Од нова година НУ библиотека „Григор Прличев“ ќе се всели во новите простории

Привршуваат работите околу адаптацијата на новиот простор на градската библиотека.  Оваа национална установа по завршувањето на сите зафати ќе добие простор од околу 800 м квадратни во кој ќе се обезбедат стандардите кои треба да ги има една институција како што е библиотеката „Григор Прличев.“

 |  Лионела Јаковлева  | 

 

Од нова година НУ библиотека „Григор Прличев“ ќе се всели во новите простории. Во тек се работите од втората фаза која опфаќа фасадирање на зградата каде порано беше сместена дирекцијата на НУ Фестивалот „Охридско лето“ и на зградата каде моментално се наоѓа библиотеката. Претходно беа срушени ѕидовите, поствен е нов под и термоизолација во просториите кои порано ги користеше Фестивалот Охридско лето. Комплетно просторот во новиот објект е заштитен од влага за книжниот фонд и целиот простор е отворен.

Во новите простории на библиотеката ќе има две современи читални за возрасни и за деца, она што досега недостасуваше. Читателите ќе може да ги позајмуваат книгите исто така од двете одделенија кои ќе бидат лоцирани во новите простории, вели Aлександра Bелеска- директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“.

До крајот на годината треба да се направи и мебелот со кој ќе биде опремена библиотеката. Оваа национална установа по завршувањето на сите зафати ќе добие простор од околу 800 м квадратни и ќе се обезбедат стандардите кои треба да ги има една институција како што е библиотеката, подвлекува Белеска.

Библиотеката го задржува и другиот простор во кој функционираме во него ќе остане администрацијата и кадарот. Ќе останат и книгите кои не се издаваат надвор од библиотеката , реткиот книжен фонд и родокрајното одделение, кажува Белеска.

Библиотеката не е физички поврзана со двата дела, но со оглед на фактот што има таква можност, директорката додава дека ќе се направат обиди за еден таков зафат. Со проширувањето на библиотеката ќе се задоволат нејзините потреби и засега нема информации дали националната установа ќе се надоградува. Инаку, охридската библиотека располага со над 150.000 примероци книжен фонд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top