• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Владата да ја вклучи јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

Владата да ја вклучи јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

Ова е барање на 30тина граѓански организации и високо образовни институции обединети во Алијансата Разбистри се. Денеска тие испратија дописи до премиерот Зоран Заев и надлежните министерства и институции потсетувајќи ги на законската обврска документите да се стават на увид на јавноста.

 |   | 

Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ бара вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО. Триесет и една (31) граѓански организации и високообразовни институции денеска поднесоа дописи до премиерот Зоран Заев, министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, претседателот на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион Зоран Павлов, директорот на Управата за животна средина Џезми Салиу и до директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов.

Граѓански организации и високообразовни институции од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ бараат вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО.

Триесет и една (31) граѓански организации и високообразовни институции денеска поднесоа дописи до премиерот Зоран Заев, министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, претседателот на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион Зоран Павлов, директорот на Управата за животна средина Џезми Салиу и до директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов.

Во дописите бараат јавен увид и спроведување на консултации со јавноста при изработката на Нацрт-извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и спроведувањето на препораките од УНЕСКО, кој го подготвуваат македонските владини институции.

„Вклучувањето на јавноста во информирањето на Центарот за светско наследство при УНЕСКО е особено важно заради исклучително ранливата состојба во која се наоѓа Охридскиот Регион и за понатамошните активности за зачувување на најголемото природно и културно богатство“

Според Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и Архуската конвенција, владините институции се должни да го стават Нацрт-извештајот на увид на јавноста, да побараат мислење од научнообразовни установи и стручни организации во рок од најмалку 30 дена и во конечниот текст на извештајот соодветно да ги вградат добиените мислења од спроведениот јавен увид. Оттука, од Алијансата „Разбистри сѐ“ очекуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура да го објават Нацрт–извештајот на своите интернет страници, да ги информираат граѓаните и стручната јавност каде и до кога може да доставуваат коментари, како и да ги вградат добиените мислења во финалната верзија на Извештајот.“ – – вели Дејан Андонов, координатор на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“

Од Алијансата „Разбистри сѐ“ исто така бараат Министерството за култура веднаш да го објави Нацрт-извештајот за Охридскиот Регион од 2020 година изготвен од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО. Според Архуската конвенција, Владата е обврзана да им овозможи на граѓаните пристап до информациите поврзани со животната средина и природата бидејќи светското наследство на Охридскиот Регион им припаѓа на сите.

Алијансата за застапување и лобирање е предводена од Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри се“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top