Четири природни начини да се расположите

Постојат моменти кога по ваша или вина на друг едноставно не сте расположени. Затоа ви нудиме четири природни начини, како да се расположите.

 |  Маја Савиќ  | 

Постојат моменти кога по ваша или вина на друг едноставно не сте расположени. Затоа ви нудиме четири природни начини, како да се расположите.

optimizam1.Заземете оптимистички став
Начинот на кој ги гледате нештата има огромно влијание врз квалитетот на вашето живеење. Обидете се да ја согледате светлата страна на ситуацијата, наместо да се фокусирате на негативностите.

priroda

2.Нека ве огрее сонце
Осветлете ја вашата спална соба. Оставете ги ролетните подигнати пред да си легнете, за да влезе сончева светлина наутро. Утринските зраци се најблаготворни, па ако можете, пешачете до работното место.

chocolate mousse

3.Јадете чоколадо
Триптофанот, кој се содржи во чоколадото, го поттикнува серотонинот во мозокот и го подигнува расположението.

rabota vo gradina

4.Ослободете ја креативноста
Истражувањата покажуваат дека луѓето стануваат посреќни кога создаваат нешто креативно, изразувајќи ги своите негативни чувства преку процесот. Сличен ефект има и пишувањето дневник.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top