Ознака: причини

brak

Алкохолизмот ги разорува браковите на охриѓани

Post Views: 24 Невработеноста, живеењето во заедница  со родителите на едниот брачен другар, зависности од алкохолизам и наркотички средства и семејното насилство, најчести причини поради кои охриѓани се разведуваат. Годишно бројката на разводи во Охрид се движи помеѓу 58 и 60 разведени брачни заедници, информира Павлина Пероска раководител на одделението за брак и семејство при Центарот за социјални работи. Во првите шест месеци од оваа година Основниот суд Охрид до нивниот центар за социјална работа поднесол 30 барања за развод.  Најчесто како причини за развод се наведуваат непремостливите...

Continue reading

Coca-Cola ја призна својата најголема тајна

Post Views: 4 Претседателот на Coca-Cola за Северна Америка, Sandy Douglas признал дека сам себеси си забранува пиење на премногу Coca-Cola поради здравствени причини. Во една лименка има дури шест коцки шеќер. Откако тутунската индустрија ја изгуби битката со јавноста и призна дека пушењето е штетно, сега и прехранбената индустрија признава дека е виновна за епидемијата на дебелеење во развиените земји на светот. Така претседателот на Coca-Cola за Северна Америка, Sandy Douglas, признал дека секој ден пие само една Coca-Cola, а попладне евентуално една без шеќер. Иронично е дека...

Continue reading

Општина Охрид

Градоначалникот Бакрачески најави отчет за сработеното

Post Views: 7 Граѓаните на Охрид заслужуваат да видат што работи градоначалникот. Констатацијата дека најголем дел од напорите на градоначалникот Никола Бакрачески во изминативе 8 и пол месеци била насочена кон враќање на долговите, односно наследениот товар од минатата Локална Самоуправа е точна, категоричен е Бакрачески. Додава дека сработиле многу, но признава дека секогаш може и подобро. „Од тие причини како приоритет број 1 во изминатите 8 и пол месеци за мене како градоначалник беше репрограмирање на тие долгови, можности за договарање со компаниите и физичките лица на кои што...

Continue reading

emuc

Во Охрид зголемен бројот на сообраќајните несреќи, младите се едуцираат

Post Views: 0 Годината која изминува на територијата на општина Охрид ќе биде запаметена како година во која има пораст на сообраќајни несреќи. За да се намали ваквиот црн тренд на сообраќајки со тешки последици по животот на учесниците во сообраќајот се презема едукативна кампања која започнува од средните училишта. Кампањата ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, а  претседателот на овој совет Цане Георгиески ги наведува најчестите причини за несреќите. „ Факторите брзина на движење, влијанието на алкохолот и наркотиците, како основни според анализите. Но,...

Continue reading

dete

Пред да биде доцна

Post Views: 1 Иако бројните реклами за козметички производи се наменети токму за женската популација, истражувањата покажаа дека тие влијаат негативно врз самодовербата на жените. Видеото е за сите мајки кои имаат ќерки. Зборувајте со детето за концептот на убавина пред тоа да го стори козметичката индустрија. {hwdvideoshare}id=1235|width=300|height=225{/hwdvideoshare} {loadposition content9}

Continue reading

smoking

Ги оставате цигарите? Ќе ви требаат пет години и седум обиди!

Post Views: 5 „Прекинувањето на пушењето е е тежок процес кој носи стрес, особено во текот на првата недела, кога желбата за цигара е најсилна. За да се издржи првата недела, добро е пушачот покрај себе да има некој кој ќе му пружи поддршка“, појаснува професорот Кери Купер од Универзитетот Ланкастер. Експертите велат дека во одредени периоди на денот доаѓаат кризи, па добро е човекот да се окупира со нешто. Добро е да се воведе некое ново хоби во животот и да започнат да вежбаат бидејќи тоа докажано го трга вниманието од желбата за никотин. Може да помогне и список причини поради...

