Малолетниците стануваат се поагресивни

Асоцијалното и агресивно однесување се поприсутно во училиштата. Претставници од СВР-Охрид и советодавната група на граѓани, денес разговараа за состојбите во училиштата и можностите за надминување на негативните појави во и вон нивните рамки.

 |  Мишел Наумоски  | 
sostanok-delikvencija
состанок-деликвенција

Насилство и агресивност во училиштата се почеста појава. Токму на оваа тема денес разговараа и претставниците од СВР-Охрид и советодавната група на граѓани. За жал покрај средните училишта, од оваа негативна појава зафатени се и основните училишта. За решавање на овој сериозен проблем, потребно е вклучување на сите релевантни фактори.

„Малолетничката деликвенција како асоцијална појава е феномен со кој што се соочуваме сите ние. И ние како полиција преземаме одредени превентивни и репресивни мерки во насока на сузбивање на овој вид на криминалитет и воопшто како негативно однесување на најмладата популација. Во тој контекст, во делот на превентивно работење на полицијата се и овие состаноци, но и низа други проекти кои што СВР-Охрид ги спроведува на оваа тема со најразлични цели, целни групи од ученици од основните и средните училишта.“-вели портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Димоски додаде дека и покрај сите превентивни мерки, тие се соочуваат со повеќе облици на малолетничка деликвенција, но интензивно работат на решавањето на овој проблем и можат да се пофалат со одреден успех.

На состанокот, м-р Гордана Атанасова ги изнесе заклучоците од истражувањето за причините за агресивно однесување на учениците од 5то до 8мо одделение во основните училишта. Општ заклучок на истражувањето е дека малолетниците се соочуваат со преголем притисок поради високите очекувања кои им ги наметнуваат родителите од една страна, а наставниците од друга. Не помала улога во поттикнувањето на агресијата имаат и групите во кои се движат младите и медиумите кои изобилуваат со емисии со насилни содржини. „Децата се преоптеретуваат со домашни задачи и веќе немаат свое слободно време. Училиштата се повеќе ја форсираат образовната, но ја забораваат воспитната функција.“-додаде м-р Атанасова.

Статистиката вели дека во овој период од годината забележани се 3 прекршоци и 1 кривично дело-нанесување на тешка телесна повреда како резултат на тепачка во основните училишта додека во средните училишта регистрирани се 4 прекршоци. Слична динамика на прекршоци имаме и во изминативе 2 години.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top