Ознака: Прличев

Од денес нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид

Post Views: 12 Нашиот најнов предлог содржи осум нови книги од следните издавачи: Култура, Сакам книги и Просветно дело. Од областа на белетристиката на пултот за зајмување можете да ги побарате следните наслови: Ќерката на мојата најдобра пријателка од Дороти Кумсон, Невидлива убавина – Ејми Хармон. Без каење од Колин Хувер, Тајни на летната ноќ од Лиса Клејпас, Песната на речните птици од Лиса Вингејт. Денеска ви предлагаме и три илустрирани и едукативни изданија подеднакво интересни за децата, учениците и возрасните. Тоа се: Мојот прв англиски јазик, Откриј го Египет и Поглед...

Continue reading

Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”

Post Views: 2 Овој ПЕТОК 19.02.2021 година, со почеток во 19.00 часот, Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид. Цена на карта 100 денари. По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела (шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.Оригинален наслов: СТЕЛА Траење на филмот: 91 МинутиЗемја / година: MKD/2019Жанр: Драма, СемеенГлумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески, Христина Поповиќ Режија: Стојан ВујичиќДистрибутер:...

Continue reading

ОУ „Григор Прличев“ достојно го одбележа својот патронат

Post Views: 16 „Горд е оној кој со труд се извишува себе си “ – рекол Прличев. Нашите ученици со својот труд покажуваат дека се генерација херои , генерација која ќе биде запаметена по многу подвизи и успеси, кажа директорката на ОУ „Григор Прличев“ Ивана Маховска Шикалеска на свеченоста по повод патронатот.  „Ова училиште иако со многу помалку ученици од вообичаено  успеа да покаже дека може да биде сплотено и во време на пандемија. Во време кога физичката дистанца ни стана императив ние успеваме да ја задржиме социјалната дистанца на една близина. Секое утро денот го започнувавме...

Continue reading

Пандева: Oгромна чест и потврда на моето целокупно образование и литерарно творештво e наградата „Григор Прличев“

Post Views: 2 Поемата „Капетаните“ е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2020 година. Тоа за мене, пред се, претставува огромна чест, а потоа и потврда на моето целокупно образование, животно искуство и литерарно творештво, изјави Лилјана Пандева, годинешниот лауреат на свеченоста по повод доделување на наградата. Во нејзината поема „Капетаните“ темата е актуелен политички настан, хероите се наши мировници во Авганистан, борци за правда и мир, испратени во хумана мисија. Пандева рече, дека преку делото направила спој на епското и лирското, современото и традиционалното,...

Continue reading

ОУ „Григор Прличев“ празнува со ентузијазам и креативност

Post Views: 14 Физичката дистанца не е пречка за да му оддадеме почит на големиот Прличев!Со оваа мисла ОУ Григор Прличев неделава ги одбележува ПРЛИЧЕВИТЕ ДЕНОВИ во очи на патронатот.  Учениците под менторство на своите наставници изработија едукативни видеа кои се објавуваат на официјалната facebook – страна на училиштето под мотото : ПАТОТ ДО ПРЛИЧЕВИТЕ ОДАИ !      Активностите по повод патронатот започнаа со објавување на училишниот весник Лаври во електронска форма. За неговата реализација годинава се заслужни наставниците : Цветанка Ристеска, Силвија Мојсовска, Наташа...

Continue reading

Нови книги и родендени во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Post Views: 5 Оваа среда изборот на нови девет наслови е направен од продукцијата на издавачките куќи „Култура“ и „Матица македонска“. Еве ги насловите: „Таблета против стравот“ од Андреј Курпатов, двата дела од хит романот „Сестрата на сонцето“од Лусинда Рајли, „Белата хризантема“ од Мери Лин Бракт, „ И тогаш таа исчезна“, Лиса Џул, „Сакам да те држам за рака“ од Форс Мари, „Париз за еден и други приказни“ Џоџо Мојес, „Јоргованот секогаш цвета по зимата“ од Марта Хол Кели и илустрираната книга за деца „Магичната ноќ на џуџињата “ од Стилтон Џеронимо. Посочените книги уште од денес...

Continue reading

Охридското основно училиште ,,Григор Прличев “ е назначено за Амбасадор училиште

Post Views: 11 ОУ ,,Григор Прличев “ Охрид е назначено за Амбасадор училиште на Erazmus + програмата за просоцијално учење. Иван Маховска Шикалеска, директор на училиштето, вели дека е привелегија да се биде амбасадор училиште со проект кој има европски вредности. Сега имаат можност да се вклучат во проектот ,,Rоbotics versus BullYing“, со кој учениците ќе бидат насочени да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и со тимска работа кои се клучни во животот на секое дете. „Тоа би значело за учениците дека проектот се насочува кон имплементација...

Continue reading

Филмот “Господ постои, името ѝ е Петрунија” повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид

Post Views: 11 Темата е несомнено интересна, а уште повеќе ветуваат и ликовите кои ја носат приказната, секако на чело со Петрунија, во улога на Зорица Нушева. Петрунија има 32 години и е навработена историчарка која живее со мајка ѝ и татко ѝ. Живеат од социјална помош и од работата што повремено ја наоѓа мајка ѝ. Петрунија одбива да се вработи во текстилна фабрика. Таа одбива да ја прифати традиционалната улога што ѝ ја наметнува општеството. Упорна е и одлучна да дојде до заокружувањето на својата идеја, без оглед на околностите. Оригинален наслов:Господ постои, името ѝ е Петрунија Траење...

Continue reading

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја издаде книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“

Post Views: 14 Книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“, од Вера Стојчевска – Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски, со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска – Антиќ  се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во...

Continue reading

Лилјана Пандева – добитник на престижната награда „Григор Прличев“

Post Views: 6 Лилјана Пандева – добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за наградената поема за 2020 година „Капетаните“ под шифра „Мисија“. Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Ново Село Струмица. Таа е дипломиран професор по македонска и јужнословенски книжевности и македонски јазик. Доктор е на филолошки науки. Автор е на повеќе дела, меѓу кои „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцеларсики колумни“, „Класифицирано“, романите „Од агендата на Калина Калин“,...

Continue reading

Новогодишни пакетчиња во библиотеката „Григор Прличев“

Post Views: 11 ИТ компанија „Мусала Софт“донира новогодишни пакетчиња кои НУ Библиотека „Григор Прличев“ ги подели на ученици. Подароците секогаш се добредојдени,  бидејќи придонесувањето кон заедницата е една од вредностите на компанијата уште од самото основање. „Во пресрет на Новата година и Божик нашите пријатели од интернационалната ИТ компанија „Мусала Софт“ од Скопје ни донираа 20 пакетчиња за деца со идеја нашата  библиотеката „Григор Прличев“ да ги подари на ученици во училиштата во Охрид и околината. Ние како установа веќе го сторивме тои и израдуваме 20 деца – ученици...

Continue reading

Блесна Новогодишна зимска бајка во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 5 Во ОУ Григор Прличев заблеска Новогодишна волшебна атмосфера. На иницијатива на Советот на родители од школото се внесе празничен дух во училиштето за да ги развесели срцата на учениците. Сашко Георгиески, претседател на Советот на родители од ова училиште, информира дека проектот бил прифатен од родителите, учениците и раководството на училиштето и се реализирал за еден викенд. Во изработка на декорациите учествувале 330 деца кои заедно со помош на родителите во домашни услови изработиле над 600 снегулки. На приземје во училишниот хол поставени се снегулки и елка укрсена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top