Умерено однесување, за среќни и весели празници

Лекарите апелираат за умерено конусмирање на храна и алкохол, но и за соодветна заштита од студот сега кога вирозите ги полнат амбулантите. Службата на итна медицинска помош од градов за празнициве ќе им биде на располагање на охриѓани и туристите 24/7.

 |   | 

Лекарите апелираат за умерено конусмирање на храна и алкохол, но и за соодветна заштита од студот сега кога вирозите ги полнат амбулантите. Службата на итна медицинска помош од градов за празнициве ќе им биде на располагање на охриѓани и туристите 24/7.

„Кога има зголемен прилив на турисити или гости во градов или за вакви празници работиме со зголемена приправност а бројот на екипи лесно можеме да го зголемиме во зависност од потребите, од постојаните две екипи, на три и четири па и пет ако има потреба. И службата за итна медицинска помош и дежурната служба која работи во склоп на оваа служба 24/7 ќе пружа помош на оние граѓани кои имаат потреба“ потенцира Д-р. Горан Симјаноски наќалник на Служба на итна медицинска помош.

Кога станува збор за однесувањето во овие празнични денови и ноќи, Симјаноски апелира дека мора да се внимава на количеството на храна која ја внесуваме, и да се избегнува консумирање на алкохол особено доколку најлудата ноќ планираме да ја минуваме на отворено. Во однос на ниските температури за кои има најава дека ќе продолжат и во наредните денови, се препорачува коиристење на подебела облека, како и конумирање на топли пијалоци. Услугите на Итната медицинска помош, да се користат тогаш кога навистина има потреба,а не за големена температура или обична кашлица апелира Симјаноски.

„Веќе долго време се провлекува тој проблем каде постои некритичко барање за интервенции од наша страна односно за лица кои не спааѓаат во групата на прв или втор степен на животнозагрозувачки состојби.Нема смисла да се бара интервенцијаод страна на Итната медицинска помош кај луѓе со вирози и зголемена температура. Се знае која е нашата работа како служба за итна медицинска помош.Од друга страна тие лица нема да бидат оставени без медицинска помош, во секој момент можат да се обратат или кај матичен лекар или во нашата дежурна служба“ Д-р. Горан Симјаноски – Служба на итна медицинска помош.

Д-р. Симјаноски со апел до младите да не користат пиротехнички материјали бидејќи последиците може да бидат катастрофални. Исто така за време на празниците ќе работи и итната стоматолошка служба во периодот од 20-08 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top