Ознака: претстави

Видео: Претставен полнач кој ја полни батеријата за 30 секунди

Post Views: 6 Компанијата StoreDot претстави полнач кој батеријата на паметниот телефон може да ја наполни за само неколку секунди. Овој полнач е претствен на меѓународниот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES 2015), а батеријата на мобилниот телефон ја полни за помалку од 30 секунди. Извршниот директор на компанијата, Doron Myersdorf, изјавил дека оваа батерија користи нова технологија и материјали кои овоможуваат брзо полнење. Технологијата е базирана на биолошки полупроводници и работи на принципот нанотехнологија и користи танки природни кристали со пречник од два...

Continue reading

Sony претстави потенок телевизор од мобилен телефон

Post Views: 0 За време на конференцијата воочи Consumer Electronic Show 2015 во Лас Вегас Sony го претстави новиот 4К ТВ серија Х900С. Со ширина помала од половина центиметар, Х900С е најтенкиот LCD телевизор кој некогаш е направен, и како што наведува Sony потенок е од мобилните уреди Xperia. Sony исто така наведува дека Х900С серијата ќе биде покрената преку Android TV оперативен систем и ќе содржи PlayStation Now услуга за стримање на видео игри. Не само што ќе може да се пристапи на Google Play Store, туку ќе може да се користат и гласовни наредби. Претставникот на Sony Mike Fasulo...

Continue reading

Видео: Гребаниците на автомобилите се минато

Post Views: 8 Автономните автомобили веќе не се никаков новитет, а веројатно оваа технологија ја вклучуваат сите поважни производители на автомобили. На CES во Лас Вегас, BMW го претстави своето електрично возило i3 кое воопшто не изгледа поинаку од останатите возила, освен фактот дека може да паркира самостојно без да седите зад управувачот – и тоа можете да му го наредите со помош на паметен часовник. Паркирањето повеќе нема да биде проблем благодарение на бројните сензори кои производителите ги вклучуваат на своите автомобили. На пример, познат е автомобилот на Google кој вози...

Continue reading

kud oteks

КУД Отекс ќе го претстави македонскиот фоклор на меѓународен фестивал во Германија

Post Views: 9 КУД Отекс од Охрид, фолклорното друштво со 33 годишна традиција со целовечерен концерт ќе го претставува македонскиот фолклор на меѓународниот фолклорен фестивал во Германија. Овој реномиран фестивал важи за еден од најдобро организираните фестивали, а на него КУД Отекс се претставил веќе четири пати. Денес на дво-неделна турнеја замина помладиот, втор состав на ансамблот кој ќе се претстави со поголем дел од нивните кореографии. Фолклорните ансамбли и културно уметничките друштва се симбол на македонската култура и уметност, но и амбасадори и презентери на македонското...

Continue reading

Видео: Huawei претстави нов смартфон со две задни камери

Post Views: 2 Кинеската компанија Huawei го претстави Honor 6 Plus, смартфон кој на задната страна има две камери од 8 мегапиксели. Honor 6 Plus има две камери на задната страна кои снимаат фотографии со големина на пиксел од 1.98 микрометри и со тоа стана ривал на HTC One8 и неговата Duo Camera технологија. Моделот Honor 6 Plus има 5,5 инчен екран со резолуција од 1080p, а го има Kirin 925 процесорот кој е осумјадрен со копроцесор и 3GB RAM. Интерната меморија изнесува 32 GB, а има и micro SD слот. Уредот го напојува батерија од 3.600mAh, а поддржува и Cat6 LTE мрежа. Откако ќе се...

Continue reading

MONODRAMA

Претставата „Зоран Радмиловиќ“ вечерва пред охриѓани

Post Views: 2 На малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ љубителите на театарската уметност ќе имаат ретка прилика да уживаат во генијалната интерактивна изведба во времетраење  од 60 минути. Ликот на Зоран Радмиловиќ го игра Иван Томашевиќ, кој се јавува и како текстописец на истоимената монодрама.  Режијата е на Андреа Ада Лазиќ. -Оваа приказна е заснована на паралелниот однос помеѓу Салиери и Моцарт, нашиот актер и гениалниот Зоран Радмиловиќ. Колку и да приказната за актерот  тешка, за публиката е комична што беше наша цел, вели Томашевиќ.Охридско Лето и Народниот...

