Ознака: Прличев

nagrada grigor prlicev

Глигор Стојковски годинешен лауреат за најдобра поема “Григор Прличев”

Post Views: 4 Поемата “Завет, јад”, со поднаслов “Кирил 1830, Кирил 2001”, е поетскиот восклик кој годинава на познатиот македонски новинар и публицист Глигор Стојковски му ја донесе престижната награда за најдобра поема за 2015та, “Григор Прличев”. Поемата говори за судбината на прекрасниот Лешочки манастир и едно име, великанот Кирил Печиновиќ кој го возобновува манастирот во 1830та, но и поетовата реакција кон претпоставеното однесување на владиката Кирил во чија надлежност беше манастирот за време неговото вандалско разурнување во 2001та година...

Continue reading

Општина Охрид по четврти пат ќе го покрие долгот што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија

Post Views: 0 Општина Охрид ќе го покрие долгот во висина од околу 300 000 ден. што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија. Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Градските избраници по четврти пат носат ваква одлука откога пред три години ЕВН му ја исклучи струјата на ова училиште поради неплатен долг. Причина за тоа е блокираната сметка на школото поради спорот кој веќе години наназад го води со физички лица кои се сопственици на дел од дворот на училиштето. Уште при носењето на првата одлука од страна на градоначалникот беше ветено  дека проблемот со блокираната...

Continue reading

Новиот директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со полни раце работа

Post Views: 11 Новиот директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски со полни раце работа. За овој неполн месец од кога е поставен на оваа функција во оваа институција се направи внатрешна реорганизација како во програмското оделение  така и во народниот театар. Изготвени се акт за внатрешна организација  и за внатрешна систематизација и сето тоа веќе е поминато во Министерството за култура.Во иднина сите овие луѓе кои работат во администрација ќе си ги добијат соодветните места. Намерата ми е убаво внатрешно да се распопредат за да можат да се постигнат подобри...

Continue reading

gligor

Глигор Стојковски, добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“

Post Views: 9 Наградата за најдобра поема за 2015 година „Григор Прличев“ се додели на поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“. Наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид. Добитник на наградата е авторот. Глигор Стојковски (1952) бил новинар во „Нова Македонија“ и „Утрински весник“, главен редник на „Култура“, сега е сопственик на издавачката куќа ВиГ ЗЕНИЦА. Автор е на поетски книги: Починка во чисти честички, Пајак, Очно дно, Студена минута, Зад билката молк, Око заборавено на небото, Порој, Капка оловна вода,...

Continue reading

“Нашата училница, нашиот свет” во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 0 Обичната училница да се претвори во еден убав свет со различни катчиња за што поголема креативност и стимулација на дечињата за учење. Ова е идејата на работилницата “Нашата училница, нашиот свет” во која со лесно достапни материјали, професорите заедно со родителите тимски создаваат училишна средина во која лесно се поттикнува креативноста кај дечињата. Според Весела Богдановиќ, една од педесетте најдобри учители во светот и обучувач во проектот “Чекор по чекор” за да се постигне една ваква атмосфера најважно е да се работи тимски заедно со родителите. “Целта...

Continue reading

Ноември, месец на македонскиот филм во ЦК „Григор Прличев“

Post Views: 0 Ноември, месец на македонскиот филм. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ нареднава недела ќе се прикажуваат македонските класици во соработка со Вардар филм. Публиката ќе може да ги види филмовите „Хај фај“, „Три Ани“, „Среќна нова 49та“, „Планина на гневот“ и „Тетовирање“. Одамна планиравме да правиме ревија на македонски филмови за да ја анимираме публиката да ги погледне овие класици . Голем дел од гледачите веќе ги имаат гледано, но секогаш има простор за уште еднаш да се види некој убав филм. Билетот изнесува само 50 ден. Па очекуваме добра посетеност од љубителите...

