Ознака: посети

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ГО ПОСЕТИ ЦЕНТАРОТ ЗА ТРЕТМАН НА ДЕЦА СО АУТИЗАМ

Post Views: 12 Во посета на Центарот за третман на деца со аутизам кој функционира во просториите на Општа болница Охрид, беше градоначалникот Кирил Пецаков. Од страна на вработените беше запознаен со начинот на фукционирање и работење на Центарот, но и за нивните потреби. Локалната самоуправа се обврза да изнајде начин за субвенционирање кој ќе биде финасиско олеснување на родителите чии деца го посетуваат Центарот. Дополнително она што било обврска на Општина Охрид за изградба на нови пристапни скали, а не се реализирани досега, во најкус рок ќе се пристапи кон реализација. Носител...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ЈА ПОСЕТИ ПЛАНИНСКАТА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА

Post Views: 5 Градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески оствари посета на Планинската спасителна служба. Градоначалникот Пецаков се запозна со целокупната опрема и стручниот кадар со кои располага службата за спасување. На средбата со членовите на службата беше разговарано за тековните проекти, како и за подготвеноста за делување на непристапен планински терен. Заеднички беше заклучено дека Службата за спасување на планина е од исклучително значење за подигнување на нивото...

Continue reading

Градоначалникот на општина Ресен го посети инфо центарот на НП „Галичица“

Post Views: 5 Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, придружуван од претставник од општината Ресен, ја посети Јавната установа Национален парк Галичица во просториите на инфо центарот во Охрид. Целта на посетата беше запознавање со вредностите на Националниот парк Галичица, административното работење, начинот на финансирање, како и можноста за соработка со Општина Ресен. Имено, во текот на претходната година беа воспоставени работните групи со цел апликација на проектот финансиран од Европската Унија кој заедно со Македонското Еколошко Друштво како лидер на проектот,...

Continue reading

Амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир денеска ќе го посети Охрид

Post Views: 2 Целта на оваа посета на евроамбасадорот е за да разговара за тековните напори за зачувување на статусот на УНЕСКО „Природно и културно наследство на охридскиот регион“ што беше утврден во 1979-1980 година. Тој, како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, ќе оствари средби со Константин Георгиески, градоначалник на Охрид, како и со претставници од Министерството за култура и од граѓанските здруженија за да разговара за загрозениот УНЕСКО статус и за конкретните чекори што треба да се преземат за зачувување на природното и културното наследство на охридскиот регион. Амбасадорот...

Continue reading

Амбасадорката Алтхаузер ја посети општина Струга

Post Views: 1 Во работна посета на општина Струга денес беше германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. Таа се сретна со вршителот на должност градоначалник Мустафа Забзун. Повод беше проектот на германската амбасада во детската градинка „Сонце“. „Почитуваната амбасадорка учествува во еден проект на детската градинка во Струга од пред една година. Опремувањето на една просторија во детската градинка заврши успешно. Проектот е завршен и денес се дојдени да го финализираме тоа. Разговаравме за општи теми и за ситуацијата во Република Македонија“, рече Забзун. За жал, во Струга поретко...

Continue reading

pants down

Колкава е казната за покажување гол задник на британската кралица?

Post Views: 0 Австралијанецот Лиам Варинер мора да плати 650 евра казна бидејќи лани есента и покажал гол задник на британската кралица која била во посета на земјата. Му се судело за нарушување на јавниот ред и мир за време на посетата на кралицата на Австралија есента 2011 година. Момчето се појавило на суд во Брисбејн Австралија каде го признало делото, но на излегување од судница кажало дека ќе го повтори доколку Барак Обама дојде повторно да ја посети Австралија. Варинер е осуден бидејќи доека поминувала поворката на британската кралица , тој ги симнал пантолоните и гол трчал...

