Ознака: проблем

Gradski park

Ќе скокаме легално или нелегално?

Post Views: 6 Легален или нелегален статусот на детските реквизити за банџи скокови, кои пред помалку од еден месец никнаа во градскиот парк? Неодамна, првиот човек на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, Танас Танасоски, кажа дека сопственикот на ова парче урбана опрема, поседува валиден важечки договор, па со тоа нема простор за нивно делување. Станува збор за договоро за закуп на простор, кој во 2007-та година лицето Трајанчо Митрески го има склучено со Општина Охрид, договор кој истекува во 2012 година. Танасоски појасни дека ваквите договори се издаваат со амин...

Continue reading

izduvni gasovi

Хронично труење

Post Views: 5 Штетното влијание на издувните гасови, голем проблем и во Охрид. На оваа тема денес во просториите на Црвениот Крст, се одржа трибина во присуство на претставници од повеќе институции. Седми април светскиот ден на здравството не случајно беше избран како најпогоден термин за почеток на кампањата, која што ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, смета претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, и додаде дека комплетно ја имаат нивната поддршка. Подигањето на свеста кај населението од штетноста која што се случува заради движењето на...

Continue reading

sostanok-delikvencija

Малолетниците стануваат се поагресивни

Post Views: 4 Насилство и агресивност во училиштата се почеста појава. Токму на оваа тема денес разговараа и претставниците од СВР-Охрид и советодавната група на граѓани. За жал покрај средните училишта, од оваа негативна појава зафатени се и основните училишта. За решавање на овој сериозен проблем, потребно е вклучување на сите релевантни фактори. „Малолетничката деликвенција како асоцијална појава е феномен со кој што се соочуваме сите ние. И ние како полиција преземаме одредени превентивни и репресивни мерки во насока на сузбивање на овој вид на криминалитет и воопшто како негативно...

Continue reading

sovet

Каде се паушалите за советниците?

Post Views: 0 Доцнат исплатите на паушалите за советниците. Извор за ТВМ обвинува дека додека локалците покрај платата, пред Нова Година си  поделиле и К 15, за разлика од советниците, кои останаа без паушалите за сработеното.  Досега два, за некој ден и три паушали, треба да им бидат исплатени на охридските избраници. Кординаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, проблемот не го гледа само во неисплаќањето на надместокот за сработеното, туку и како што вели, во слабите проценки на локалната за приходите и расходите. „ Исплатата  поточно неисплатата на паушалите не е проблем...

Continue reading

human trafficing

Борба против трговија со луѓе или меѓународен собир на фалбаџии?

Post Views: 5 Не треба да се зборува туку треба да се делува. Трговијата со луѓе тема на уште една конференција. Но за жал и овојпат не беа предложени конкретни мерки за нејзино сузбивање туку само беше констатирано дека таа е во постојан пораст. Проектот против трговија со луѓе кој трае веќе 14 месеци е насочен кон зајакнување на граѓанските организации и нивно учество во спроведување на националниот механизам за упатување на жртви. Целта на проектот е да ги приближи националните законодавства на сите земји учеснички, со законодавството на ЕУ. „Не можеме да кажеме која земја предничи...

Continue reading

Мувла напаѓа во охридската библиотека

Post Views: 4 Книгите за позајмување од националната установа библиотеката Григор Прличев се повеќе заудираат на мувла. Влагата и мувлата сериозно го напаѓаат книжниот фонд, не само на постарите туку и на поновите изданија. Со ваквата сериозна состојба се согласуваат и од библиотеката. „Увидовме дека фондот се оштетува од влагата. На то аукажуваат и вработените и корисниците. Влага попримаат и новите изданија со што стануваат опасни за сите“, нагласува директорот на библиотеката ,Тоде Илиески. Библиотеката веќе 5 години користи привремен простор од 250 метри квадратни без соодвтени...

