Ознака: Рамиз

Рамиз Мерко кандидат за нов мандат во Струга

Post Views: 2 Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко ќе биде кандидат на ДУИ за нов мандат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври. Одлуката ја соопшти првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, за време на панел-дискусија организирана од Општина Струга по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор. Рамиз е добар градоначалник и за Македонците и за Албанците, и за Турците и за Ромите. На присутните им испратив порака од господинот Ахмети дека господинот Рамиз Мерко ќе биде кандидат за уште еден мандат во Струга на локалните избори за 17 октомври...

Continue reading

Антикорупциска Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Post Views: 4 Антикорупциската Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, јави VOA – Глас на Америка на македонски јазик. Според истиот извор, предметот против Мерко го води Обвинителството за гонење на организиран криминал каде што има уште една постапка против него. извор: VOA – Глас на Америка фото: VOA – Глас на Америка

Continue reading

Отчет за 100 дена од мандатот на Рамиз Мерко

Post Views: 5 Отчет на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за 100 те дена од работењето после Локалните избори. Мерко посочи дека затекнале општина со многу проблеми и долгови, но рече дека нивна обврска која ја ветиле пред граѓаните е да Струга да ја направат подобро место за живеење за сите граѓани подеднакво. „Во изминативе 100 дена превзедовме сериозни чекори со тоа што ја деполитизиравме администрацијата на општина Струга и истата им ја вративме на граѓаните да им служи како сервис, а не за своите лични потреби и интереси. Професионалната служба ја вративме на граѓаните и имаме...

Continue reading

Рамиз Мерко е новиот струшки градоначалник

Post Views: 0 Нов градоначалник на Струга е Рамиз Мерко. По пребрјојувањето на гласачките ливчиња тој порача дека Струга гласала мултиетнички. Сите гласаа за подобриот, за Струга и иднината. При тоа Мерко ги отфрли обвинувањата од Зијадин Села неговиот политички противник на локалните избори. „ Ве уверувам дека се се шпекулации од страна на противникот. Кој губи има право да се лути , но ние го повикуваме да ни се приклучи како партија и поранешен градоначалник и советничката група на Алијансата да поработиме за едно подобро утре“, повика Мерко. Противкандидатот за градоначалник Зијадин...

Continue reading

DUI

Со Струга ќе раководи градоначалник од ДУИ, оптимисти се од партијата

Post Views: 3 Во јавноста кружат потенцијални имиња на кандидати за оваа функција. Од таму велат сеуште е рано за подготовки, во моментов се преокупирани со избор на челник на партијата. Струшкиот огранок на ДУИ ги интензивира подготовките за претстојните локални избори. Иако од таму велат дека сеуште е рано да се прецизираат активностите за реализирање  кои им се на приоритетната листа,  сепак во јавноста веќе кружат шпекулации кои би биле потенцијалните кандидати за градоначалник од оваа партија. Се шпекулира дека интерес за кандидат за градоначалник на општина Струга од редовите...

Continue reading

Гордана Јанкулоска на гости кај градоначалникот Рамиз Мерко

Post Views: 2 Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на средба кај градоначалникот Рамиз Мерко. По формирањето на новата влада ова е прв ваков состанок, на  релација градоначалник од редовите на Дуи и министер од Вмро Дпмне. Првиот човек на Струга на министерот, меѓу другото,  му ги укажа забелешките на функционирањето на  полициска служба во градот. „Укажавме за минатото дека немавме соработка со полицијата и дека имавме многу забелешки на нивното работење. Се надевам дека тоа е минато и дека во иднина ќе имаме добра соработка“-вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга. Министерот...

Continue reading

Рамиз Мерко избран за претседател на новиот состав на Југозападниот плански регион

Post Views: 6 На првата конститутивна седница на Советот за развој на југозападниот плански регион, градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко беше избран за претседател на новиот состав. Центарот на југозападен плански регион опфаќа 9 општини и за следната година се планирани околу 126 милиони денари за подобрување на условите на сите овие општини. Мерко нагласи дека очекува континуитет во регионалниот развој и поголема поддршка во реализацијата на проектите. Прво на агендата ќе биде воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони. За таа цел се одржа средба...

Continue reading

most

Дрвениот мост во Струга чека подобри времиња

Post Views: 1 Струга градот на мостовите, сеуште чека изградба на нов премин. Само темел од метална конструкција на двата кеја од реката Црн Дрим, останаа како неми сведоци за мостот кој постоеше тука. Жителите на Струга, потсетуваат дека на местото каде пред година и пол беше демонтиран дрвениот пешачки мост, од памтивек постоел премин и сметаат дека тоа така треба да остане. Тие исто така велат дека мостот е само уште една жртва на не грижата на градските власти како во минатото така и денес. Стружани очигледно како да ја изгубиле надежта дека ќе се изгради нов бетонски мост со...

Continue reading

svetilka

Згасна уличното осветлување во Струга

Post Views: 27 Неколку улици во Струга деновиве останаа без улично осветлување. Не станува збор само за улиците каде сеуште се врши замена на старото улично осветлување со ново, туку темно е и на влезот од градот и на неколку фрекфентни улици, каде веќе се поставени новите штедливи светилки. Првиот човек на градот Рамиз Мерко, признава дека постои проблем, но исто така вети дека за кратко време истиот ќе биде надминат. „Тоа не е по вина на приватниот партнер туку да речеме во наводници кажано вината е во општината бидејќи на неколку места треба да се отстранат старите бандери и да...

Continue reading

Merko sednica

Струшките советници го подржаа ребалансот на буџетот

Post Views: 3 Струшките советници со низа забелешки во врска со ребалнасот на буџетот за 2012. Но и покрај тоа советниците го поддржаа. На Денешната 45 та по ред седница на струшкиот совет се направи математика на приходната и расходната страна на годинешниот буџет за третиот квартал. До крај на годинава остануваат нереализирани 900 000 евра, забележува советничката од редовите на ДУИ Љуљзиме Зулали, која воедно и прашува како ќе дојде до нивна реализација, од продавањето на неизграденото земјиште во индустриската зона. Оваа не е единствена забелешка на Зулали. „Исто така суштинска...

Continue reading

proakva

Се продава дел од локацијата на МЈП ПРОАКВА-Струга

Post Views: 9 Се продава дел од локацијата на МЈП „Проаква“. Старата зграда на ул. „Кеј 8 ми Ноември“, бб Струга веќе е на тендер, информира првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко. Тој додава дека постапката е согласно програмата на Локалната за 2012 та година, која е помината на совет и веќе има заинтересиран, бизнисмен од струшкото село Радолишта. Градоначалникот Мерко не го откри името на компанијата, но ја потенцира според него важноста од продавањето на објектот. „Ние мислиме дека тоа е позитивно за Локалната самоуправа, бидејќи тоа место треба да се изгради. Со продажба...

Continue reading

sredba Florida Struga

Почесната конзулка од Флорида воодушевена од Струга

Post Views: 5 Почесниот конзул на македонската амбасада на Македонија во Флорида, Дејна Клејн ја посети Струга. На заедничка маса со претставниците од струшката општина разговараа за продлабочување на соработката на Струга и Корал Гејблс од Флорида. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека овие два града имаат убава заедничка иднина преку соработки во економијата, културата и други области. „Денеска ние сме тука со тимот на секторот за Локален економски развој на општина Струга. Ќе им ги предложиме сите можни проекти кои ние ги нудиме на инвеститорите, како домашни, така и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top