Ознака: природни

ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции од денес достапна до корисниците

Post Views: 10 За туристичките атракции на Охрид и на останатите општини од Југозападниот регион од денес сите корисници на андроид уреди ќе можат да се информираат преку ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции – „Southwest Macedonia Attractions“ која  е достапна на „Play store“. Апликацијата претставува водич за туристите низ регионот, но и корисна алатка која треба да придонесе за поголема промоција на туризмот, велат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Овој продукт е една алатка која ќе им послужи на туристичките водичи и работници и секако...

Continue reading

komarec

Најопасното суштество на планетата

Post Views: 5 Не станува збор за ајкулата, ниту за змијата. Најопасното суштество во светот е маларискиот паразит кој го носат комарците. Низ целиот свет, овој паразит убил повеќе луѓе од сите војни и природни катастрофи. Маларијата ретко се наоѓа во развиените земји, но таа сè уште претставува страшен убиец во тропските региони. Секоја година, болеста предизвикува приближно 2,7 милиони смртни случаи низ целиот свет. Од овој број, речиси 75% се африкански деца. Паразитот кој ја предизвикува маларијата е наречен плазмодиум. Постојат 4 видови од овој паразит и секој од нив има свои...

Continue reading

Охридските гробишта осигурани од природни непогоди

Post Views: 1 Охридските гробишта се сколони на поплавување. Посебно опасност постои во зимскиот и пролетниот период кога се топат снеговите и надојдените реки од Велгошти можат да направат проблем. Според првиот човек на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, претходните раководства на ЈП „Градски гробишта“ уште во 2004 донеле непромислена одлука за копање канал сметајќи дека ќе го решат проблемот. Во тоа време бил ископан канал во близина на главната водоводна цевка на гробиштата, но за жал тој канал не ги задоволувал потребите бидејќи истиот немал капацитет водите да ги обезбеди...

Continue reading

Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид

Post Views: 0 Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид.  Акцентот на денешниот хепенинг кој се одржа на градскио плоштад Св. Климент Охридски се стави на подигње на еколошката свест кај граѓаните, пред се за заштита и зачувување на водите на Охридското Езеро. Охриѓанецот Славчо Христов кој работи како професор во Националниот институт за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје нагласи дека охридскиот регион изобилува со исклучителни природни вредности. Тој потсети дека во 1979 година Охридското Езеро е прогласено за светско природно наследство на УНЕСКО...

Continue reading

Природни чистачи на црниот дроб

Post Views: 3 Црниот дроб ја чисти крвта од отрови, ги чува витамините и железото, ги разградува хормоните и го оддржува нивото на гликоза во крвта. Затоа ви претставуваме попис на намирници кои проверено ја чистат најголемата жлезда на човечкото тело од хемиски загадувачи како тешките лекови, алкохолот и масната храна. –Лук – Овој природен антибиотик е преполн со сулфур кој ја поттикнува работата на ензимите од црниот дроб и така му помага на телото да ги лачи отровите. Лукот исто така има алицин и селен кои се природни чистачи на црниот дроб. –Овошје богато со С-витамин...

Continue reading

poseta

Како се меси леб

Post Views: 1 Учениците од VI одделение од ОУ,,Св.Климент Охридски“ остварија посета на АД „ЖИТО- ЛЕБ” во корелација со преметот природни науки. Заедно со наставничката Нине Симоновска, учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели печива. Посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб, апетисани , лиснати теста, кори и ролати и секако познатите охридски варени ѓевреци. Одговорниот технолог  навистина им го привлече вниманието со детално објаснување и демонстративно покажување во  самиот процес на производство,притоа...

Continue reading

ezero

Убавините на планетата Земја на фотографија

Post Views: 16 Планетата Земја и нејзините убавини инспирација за професионалните но и за фотографите аматери. Од 01.05 2014 до 31.05 2014 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ја сака Земјата. Овој натпревар на фотографии е организиран од Википедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја. Учесниците на натпреварот ќе имаат за цел да направат фотографии од природни паркови, природни резервати и споменици. По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени награди во две категории: за најдобра фотографија и за најдобар придонесувач....

Continue reading

nasa

Основците се учат како во секојдневниот живот да ги применат искуствата и откритијата од НАСА

Post Views: 4 Искуствата од НАСА ќе се применуваат и кај нас. Директорот на основното училиште „ Христо Узунов“ , Тони Сомоновски во месец јуни, ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама  во седиштето на НАСА каде ќе се одржува петнаесетдневна обука на тема  „Природни богатства и нивна искористеност“.Ова е втор пат Симоноски да го посети седиштето на НАСА. Прв пат на академијата беше  во 2011та кога се здоби со сертификат за предавач и тоа на тема „Поттикнување на младите да ги изучуваат техничките струки и изучување на предметите по природни науки“. Поголемиот дел од обуката...

Continue reading

Четири природни начини да се расположите

Post Views: 7 Постојат моменти кога по ваша или вина на друг едноставно не сте расположени. Затоа ви нудиме четири природни начини, како да се расположите. 1.Заземете оптимистички ставНачинот на кој ги гледате нештата има огромно влијание врз квалитетот на вашето живеење. Обидете се да ја согледате светлата страна на ситуацијата, наместо да се фокусирате на негативностите. 2.Нека ве огрее сонцеОсветлете ја вашата спална соба. Оставете ги ролетните подигнати пред да си легнете, за да влезе сончева светлина наутро. Утринските зраци се најблаготворни, па ако можете, пешачете до работното...

Continue reading

Природни лекови против касање од комарци

Post Views: 1 Летото има свои непријатни страни, а една од нив се неподносливите комарци. Во случај да ве каснат комарци користете некои од следните домашни, природни лекови за да ја намалите болката и чешањето. Коцки мраз Користењето на коцки мраз или кеси од замрзнато овошје може да биде изненадувачки добар лек против каснување од комарец. Мразот привремено ќе го умртви проблематичното подрачје и ќе помогне во контролирањето на отокот. Коцките мраз свиткајте ги во крпа и нежно притиснете на местото се додека можете да го истрпите ладното. Кесичка чај Природните соединенија во чајот...

Continue reading

Расте ризикот од природни катастрофи во светот

Post Views: 7 Како последица на климатските промени во последните 30 години, глечерите на Хималаите се намалиле за една четвртина, со што расте и ризикот од природни катастрофи, предупредуваат научниците.Најновото истражување кое го спровел меѓународниот центар за интегриран развој на планините (ICIMOD), со седиште во Катманду, покажува дека во периодот од 1977 до 2010 година, ледената покривка се намалила за 24%.Лидерот на истражувањето, Самџвал Баџрачарја, изјавил за AFP дека намалувањето на глечерите во Непал, дефинитивно е поврзано со климатските промени и дека топењето на мразот...

Continue reading

selo

Повеќе да го цениме богатството што го имаме

Post Views: 1 Македонија е една од ретките земји во кои има услови за занимавање со традиционално земјоделство и сточарство. Движењето на е екологистите на Македонија преку патувачка изложба низ целата држава, го претставува проектот со кој ќе се промовираат овие видови на стопански дејности.Низ четирите пилот региони во Македонија, Река, Мариово, Лакавица и Раткова скала кај Пробиштип, кој веќе и е заштитен како споменик на природата, експерти од областа на ботаниката и сточарството вршеа испитувања и идентификуваа семејства кои ги практикуваа земјоделството и сточарството со високи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top