• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции од денес достапна до корисниците

ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции од денес достапна до корисниците

Од денес сите корисници на андроид уреди ќе можат да се информираат преку ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции на Охрид и на Југозападниот регион. Апликацијата претставува водич за туристите низ регионот, но и корисна алатка која треба да придонесе за поголема промоција на туризмот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

За туристичките атракции на Охрид и на останатите општини од Југозападниот регион од денес сите корисници на андроид уреди ќе можат да се информираат преку ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции – „Southwest Macedonia Attractions“ која  е достапна на „Play store“. Апликацијата претставува водич за туристите низ регионот, но и корисна алатка која треба да придонесе за поголема промоција на туризмот, велат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Овој продукт е една алатка која ќе им послужи на туристичките водичи и работници и секако на туристите. Тие преку „Play store“, ќе може да ја симнат андроид апликацијата и на некој начин да ги води низ регионот до сите културни и природни туристички атракции, истакна Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Апликацијата  ја изработи специјалзираната IT компанија „GDi“. Таа користи ГИС мапи и пребарувања по општини и категории,  а нуди и можност и за оценка на квалитетот, односно атрактивноста.

Со оваа апликација ние сакаме да им ги прикажеме на гостите најатрактивните места. Таа нуди детален опис на секоја атракција и можност за рејтингување, што ќе им овозможи на гостите да се информираат кои се најатрактивните локации во местата кои сакаат да ги посетат,  изјави Билјана Манева од „GDi data“.

Aндроид апликацијата„Southwest Macedonia Attractions“ на корисниците им нуди корисни информации за стотина туристички атракции во Југозападниот плански регион. Проектот е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top