Continue reading

Отворени шахти на „Железничка“

Post Views: 14 Отворени шахти, опасност за жителите на ул.Железничка, но и за сите учесници во сообраќајот. Месното население се жали дека  двете шахти стојат отворени повеќе од еден месец. Никој не го променува заштитниот капак, кој е скршен и пропаднат во шахтата. Изреволтираните граѓани велат дека реагирале до надлежните на локално и државно ниво, но досега никој не нашол за сходно овој проблем да го реши. Оваа сообраќајница е доста транзитна, по неа поминуваат и тешки товарни возила. Доколку, некој се обиде да претекнува друго возило последиците можат да бидат фатални вели Борис...

Continue reading

parking

Подземни и катни гаражи во Охрид

Post Views: 1 Гаражни куќи и подземно паркирање за решавање на најголемиот сообраќаен проблем во градот. Во работната верзија на Предлог Нацрт деталниот урбанистички план, кој се однесува на урбаните блокови Табана и Ривиера стои изградба на неколку гаражни куќи. Со овој Предлог УП, подземно паркирање е предвидено за градскиот плоштад, зеленилото кај кружниот тек и покрај кејот кон хотел „Палас“, вели раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов.  Тој додава дека моментално, со поставените три рампи, се контролира и користи простор за паркирање на само 80 автомобили. „Со...

Continue reading

rushevina

Сами од себе нема да се санираат

Post Views: 10 Да можеа да зборуваат опасните рушевини во градов ќе имаа што да кажат. Во централното градско подрачје на ул „Богомилска“ во Охрид, постојат неколку ризични куќи кои од забот на времето се распаѓаат и претставуваат вистинска опасност по безбедноста на луѓето. ТВМ во неколку наврати информира, предупредува и апелира за можните последици доколку истите сами се срушат, но надлежните досега не мрднаа ниту со малиот прст. Реагираа и граѓаните кои живеат во непосредна близина на опасните објекти. Тие позади камерата на ТВМ велат дека сериозно се загрижени за безбедноста...

Continue reading

transformator

Не треба да си Тесла за да сватиш

Post Views: 7 Од барот Објектив кој се наоѓа во непосредна близина на орманот тврдат дека во неколку наврати за проблемот ги информирале во ЕВН, но до денеска никој не превзел ништо. Контактиравме со портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески кој за проблемот дозна од нас. По фотографиите кои му ги испративме тој призна дека овој орман кој е под висок напон е вистинска опаснот за граѓаните. Ковачески, спротивно од информацијата од граѓаните, тврди дека во кол центарот на ЕВН, се до нашето јавување не било пријавено за проблемот. Според портпаролот уште попладнево екипа на ЕВН ќе го поправи...

Continue reading

baraki Zeleznicka

Неизвесно решавањето на станбениот проблем на дел од жителите од Кленоец

Post Views: 14 Продолжува неизвесноста со решавањето на станбениот проблем на 12-те семејства  од улицата Железничка. Засега нема ништо од ветувањата дека со изградбата на Железничка ќе добијат соодветно пристојно сместување. Останува нејасно  кога и каде тие ќе бидат сместени. Сега, коловозната лента поминува буквално пред  влезовите на нивните трошни, субстандардни, импровизирани живеалишта. Жителите од бараките на Железничка не сакаат јавно да зборуваат за своите проблеми. Разочарано  само додаваат дека се заборавени од државата и од локалната. Тие  велат дека досега никој не...

Continue reading

ruiniran objekt

Итен налог за рушење

Post Views: 1 Укажувањата на бројните проблеми во градов од страна на медиумите како коректор на власта и надлежните, минимизирани. Нашите настојувања да добиеме одговор од надлежните кога ќе се случи фамозното рушење на опасните по живот градби или ќе вроди со конкретен резултат на терен, или ќе испадне како во народната поговорка – „Помина зимата фрли ја гуната“. Овој проблем веќе години наназад се провлекува низ општинските лавиринти. Раководителот на Секторот на урбанизам Бранко Арнаудов сеуште молчи иако добро му е познато за што станува збор. Нашите напори да стапиме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top