Ознака: проблем

Орман

Стадо овци налутија цела месна заедница

Post Views: 2 Стадо овци ги става на милост и немилост жителите на Орман. Тие мора секојдневно да се носат со непријатната миризба која се шири, но и со остатоците од фекалии. Сопственикот на овие стотина овци со години го носи своето стадо на пасење во месноста Блато за која има склучено договор за користење, но проблемот е што тој секојдневно поминува по патот кој оди низ селото. Жителите на Орман, налутени се пожалиле до надлежниот инспекторат за животна средина. По разгледувањето на жалбата, инспекторатот издал решение според кое сопственикот на стадото не смее да го користи...

Continue reading

konferencija

Економската експлоатација на децата-глобален проблем

Post Views: 0 Децата насекаде низ светот се повеќе се економски експлоатирани, дали од нивните родители, дали од подведувачи. Проблемите со ваквото експлоатирање на оваа ранлива категорија зафаќаат глобални рамки. Омбудсманите за деца од Југо-источна Европа денес се сретнаа во Охрид и разговараа околу заедничките начини на кои може да се надмине овој растечки проблем. Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети вели дека анализите кои ги спроведува оваа институција покажуваат дека клучна улога во отстранувањето на оваа негативна појава треба да игра превенцијата. „Ако...

Continue reading

kanal

Повторно истекуваат фекалии кај Каналот

Post Views: 9 Минатата недела веќе беше актуелизиран овој проблем, по што надлежните екипи успеаа да го откријат и спречат изворот на фекално загадување. Како причина за истекувањето беше наведено дивото приклучување на дождовната канализација од неколку куќи на улица Асном. За овој проблем со апел се јави и градоначалникот Петрески кој им порача на граѓаните совесно да се однесуваат кон животната средина и наместо надиво да се приклучуваат во дождовната канализација, тоа да го направат легално на фекалната. И покрај тоа што беше спречено излевањето на фекалии, по се станува збор...

Continue reading

Leskoec

Уште едно лето без вода

Post Views: 1 Уште една пеколна недела дел од Лесковчани ја преживуваат без капка вода. Горливиот проблем кој со години се провлекува, повторно се актуелизира. Иако приклучувањето на градската водоводна мрежа требаше да го реши овој проблем, сепак се провлекува старата приказна. Со недостиг на вода се соочуваат само дел од Лесковчани, и тоа оние кои што живеат во повисоките делови на селото и кои не се приклучени на главната линија. За фрустрацијата на овие граѓани да биде уште поголема, нивните сожители од другата страна нормално се снабдуваат со вода. Стапивме во контакт со надлежните...

Continue reading

poplava

Додека се бараат надлежностите, трпат граѓаните

Post Views: 4 Зграда на улица Сатеска во населбата Далјан веќе втор ден поплавена со вода. Станарите овој проблем го заблежале уште вчераутро, по што веднаш ги известиле службите од јавните претпријатија Проаква и Нискоградба. Дури после неколку повици на местото пристигнале службите од Проаква кои само констатирале дека шиберот кој може да ја сопре водата не функционира и дека мора да биде заменет. Но проблемот на овие станари не запира тука, бидејќи вистинскиот проблем лежи во надлежноста за решавање на ваквиот дефект. Сепак додека се префрла топката од една на друга страна, во...

Continue reading

Ohridsko leto

Успешна прва половина на „Охридско лето“

Post Views: 7 Богата програма и одлични реакции на публиката. Се потроши првата половина од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а првиот човек на фестивалот Илија Мојосовски, презадоволен од она што беше досега реализирано. Доказ за тоа  вели Мојсовски е и посетеноста на овие настани. Како и секогаш кога станува збор за манифестација од ваков калибар проблеми, големи и мали и кај нас има, додава тој. Меѓутоа ние, истите ги решаваме во од, брзо и навремено, а со една единствена цел, публиката да не почувствува дека нешто воопшто и се појавило како проблем. „Мислам дека во досегашниот...

