Започнува зимското сметање на времето

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот.

 |   | 
zimsko
zimsko

Како што соопшти Бирото за метеорологија при Министерството за економија, стрелките на часовникот во 3 часот ќе се поместат за еден час наназад, така што времето ќе се смета како 2 часот.

Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население. Системот на зимско и летно сметање на времето се оправдува со заштеда на енергијата и е создаден од економски причини. Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија зимското сметање на времето да почнува во последната недела од месец октомври и да трае до последната недела од март.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top