ОУ „Григор Прличев“ празнува со ентузијазам и креативност

Учениците, активот на одделенска и предметна настава , советот на родители и училишниот одбор,  сите заедно покажуваат креативност и ентузијазам и користејќи ја интернет технологијата во време на пандемија оддаваат достојна почит на својот патрон. Неделава во очи на патронатот тие ги нарекоа прличеви денови и во секој од нив објавуваат  подготвени видео материјали.

 |   | 

Физичката дистанца не е пречка за да му оддадеме почит на големиот Прличев!
Со оваа мисла ОУ Григор Прличев неделава ги одбележува ПРЛИЧЕВИТЕ ДЕНОВИ во очи на патронатот.  Учениците под менторство на своите наставници изработија едукативни видеа кои се објавуваат на официјалната facebook – страна на училиштето под мотото : ПАТОТ ДО ПРЛИЧЕВИТЕ ОДАИ !

 

 

 Активностите по повод патронатот започнаа со објавување на училишниот весник Лаври во електронска форма. За неговата реализација годинава се заслужни наставниците : Цветанка Ристеска, Силвија Мојсовска, Наташа Митреска и Кире Стојаноски, како и сите наставници, ученици кои ги испратија своите креативни творења, но и стручната служба, Советот на родители и Училишниот одбор .
 

И под маските знаеме да носиме насмевка! И во дожд знаеме да играме и пееме !- порачаа најмалите од оделенска настава преку симпатична кореографија и видео порака подготвена со своите наставници.

 

Активот на предметна настава заедно со учениците изработија видеа по сите предмети а дел од нив во соработка со збратимените  училишта од земјава и регионот како ОУ ” Песница” од Марибор- Словенија, ОУ Иво Андриќ од Белград и ОУ Јован Поповиќ од Крушевац  Р. Србија, ОУ” Св.Климент Охридски” од Битола.

Утре ОУ Григор Прличев ќе го заокружи празнувањето со положување на ловоров венец и цвеќе на бистата на Прличев во дворот на училиштето и со потпишување на меморандум за соработка со Гете Институот – Скопје.

Како круна на патронатот  ќе бидат доделени наградите на учениците кои беа најуспешни на училишниот конкурс и читање на творбите кои годинава беа на тема „Секоја генерација има свое обележје -Прличев негово , ние наше “.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top