Охрид за првомајските празници врие од гости

Охрид за првомајските празници врие од гости. Угостителските објекти се полни. Но Првомајската разгледница од традиционалното излетничко место Сидикални на пладне беше тажна. Оние за кои денес е неработен ден во најголем дел беа во разглед на градот и во охридските ресторани.

 |  Валентина Неловска  | 

Празникот на трудот Први мај во Охрид секој го празнуваше на свој начин. Некои на работните места, а други кои користеа празничен ден го искористија убавото сончево време за прошетки ,семеен ручек, разгледи на градот. Едно од најпознатите излетнички места каде што некогаш се прослевуваше празникот на трудот , Синдикални денес на пладне беше празно. Од година на година изумира традицијата на прославување на Први мај со скара и музика. Нашата камера регистрира ретки посетители. Празни останаа и тезгите со разни производи со загрижени продавачи.

„ Вака е прва година друг пат вриеше од луѓе“, „Ако не заврне попладне ќе има посетители“, коментира дел од продавачите на тезги.

Стариот дел на градот, кејот Македонија и чаршијата пак вриеа од гости. Низ охридската чаршија можеа да се слушнат најразлични светски јазици.

„ Ова е прва моја посета. Туристичкото место е прекрасно, времето исто. Задоволен сум.
Супер прв пат сум тука. Добро е , одлично. Дојдов да видам како е. Ќе прошетаме со брод, малку ќе се напиеме,  развеселиме“, раскажуваа туристите како ќе ги поминат празничните денови во Охрид.

За туристичките работници на охридско струшката ривиера Првомајските празници се репер каква ќе биде претстојната туристичка сезона. Според охридските угостители ако денот по утрото се познава ќе претстои добра летна сезона.

„ Дојдена е клиентела за разглед на природни и културните убавини. Како показател за интересот на Охрид како туристичка дестинација е зголемениот интерес кај младата популација од соседните земји но и од настрана“, вели Михаил Мишев од Охридски угостителски еснаф.

Работнички протест за Меѓународниот ден на Трудот немаше во Охрид. Во Скопје се одржаа пет протестни маршеви на синдикални организации. Сојзуот на синдикатите на Македонија до Владата достави проглас за работничките права, откако повеќето синдикати кои денеска протестираа од различни места се сретнаа пред владината зграда. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски го достави прогласот и кажа дека работниците се потиснати, прифаќаат секакви услови за работа и порача дека ќе се справат со сите оние кои ги кршат работничките права.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top