Охрид за Новогодишните празници од година во година се попривлечен

Охрид  за Новогодишните празници од година во година  се попривлечен

 |  Валентина Неловска  | 

Расте  од година во година бројот на туристи кои престојуваат во Охрид за Новогодишните празници. Тоа се должи на промоциите кои се прават за Охрид во светот, но и на збогатената туристичка понуда која ја прави градот за да привлече странски и домашни гости, вели Олег Маленко од туристичката агенција „ Вис пој“.

„Според моите информации и букингот кај мене гледаме дека има зголемување на гости во споредба со  минатата година. Од разговорот со хотелиерите во хотелските капацитети се е веќе букирано  и има слободни места  уште во приватното сместување. Во Охрид има сместувачки капацитети за сите категории на гости, приватните капацитети се привлени за помладите, а повозрасните гости ги  избираат хотелските капацитети“, кажува Маленко.  

Најмногу гости се очекуваат од  соседството, домашни гости,  а има  интерес и на туристи од Грција и западно европските  земји,најавува Маленко. Охрид е интересна туристичка дестинација  во сите годишни времиња.

 

„ Охрид сам по себе е магнет. Охрид  ја продава Македонија, а не Македонија, не го продава Охрид. Тоа треба да е јасно базата за привлекување на гости во Македонија е Охрид,  а после туристите патуваат насекаде низ земјата. Охрид е интересен и во лето, пролет, есен и зима. Во секој период од годината има своја убавина. Со над 200 сончеви денови тој е привлечен и е воздушна бања, има содржини културно историски споменици излетнички места“, кажува Маленко.

Забава за Новогодишната ноќ има за сите категории туристи.Интересот е насочен за традиционална народна музика , но има богата  забава и за младите. Пакет аранжманите се движат од 90 до 200 евра во зависност од изборот на сместувачката категорија и користење на услугите.    

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top