Охридското основно училиште ,,Григор Прличев “ е назначено за Амбасадор училиште

Избрано е за прво меѓу петте Амбасадор училишта во земјава. Во следниот период  ќе се вклучи во проектни активности за роботика.  

 |  Валентина Неловска  | 

ОУ ,,Григор Прличев “ Охрид е назначено за Амбасадор училиште на Erazmus + програмата за просоцијално учење. Иван Маховска Шикалеска, директор на училиштето, вели дека е привелегија да се биде амбасадор училиште со проект кој има европски вредности. Сега имаат можност да се вклучат во проектот ,,Rоbotics versus BullYing“, со кој учениците ќе бидат насочени да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и со тимска работа кои се клучни во животот на секое дете.

„Тоа би значело за учениците дека проектот се насочува кон имплементација на СТЕМ програмата т.е кон роботика. Со тоа ќе ги поттикнеме учениците на возраст од 6 до 12 години да размислуваат и творат со емпатија, ќе ги поттикнеме нивните дигитални вештини, но крајна цел на проектот е интерперсонална соработка и социјално учење дека сите сме еднакви и исти“.

 

За да бидат избрани како едно од вкупно петте Амбасадор училишта во земјава биле дел од друг проект на Erazmus+ програмата на Европска Унија. Училиштето го реализирало проектот Просоцијално учење или учење со емпатија во период од декември 2017 до декември 2020 година. Учениците и наставниците од училиштето биле вклучени во бројни активности.

„Претходно се одржуваа вебинари, се реализираа работилници, се работеа кратки филмови, се организираа училишни иницијативи под мотото т.н. „Просоцијална недела“ во која наставниците зедоа учество со снимени кратки видеа како тие ја одбележуваат Просоцијалната недела во овој проект“.

 

Имплементатори на проектот биле шест невладини организации од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија и Македонија чии програмски цели се насочени кон развој на современите образовни трендови. Имплементацијата на проектот ,,Rоbotics versus BullYing“, во рамки на на Erazmus+ ќе се реализира во период од февруари 2021 до декември 2024 година.

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top