Ознака: празници

Литургии по повод неделата на празници

Post Views: 5 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 17. Декември (понеделник) 2018 година во манастирот Св. Наум Охридски – Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преп. Нектариј Битолски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. 18. декември (вторник) 2018 година со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство...

Continue reading

Оштетувањата на градското пристаниште нема да бидат санирани во пресрет на новогодишните празници

Post Views: 1 Министерството за транспорт и врски треба да го преземе првиот чекор за реконструкција на оштетувањата на градското пристаниште во Охрид. Локалната е волна да помогне, но со претходно направени геомеханички испитувања и секако согласност со ресорните министерства. Оштетувањата на градското пристаниште нема да бидат санирани во пресрет на новогодишните празници кога во Охрид се очекуваат голем број гости. Најверојатно сликата нема да се промени ни за Водици. Последното невреме од месец март годинава направи голема пукнатина на пристапниот дел на објектот кој служи за...

Continue reading

Охрид за првомајските празници врие од гости

Post Views: 2 Празникот на трудот Први мај во Охрид секој го празнуваше на свој начин. Некои на работните места, а други кои користеа празничен ден го искористија убавото сончево време за прошетки ,семеен ручек, разгледи на градот. Едно од најпознатите излетнички места каде што некогаш се прослевуваше празникот на трудот , Синдикални денес на пладне беше празно. Од година на година изумира традицијата на прославување на Први мај со скара и музика. Нашата камера регистрира ретки посетители. Празни останаа и тезгите со разни производи со загрижени продавачи. „ Вака е прва година друг...

Continue reading

Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници

Post Views: 3 Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Таква беше атмосферата и во маркетот „Миса“. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата. Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 280 до 300 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Во Миса јагнешкото...

Continue reading

precista

„Наша Струга“, ја продолжува традицијата

Post Views: 14 Денеска православните верници го одбележаа верскиот празник Пречиста Богородица. Стружани масовно собрани пред малата црквичка  посветена на оваа светица,  уште еднаш покажаа дека верата, а посебно големите христијански празници може на едно место, во голем број да ги соединат и младите и старите без оглед на која политичка опција припаѓаат. Тие во своите домови за здравје и ксмет однесоа крстена вода, а после богослужбата каснаа по малку нафора и пченица. Денешниот ден е посветен на Воведение на Пресвета Богородица и масовно се слави во Струга и струшко. На многу фамилии...

Continue reading

dzevair

Колку чинат новогодишните пакетчиња за струшките советници

Post Views: 1 За градот 600 000 денари, а за советниците 800 000 денари. Советот на општина Струга на последната седница даде зелено светло за искористување на средства во висина од 1 400 000 илјади денари само за Новогодишниоте празници. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко уште пред да се изглсаат точките кои се однесуваа за овие средства ги поддржа советниците. „Сигурно ние сме дале предлог ќе видиме што ќе одлучи советот и што ќе побараат советниците тоа ќе го направиме се надевам дека ќе има добро расположение“-вели Мерко. Двете предлог барања беа на претседателот на Комисијата...

Continue reading

Хотелските капацитети исполнети за новогодишните и божиќните празници

Post Views: 1 Хотелиерите задоволни како изминаа новогодишните и божиќните празници. Нивните капацитети биле исполнети и до 90%. Гости имало најчесто од соседните држави, а најбројни и овојпат биле оние од Србија. Минатава нова година, почнувајќи од 24ти декември кога почнаа да доаѓаат гости за католички божиќ во Охрид навистина можеше да се забележи една поголема раздвиженост, посебно за новогодишните празници па и за православниов божиќ па хотелите беа многу добро исполнети, но не можеме да кажеме дека се работи за некаква зимска туристичка сезона, вели Крсте Блажески-претседателот...

Continue reading

Охрид однапред распродаден за Новогодишните празници

Post Views: 0 Гости од регионот за Нова година во Охрид. На дваесеттина дена пред новогодишните празници хотелите на охридско – струшката ревиера се 100 % распродадени. Голем број од гостите се од странство, а најбројни се гостите од регионот, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Грција. На туристите им се нудат дводневни и тродневни аранжмани со богато празнично мени и празнична вечера. Менаџерот на хотел „Силекс“, Тоше Чочороски вели дека и Локалната самоуправа треба да посвети внимание во осмислување на Новогодишната програма со разновидни содржини, која што заедно со новогодишнот...

Continue reading

Судбината на Галичица се решава на празници!

Post Views: 0   Судбината на Нкционалниот парт „Галичица“, да се решава меѓу Новогодишните и Божиќните празници претставува провокација. Ваквата критика доаѓа од граѓанската иницијатива СОС од Охрид, и воопшто од невладиниот сектор, кои на денешната јавна расправа околу измените во Планот за управување со Националниот парк Галичица и реализацијата на 5-те проекти во рамки на строго заштитената зона во националниот парк, се одзваа во голем број. Борка Ковачевиќ, консултант на НП Галичица, пренесе дека стратешката оцена е изработена од ГИМ и ревидираниот извештај кој денес беше презентиран...

Continue reading

Новогодишните празници бериќетни за охридските угостители

Post Views: 1   Охридските угостители со позитивни впечатоци од тоа како изминаа новогодишните празници. Локалите полни, понудата разновидна, а гостите задоволни. Најважно од се е дека во сите угостителски објекти забавите поминале без никакви инциденти, вели Михаил Мишев, претседател на еснафот на охридските угостители. Покрај домашните еден добар процент од гостите беа од странство што ни дава за право да се надеваме дека ќе имаме успешна летна сезона, додава тој. Јас не можам да разберам од каде доаѓаат такви дезинформации. Ние навистина не вршиме ама баш никакви корекции на цените....

Continue reading

Умерено однесување, за среќни и весели празници

Post Views: 6 Лекарите апелираат за умерено конусмирање на храна и алкохол, но и за соодветна заштита од студот сега кога вирозите ги полнат амбулантите. Службата на итна медицинска помош од градов за празнициве ќе им биде на располагање на охриѓани и туристите 24/7. „Кога има зголемен прилив на турисити или гости во градов или за вакви празници работиме со зголемена приправност а бројот на екипи лесно можеме да го зголемиме во зависност од потребите, од постојаните две екипи, на три и четири па и пет ако има потреба. И службата за итна медицинска помош и дежурната служба која работи...

Continue reading

Охрид за Новогодишните празници од година во година се попривлечен

Post Views: 0 Расте  од година во година бројот на туристи кои престојуваат во Охрид за Новогодишните празници. Тоа се должи на промоциите кои се прават за Охрид во светот, но и на збогатената туристичка понуда која ја прави градот за да привлече странски и домашни гости, вели Олег Маленко од туристичката агенција „ Вис пој“. „Според моите информации и букингот кај мене гледаме дека има зголемување на гости во споредба со  минатата година. Од разговорот со хотелиерите во хотелските капацитети се е веќе букирано  и има слободни места  уште во приватното сместување. Во Охрид има сместувачки...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top