Continue reading

fiko

Фиќо од Италија, на грaдскиот плоштад во Охрид

Post Views: 11 Вистинска атракција на плоштадот Св. Климент беше олдтајмерот фиат фиќо, со кое од Падова, Италија допатува Џорџо Андриан. „Секогаш кога го возам фиќото се чуствувам среќен, го добив од татко ми и тоа е од голема важност за мене“ вели Андриан. „Тешко е да се објасно љубовта кон ова фиќо ова е старо од 1964 година сопственост на мојот татко кој исто така ме научи да го возма ова фиќо“. Предизвикот пак, италијанецот Џорџо Андриан да  дојде во Охрид е тоа што не може да одолее на убавините на нашиот град. Тој вели дека нашето место е прекрасно и порача жителите од двете...

Continue reading

gradski grobishta

„Градски гробишта“бара излез од финансиските проблеми

Post Views: 9 За излез од наталожените финансиски и технички проблеми во кои се гуши ЈП Градски гробишта се преземаат низа мерки, информира директорот на претпријатието Зоран Симоноски. Во претстојниот  период приоритет ќе им е зголемување на нискиот процент на наплата за одржување на гробните места и за старателство над истите. На граѓаните овие можности ќе им ги направат подостапни, услугите ќе може да ги плаќаат  во центарот на градот. „ Во зградата на Комуанлец е изнајмен простор и во тек е формирање на информативен центар и наплатна служба како што доликува за градот. Наплатата...

Continue reading

katastar

Катастарот во Охрид не е најпроблематичен во Македонија

Post Views: 0   Охридскиот катастар отворен за граѓаните. Од денес па до в четврток тимови од Скопје ќе имаат блиски средби со граѓаните кои имаат потреба од услугите на ова одделение. Оваа пракса се спроведува веќе 6 години, а целта е од прва рака да се види и слушне што ги мачи Охриѓани. Доколку има грешки во работата на катастарот истите да се исправат или пак граѓаните да се упатат во другите институции кои се надлежни за нивниот проблем. Минатата година при контролата која беше направена во ова одделение беа затекнати околу 400 нерешени предмети ставени во фиока. Годинава состојбата...

Continue reading

vrabotuvanje

Со обука, до работа

Post Views: 11 Во Охрид се спроведува обука за познат ртаботодавач. Станува збор за активна мерка во политиката за вработување на Агенцијата за вработување, поточно за три месечна соодветна обука кај работодавач кој има потреба од работна сила а ја нема во евиденцијта на невработеност во Центарот за вработување. Секој кој ќе биде вклучен во обуката добива по 4 400 денари додека трае истата, со тоа што заинтересираните лица имаат  можност да засноваат редовен работен однос кај работодавачот за чија што потреба се организира обуката, вели директорот на Центарот, Јован Баткоски. „Во...

Continue reading

zimsko

Започнува зимското сметање на времето

Post Views: 9 Како што соопшти Бирото за метеорологија при Министерството за економија, стрелките на часовникот во 3 часот ќе се поместат за еден час наназад, така што времето ќе се смета како 2 часот. Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население. Системот на зимско и летно сметање на времето се оправдува со заштеда на енергијата и е создаден од економски причини. Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија зимското сметање на времето да почнува во последната...

Continue reading

Petreski

Старо-нови директори

Post Views: 1 Двајца директори на охридските основни училишта поднесоа оставка. Ова се случи на само неколку дена пред истекот на мандатот на директорите во О.У. „Христо Узунов“, „Григор Прличев“, „Братство Единство“ и „Св. Климент Охридски“. Деновиве темата околу изборот на директорските позиции во основните училишта е се поактуелна, но и поинтригантна. Многу имиња се испреплетија како можни кандидати за да седнат во директорските фотељи, но ако по утрото се познава денот по се изгледа училиштата ќе имаат старо нови директори. Петрески изнајде модел за да ги зачува според него најуспешните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top