Ознака: Рамиз

protest

Родителите од струшко Подгорци, протестираат

Post Views: 10 „Градоначалнику децата наши не се за на пазар“, „Додека тече Црн Дрим во Струга, во Подгорци ќе живеат албанци и албанизмот“, „Министре во Подгорци има гнездо од орли 30 000 години пред ова да се случи“. Ова се само дел од  паролите од денешниот протес, кој го организираа родителите на децата од Подгорци ученици во О.У. „Гоце Делчев“, поради укинување на албанските паралелки.  Како што стои во дел од  изјавата на родителите,  тие по секоја цена ќе го бараат законски уртврденото право нивните деца да учат на мајчин јазик. Воедно тие не ја прифаќаат одлуката на ресорното...

Continue reading

sdsm-struga

СДСМ под пенџере кај ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 30 Струшките социјал демократи, предлагаат конкретни мерки за стопирање на урбанистичкиот хаос. Тоа го направија пред влезот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Наташа Пинтоска Беќароска, советничката на  СДСМ, деновиве е во прва борбена линија против уништувањето на струшкото крајбрежје. Таа го повика челнството на ВМРО ДПМНЕ да донесат две важни одлуки. „Прво, веднаш да ја напуштат владеачката коалиција која ја имаат со Рамиз Мерко и ДУИ на локално ниво во Струга. Второ, да го повикаат Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во ниту еден случај да не го одобрува...

Continue reading

sostanok

По пет часа донесени 4 заклучоци за смирување на тензиите во струшко

Post Views: 0 За само четири заклучоци беа потребни пет долги часа расправа и дискусија зад затворена врата  да се донесат заклучоци со кои треба да се смири соживотот во Струга, Вевчани и околината по тензичните  настани од пред две недели. На состанокот присутвуваа струшкиот градоначалник Рамиз Мерко , вевчанскиот Перо Илиески, преставници на карневалскиот одбор од Вевчани, двата Локални совети за првенција од Струга и Вевчани, преставници на СВР  и на верските заедници , како и преставници од невладиниот сектор. По завршувањето на состанокот , вевчанскиот грдаоначалник изрази...

Continue reading

sednica struga

Среќна Нова 2012 година, без буџет

Post Views: 1 Општина Струга во Новата 2012 година ќе влезе без буџет. Останува уште една шанса, потоа следи црвен картон за советниците или распуштање на ова тело. Струшките советници ниту денес на утринското продолжение од 35 тата седница не го поддржаа предлогот на градоначалникот Рамиз Мерко за буџетот на општината за 2012 година, кој тежи околу 13 милиони евра и е за 200 000 евра повисок од минатата година. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека лошо е што политиката вмешала прсти на место каде што нема потреба, посебно тоа не треба да се прави кога е во прашање буџетот...

Continue reading

sednica struga

Одложен буџетот на општина Струга за 2012 година

Post Views: 0 Доставен буџетот на општина Струга за 2012 год. Тој изнесува околу 13 милиони евра и во споредба со претходната година истиот е повисок за 200 000 евра. Советничката група на ДПА упати сериозни забелешки кон предлагачот, градоначалникот Рамиз Мерко, бидејќи сметаат дека буџетот за 2012 година е идентичен како и претходниот од годинва што изминува. Координаторот на ДПА, Сурија Рушити, побара одговор од градоначалникот на прашањето, на кој начин ќе го реализира буџетот за 2012, кога три години наназад имаме едвај 50%  реализација.Никола Затуроски од ВМРО ДПМНЕ, смета дека...

Continue reading

pie voda

Водата во Струга и струшко е забранета за пиење

Post Views: 2 Забрана за пиење на водата од струшкиот водовод. Четридневното заматување на водата која тече од чешмите во домаќинствата на Струга и струшко, не е исправна. Тоа го покажаа анализите направени од лабараториите на Центарот за јавно здравје, кој се надлежни да го контролираат квалитетот на водата во Струга. Сашо Точко вели дека на струшката територија каде што Центарот има и своја подружница редовно се прават анализи и дека уште во средата било воочено заматување на водата во оваа општина.Инспекциските служби веднаш биле информирани и до нив биле испратени анализите од...

