Кривична пријава за Љубен Буџакоски

Петрески денес со одговор до Лесковчани. Според него, водата не е проблем во селото, туку поединци упорно сакаат политички да ги изманипулираат мештаните.

 |  Билјана Николоска  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

Aleksandar PetreskiПријавата ја поднесе градоначалникот на Охрид, Александар Петрески бидејќи според него, настаните околу водата во Лескоец, се политизираат. Петрески смета дека проблемот со водата во Лескоец е одамна надминат и зачуден е кому му одговара белото да го претставува како црно и обратно.

Петрески не попушта. Тој смета дека водата што ја користат мештаните мора да се плати и притоа потенцира дека постапката за приклучок од стар кон нов водоводен систем е секаде иста и за град и за село, поточно секој треба да ги запази законски пропишаните нормативи.

Петрески рече дека како градоначалник на сите граѓани на охридскиот регион, ќе оди од куќа до куќа да прашува дали имаат проблем со водата. Тој е убеден дека луѓето се потпишувале за нешто, но сигурно не за проблемот со водата во Лескоец. Петерески додава дека списокот воопшто не се поклопува со фактичката состојба и дека истиот е изманипулиран. Инаку градоначалникот кажа дека кога го презеле водоснабдителниот систем во Лескоец во 2008 та година со одлука на Совет, затекнале долг од 50 000 евра, средства кои М.З. ги должи на МЈП „Проаква“, која пак ги собирала од мештаните. За Лескоец биле вложени уште милион и пол евра, во водовод и канализација и во каптажи. Водоводот бил направен со самопридонес од граѓаните на Лескоец, тоа не е спорно, но ние го презедовме со сите позитивни и негативни работи, вели Петрески.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top