Continue reading

Од нова година НУ библиотека „Григор Прличев“ ќе се всели во новите простории

Post Views: 2   Од нова година НУ библиотека „Григор Прличев“ ќе се всели во новите простории. Во тек се работите од втората фаза која опфаќа фасадирање на зградата каде порано беше сместена дирекцијата на НУ Фестивалот „Охридско лето“ и на зградата каде моментално се наоѓа библиотеката. Претходно беа срушени ѕидовите, поствен е нов под и термоизолација во просториите кои порано ги користеше Фестивалот Охридско лето. Комплетно просторот во новиот објект е заштитен од влага за книжниот фонд и целиот простор е отворен. Во новите простории на библиотеката ќе има две современи читални...

Continue reading

donacija

ОУ „Григор Прличев“ ја доби толку потребната фото копир машина

Post Views: 0 Претставничките на лајонс клубот Деница денес им го разубавија денот на основците од „Григор Прличев“, но и целото училиште. Тие како донација денес ја добија толку потребната фото копир машина која според менаџментот на училиштето била еден од најважните приоритети за правилно и непречено одвивање на образовниот процес. „Цела учебна година ја поминавме без овој копирен апарат, и навистина имавме многу големи проблеми, баравме помош скоро од цел град за копирање. Во училиштето учат 1100 ученици, со новиов начин на работа има повеќе ангажмани за децата, активна настава...

Continue reading

teatar

Дали нешто се готви во Центарот за култура

Post Views: 1 Горан Стојаноски, нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Тој би бил наследникот на актуелната директорка Драгана Боцевска која моментално е на породилно боледување. Се почесто се вртат вакви разговори во охридската јавност па со цел да ја разрешиме дилемата го запрашавме Стојаноски дали навистина има инспирации за ова директорско место. Не сум размислувал за тоа. Јас сакам да сум директор на охридскиот театар, вели Горан Стојаноски- раководителот на охридскиот театар. Ваквите гласини ги демантираше и Боцеска. Таа вели дека до средината на април е на породилно...

Continue reading

школо

Во Охрид расте бројот на аутистични деца

Post Views: 24 Во Охрид расте бројот на аутистични деца. Иако не се знае точниот број на деца со аутизам учителките од одделенска настава се почесто во пракса  се среќаваат со деца кои боледуваат од аутизам. Аутистичните деца  не може подолго време да го задржат вниманието на наставната содржина, велат наставниците. Во текот на наставата овие деца бараат поголемо внимание од училтелката, почести паузи, да работат со фломастер или пластелин, кажува Мери Димзова учителка од ОУ „ Григор Прличев“ со долгогодишно работно искуство. Димзова  има работно искуство со аутистично дете. Напоменува...

Continue reading

branko cvvetkoski

Избраните дела на Бранко Цветкоски пред oхриѓани

Post Views: 0 Пред охридската литературна публика, оваа среда во изложбениот салон на НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ”-ОХРИД, ќе бидат претставени избраните дела на Бранко Цветкоски. Станува збор за “ИЗБРАНИ ДЕЛА” во 6 ТОМА од современиот македонски поет литературен критичар Бранко Цветкоски, што всушност претставува пресек од неговото 40-годишно плодно книжевно творештво. Промоцијата ќе започне во 12 часот. {loadposition content9}

Continue reading

serdarot

Арифа Малоска се закити со Ловоровиот венец

Post Views: 36 Ловоровиот венец го закити вратот на младата ораторка Арифа Малоска од ОУ „Братство Единство“. Со тоа заврши проектот „Ораторски средби“ кој годинава го организираше Одделението за култура при општина Охрид,  по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“. На 25-ти март пред 155 години во Атина со ваква награда беше овенчан Великиот Григор Прличев и се здоби со епитетот втор Хомер. „Мене најпрво ми беше мило што можам да учествувам на една ваква манифестација ова е најмалку што можам да направам за него бидејќи тој направи многу за македонскиот јазик...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top