Continue reading

ЈУНП „Галичица“ потсети на условите под кои може да се посети паркот

Post Views: 3 Поради зголемената посетеност на Охрид и регионот од страна на многубројни домашни и многу ретки странски туристи, а имајќи предвид дека дел од домашните туристи и посетители на Паркот негодуваат за наплатата на влезница во ЈУНП Галичица, при што постираат различни искуства од наплатните места на влезовите на Галичица, од НП „Галичица’ ја информираат јавноста за начинот на наплата на влезниците, нивната висина, начинот на користење на овие генерирани средства и фактичката вистина. „Согласно законските одредби и потребата од зголемување на финансирањето од туристички...

Continue reading

Svarceneger i Medvedev

Шварценегер се заглавил во московско метро

Post Views: 2 Арнолд Шварценегер, некогашната холивудска ѕвезда, сегашен гувернер на Калифорнија, допатувал во Москва на чело на делегацијата од силиконската долина за да го посети Сколково, руско седиште на најсовремената индустрија.Веднаш штом слетал Шварценегер поставил своја слика на интернет и напишал „ Само што слетав во Москва. Денот е прекрасен. Едвај чекам да се сретнам со претседателот Медведев. Рускиот претседател на тоа набрзо му одговорил „Добро дојдовте во Москва“. Гувернерот на Калифорнија добил желба да се повози со Московското метро, заедно со него под земјата слегле...

Continue reading

Земјава минатата година бележи поголем број на посети и ноќевања од туристи

Post Views: 5 Во пораст е бројот на посетите на туристи во земјава , и на странските и на домашните гости, кажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Според нивните податоци бројот на туристите во ноември 2019 година изнесува 64.458, а бројот на ноќевањата изнесува 135.866. За 2.6 % се бележи пораст на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, а за 19.3 % е зголемен бројот на странските туристи. Бројот на туристите во ноември минатата година , во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 13.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.5...

Continue reading

Министерoт Спасов ги посети летувалците во Струга

Post Views: 1 Пристигна петтата група деца во струшкото одморалиште „Мајски Цвет“. Како што кажаа и самите, одлично биле згрижени во овој објект на струшкото крајбрежје и се чувствувале среќни и задоволни. Децата денеска ги посети и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој нагласи дека на децата им  обезбедуваат 7 дена бесплатно летување, каде тие се дружат, учат да пливаат и поминуваат незаборавни моменти на Охридското крајбрежје. „За ова лето обезбедивме 2000 дечиња да можат да ја искористат оваа бесплатна услуга, да ги исполнат поволностите од проектот за бесплатно...

Continue reading

Градоначалникот го посети првото новороденче во Охрид во новата 2020 год

Post Views: 28 Градоначалникот Константин Георгиески, денеска го посети првото новородено бебе во Новата 2020 година на Гинеколошкото одделение при Општата Болница – Охрид. Тој во име на општината и во лично име упати честитки до мајката, Нита Кркути од Дебар за приновата во семејството.  „Сакам да му посакам многу здравје на малиот јунак за кој што уште не е избрано името. Им посакувам да се здрави , живи, весели. “ Првото бебе во новата година е втора рожба на младата мајка. Породувањето било спонтано, а лекарскиот тим го водела д-р Мимоза Влаши Хиса, гинеколог-акушер, заедно со...

Continue reading

Георгиески посети повеќе локации каде што се гради

Post Views: 0 Градоначалникот Константин Георгиески направи теренска обиколка на повеќе тековни градежните активности на локации во општина Охрид. Се интересираше како течат зафатите на неколу училишни објекти, улици и потпорни ѕидови кои се финансирани од општинскиот буџет. Георгиески направи увид во тоа како течат работите при менување на кровните конструкции на основните училишта Христо Узунов, Братство Единство-Лескајца, Елшани и Коњско. Ги посети локациите каде што се градат два потпорни ѕида во селото Елшани и во Варош во близина на куќата на Григор Прличев. Исто така, градоначалникот,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top