Continue reading

teatar

Достојно одбележување на светскиот ден на театарот

Post Views: 2 Овој петок 27-ми март, на Светски Ден на Театарот во 12:00 – 12:45 Народниот театар од Охрид ќе ја претстави работатата на  Детско Драмско Студио. Подоцна во 13:00 – 13:45 на репертоарот ќе биде поставена театарската претстава  “Свињарот” – работена според бајката на Х.К.Андерсен, за која влезот ќе биде слободен. Од 20:00 – 21:30 љубителите на комедијата ќе имаат можност повторно да уживаат во изведбата ба  “Детектор за лаги” – работена по текстот на В.Сигарев, по цена за влезница од само 50 ден. Во 22:00 ќе има читање на пораката за Светскиот...

Continue reading

pleteni fustani od Victoria`s Secret

Секси плетени фустани

Post Views: 87 Тренд за оваа зима од Victoria’s Secret се плетените фустани. Не треба да смрзнувате за да бидете секси. Со овие прекрасни парчиња  кои нежно го прегрнуваат вашето тело можете да покажете малку кожа а сепак да ви биде топло. Victoria’s Secret ја претстави својата колекција плетени фустани која содржи модели за секој вкус.Целата колекција тука. {loadposition content9}

Continue reading

teatar

Нови лица, нови претстави и детско драмско студио-дел од новитетите на Охридскиот народен театар

Post Views: 3 Актерите Филип Кировски и Елизабета Стефановска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризевски, како и двајцата драматурзи Зоран Пејковски и Кристина Тодороска-Петреска се новите лица во Народниот театар од Охрид. Дополнувањето на постоечката екипа на охридскиот театар, според директорот Горан Стојаноски значи проширување на капацитетите на театарот, а со тоа и намалување на потребата за ангажирање на режисери, драматурзи и актери од страна. „Очекуваме крајот на месецов, ова е фаза на планирање и веќе стартување на подготовки на дел од репертоарот со проби како и нова...

Continue reading

Без помпезност претставен Galaxy S5 Plus

Post Views: 10 Иако визуелно е идентичен со претходниот модел, Galaxy S5 Plus, со оглед на хардверското засилување, може официјално да го понесе статусот “најбрз Android смартфон на светот”. Јужнокорејскиот Samsung тивко го претстави новиот и надограден паметен телефон  , Galaxy S5 Plus (G901F), пишува Forbes. Најголемиот новитет е во тоа што новиот модел доаѓа со Snapdragon 805 чипсет, најбрз и најефективен Qualcomm процесор досега. Да потсетиме, оригиналниот Galaxy 5 користи Snapdragon 801. Меѓутоа титулата за најбрз смартфон, наскоро може да му биде одземена од моделот на Motorola,...

Continue reading

Microsoft претстави нов сервис за едноставно креирање на страница

Post Views: 0 Денес сите имаат некаква потреба за web страница, било да се работи за хоби, за компанија или за правење на едноставна а визуелно атрактивна презентација. Microsoft, исто како и Google, полека ги собира сите свои сервиси на едно место, па така освен што ќе можете онлајн да ги уредувате документите, презентирате или да уредувате табели, компанијата го претстави новиот сервис Sway кој служи за едноставно креирање на web страница. Сервисот нуди можност за креирање разни ефекти од слики или текст без многу мака, а сѐ што ќе направите во уредувачот ќе биде презентирано на...

Continue reading

kamen

„ Каменот и железото “ најновата изложба на Трајко Дурчовски

Post Views: 5 „Каменот и железото“ е  насловот на најновата изложба на Трајко Дурчовски. Академскиот сликар Славко Упевче ќе ја претстави најновата поставка на скулптури  на Дурчовски утревечер во Центарот за култура.  Ова е 10-та  изложба на авторот кој пред охридските љубители на уметноста е препознатлив по скулптурите изработени од железо.„ Со железото се претставив неколку пати , а со каменот за прв пат. Каменот е украс за на ѕид , се буши со бургија и се украсува со бакар и со калај“, појаснува Дурчовски. Трајко Дурчовски овој пат ќе се претстави со  30 -тина скулптури. Секоја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top