета на Охрид  имаше средба со градоначалникот Константин Георгиески, со граѓански здруженија а го разгледа и стариот дел на градот.

 |   | 

Денеска сум во Охрид за како ЕУ да ја дадеме подршката и да ја нагласиме  важноста на заштитата на статусот на исклучителна универзална вредност доделен на Охридскиот регион од страна на УНЕСКО, кажа евроамбасадорот Дејвид Гир по работната средба со Градоначалникот Константин Георгиески. ЕУ ја споделува загриженоста на УНЕСКО кои укажуваат на ризикот Охридскиот регион да се најде на листата на светско наследство во опасност и го разбираме огромниот јавен интерес за заштитата на природното и културното наследство на регионот, изјави Гир.

„Заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион бара силна владина посветеност за имплементација на препораките, поголема координација помеѓу надлежните министерства и другите институции , сето тоа бара ангажман на национално и локално ниво со соодветна буџетска поддршка.
Мисијата за заштита на регионот треба да биде поддржана од сите политички партии тоа треба да биде национален потфат и стремеж што ќе ги обедини сите чинители во општеството на централно и локално ниво, тоа треба да биде партнерство помеѓу властите, граѓанските здруженија, локалните заедници и локалните бизниси. – изјави амбасадорот на ЕУ во РСМ , Дејвид Гир.

За губење на статусот на Охрид не станува збор , изјави градоначалникот Георгиески. Што се однесува до ставање на листата на загрозени подрачја , одговарајќи на новинарски прашања,   посочи дека таа листа од година во година се зголемува затоа што УНЕСКО ги заострува критериумите во цел свет. Георгиески кажа дека Општина Охрид ги испратила до Влада забелешките на драфт верзијата на извештајот од реактивната мисија од УНЕСКО од 2020 год и додаде дека сега е воспоставена една постојана  комуникација со советодавните тела на УНЕСКО за разлика од минатото.

„ Ставањето на Охрид на листата на загрозено светско наследство воопшто не е таква трагедија како што е претставена во јавноста. Доколку се случи такво нешто ние треба да ги дуплираме нашите напори и како локална самоуправа и како држава, да направиме план сите препораки во пократок рок да ги имплементираме. “ – изјави Георгиески.

Покрај Нацрт Извештајот од УНЕСКО тема на разговор биле состојбите во општината ,  раздолжувањето како и  можностите  за помош од ЕУ за проктите за ревитализацијата на колекторскиот систем. Првата работна  посета на евроамбасадорот на Охрид вклучи и средби и разговори со претставници на граѓански здруженија за загрозениот УНЕСКО статус  како и разгледување на стариот дел на градот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top