Continue reading

Дваесет септички јами, на еден километар квадратен

Post Views: 1 Четириесет години со септички јами во дворовите. Жителите од т.н источна трансверзала која е дел од улицата „Момчило Јорданоски“, повеќе од 30 години како живеат со септички јами во своите дворови. Иако како што самите велат, од 1980 година имааат платено аконтација за комуналии и уредно ги плаќаат давачките кон Јавните комунални претпријатија, овој проблем останува во нивниот двор. Додаваат дека единствено нешто што досега добиле, се само предизборни ветувања од надлежните.„Не сме приклучени, аконтација за комуналии имаме платено, секој ветува пред избори а после никој...

Continue reading

toaleti

Поставени подвижни јавни тоалети

Post Views: 38 На шест локации во градот се поставени 24 јавни мобилни тоалети. Граѓаните и туристите ќе може да ги користат на локациите кај Горна Порта, во центарот на градот , во близина на мостот, кај  спортско рекреативниот центар Билјанини извори. После долго време секторот за урбанизам најде соодветни места на кои постави јавни тоалети и со тоа реши еден сериозен комунален проблем. Долго време Охрид беше град без јавни тоалети, а тоа секако  не доликува на еден туристички центар. Тоалетите иако се од привремен карактер сепак ќе го решат донекаде овој комунален недостаток....

Continue reading

rushenje

Двојно намалени опасните објекти низ градот

Post Views: 10 Во Букли сокак утрово „падна“ уште една опасна руинирана куќа на која се жалеа граѓаните. Се сруши по налог на Општинскиот инспекторат. Од таму  постојано го решаваат овој проблем со опасните куќи кои пртеставуваат опасност по животите на минувачите. Од евидентираните 60 –тина руинирани куќи само во последната година се срушени  30-тина, информира за овој проблем раководителот на Општинскиот инспекторат, Танас Танасоски. На самиот влез кај Горна Порта еден полусрушен објект посебно привлекува внимание, се жалат варошани. Тука подзастануваат и го фотографираат објектот ...

Continue reading

fekalii

Фекалии во атарот на Центарот за едрење

Post Views: 10 Корења, гранки и фекалии ја заматија водата пред Центарот за едрење од Охрид. Проблемот со атмосферската канализација во овој дел, години наназад тапка во место и никако да се надмине, велат од центарот. Стефан Ставрев, од едриличарскиот клуб „Бофор“, во брифинг разговор кажа дека сите надлежни институции, МЈП „Проаква“, „Нискоградба“, Хидробиолошкиот институт и еколошките друштва од општинава, во неколку наврати се известени, но се тоа бадијала бидејќи досега ништо не било превземено од нивна страна. Ставрев додава дека проблемот со атмосферската канализација во овој...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Кривична пријава за Љубен Буџакоски

Post Views: 1 Пријавата ја поднесе градоначалникот на Охрид, Александар Петрески бидејќи според него, настаните околу водата во Лескоец, се политизираат. Петрески смета дека проблемот со водата во Лескоец е одамна надминат и зачуден е кому му одговара белото да го претставува како црно и обратно. Петрески не попушта. Тој смета дека водата што ја користат мештаните мора да се плати и притоа потенцира дека постапката за приклучок од стар кон нов водоводен систем е секаде иста и за град и за село, поточно секој треба да ги запази законски пропишаните нормативи. Петрески рече дека како...

Continue reading

Без излез

Post Views: 3 Стојан Лекоски неколку месеци бара излез од проблемите кои како што вели се предизвикани од соседната зграда. Нивото на патот кој поминува покрај неговиот стан е подигнато, па водата се слева и прави влага во неговиот стан кој е на приземје. Истото се случува и со  шахтите од канализацијата, од  кој како што вели Лекоски, се шири реа. Помош во решавањето на проблемот глувонемиот  Лекоски побарал од Здружението на глувонеми лица и лица со оштетен слух во кое е член  60 години.  .Секретарот на здружението за глуви и наглуви, Стефаноска појаснува дека пристапниот пат е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top