Continue reading

Ramiz Merko

Мерко дојде, кој ќе биде директор на МЈП „Проаква“?

Post Views: 3 Петок 09. декември ќе падне одлука за директорската позиција на МЈП „Проаква“. Дали градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, после работната посета во Америка, конечно го донесе клучот на досегашната тактизација на охридскиот градоначалник Александар Петрески, околу назначувањето на прв човек на МЈП „Проаква“, најверојатно ќе се знае за утре, барем според најавите на Мерко. Едно треба да е јасно како ден, мора да се избере добар човек кој ќе има своја програма за излез, односно за водење кон подобро на МЈП Проаква, вели Мерко. Но, тој не признава дека состојбата во претпријатието...

Continue reading

misleshevo

Уште една година по дупки, прашина и кал за жителите на Мислешево

Post Views: 2 Жителите на Мислешево со години и децении веќе се жалат на единствениот неасфалтиран пат кој води до оваа приградска населба. Решение барем засега нема. Во меѓувреме, жителите на Мислешево се снаоѓаат како што можат. Дупки од двете страни на патот, во летниот период прашина, а на есен кал и длабоки вирови со вода. Надежта за асфалтирање на овој пат се разгорува во предизборен период, но набргу потоа спласнува. „Исклучиво канализацијава е направена во последниве години, таа е преку донација преку општинава. Покривање со шљуњак на овој пат најмалку е потребно да се направи...

Continue reading

plaza Struga

Туристичка сезона за мерак

Post Views: 37 Струга, според најавите на таткото на градот Рамиз Мерко, во овој период на годината солидно живее од туризмот. Градоначалникот рече, дека од година во година стекнуваат се поголемо искуство во оваа носечка дејност и со примена на добра пракса, резултатите се видни. Мерко истакна дека за тоа придонела и извонредната соработка со угостителските и туристичките работници кои понудиле добри цени, квалитено сместување и секако солидно мени. Тој додава дека направиле се во интерес на развој на туризмот и привлекување на гости. Во рамките на туристичкиот амбиент голема улога...

Continue reading

most na nina

Ќе никне нов „Мост на Нина“

Post Views: 1 Грдата слика на остатоците од некогашниот „Mост на Нина“, набргу ќе исчезне. Новиот идеен проект за мостот во тродимензионална техника веќе е на маса кај првиот човек на градот Рамиз Мерко. Градоначалникот вели дека идејниот проект ги поминал сите институционални и јавни филтри, така што веќе за него може да се даде зелено светло и да се објави тендер за изградба и да се избере изведувач. Мерко рече дека новиот мост ќе се разликува од досегашниот кој поради неговата небезбедност се заменува со нов. Мостот на Нина се најавуваше дека ќе биде готов уште минатата година,...

Continue reading

Ramiz Merko

На струшката политичка сцена врие

Post Views: 1 Кој е крив? На струшката полтичка сцена се готви густа каша. Апетитите на политичките партии се се поголеми, наспроти релаксираниот однос на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Сите кажаа по нешто, но епилогот, останува енигма. Деновиве во Струга се актуелизира новонастанатата состојба на политичка сцена. Излегувањето од коалиција со Рамиз Мерко, но не и од ДУИ, струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, го образложи кратко и јасно, проди несогласувањето со политиката на градоначалникот, кој работи за лични интереси а не и за Македонците. После тоа следуваа реакции и кај...

Continue reading

pres vmro-dpmne-struga

ВМРО-ДПМНЕ Струга контра градоначалникот Мерко

Post Views: 5 ВМРО-ДПМНЕ-Струга станува опозиција на градоначалникот Рамиз Мерко. Незадоволни од работењето на Струшкиот градоначалник, тие од денес преминуваат во негова лична опозиција, а не опозиција на неговата партија. Велат со ДУИ имале одлична и плодна соработка. Претседателката на општинскиот изборен штаб, Надица Николоска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ-Струга има сериозни сомнежи дека во својата работа, Мерко не се придржувал кон законите и не ги почитувал интересите на Стружани. „ВМРО-ДПМНЕ посебно изразува остро незадоволство од третманот кој Македонците во општина Струга го имаат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top