ЈУНП „Галичица“ потсети на условите под кои може да се посети паркот

Поради зголемената посетеност на Охрид и регионот од страна на многубројни домашни и многу ретки странски туристи, а имајќи предвид дека дел од домашните туристи и посетители на Паркот негодуваат за наплатата на влезница во ЈУНП Галичица, при што постираат различни искуства од наплатните места на влезовите на Галичица, од НП „Галичица’ ја информираат јавноста за начинот на наплата на влезниците, нивната висина, начинот на користење на овие генерирани средства и фактичката вистина.

 |   | 

Поради зголемената посетеност на Охрид и регионот од страна на многубројни домашни и многу ретки странски туристи, а имајќи предвид дека дел од домашните туристи и посетители на Паркот негодуваат за наплатата на влезница во ЈУНП Галичица, при што постираат различни искуства од наплатните места на влезовите на Галичица, од НП „Галичица’ ја информираат јавноста за начинот на наплата на влезниците, нивната висина, начинот на користење на овие генерирани средства и фактичката вистина.

Согласно законските одредби и потребата од зголемување на финансирањето од туристички активности, наместо од директно користење на природните ресурси, ЈУНП „Галичица“ во соработка со другите Национални паркови и комптентните министерства подготви Ценовник врз основа на кој се дефинирани цените кои секој посетител е должен да ги плати за посета на Паркот. Посетата не ја наплаќаме заради искористување на ресурси, туку заради искористување на екосистемските услуги (во случајов прекрасните пределски вредности, високиот степен на биодиверзитет, природните карактеристики и места итн) во кои секој посетител ужива додека поминува преку Галичица или ја посетува. Ценовникот е усвоен и одобрен од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Во таа смисла, согласно Ценовникот усвоен од Владата на Република Северна Македонија, влез во НПГ се наплаќа за сите лица постари од 7 години – 30 денари, посебна наплата се врши за превозни средства автомобил или моторцикл – 50 денари, а надоместоците за наплата на влез во Националниот парк Галичица за посебни објекти и активности вклучуваат, меѓу другото и наплата за посета на Стара Галичица Врв Магаро движење по патека – 200 денари, стои во соопштението на ЈУНП „Галичица“.

Согласно член 136 став 1 од Законот за заштита на природата, заради вршење на работите на управување и заштита на Паркот, Владата на Република Северна Македонија основа јавна установа – Национален парк. Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за основање на ЈУНПГ, основната дејност на установата е управување и заштита на природата, биолошката и пределската разновидност и природното наследство преку повеќе активности наведени во Законот меѓу кои се и:

Заштита на природните живеалишта од национално и меѓународно значење за културни, научни, воспитно-образовни и туристичко-рекреативни цели;

Одржливо користење на природно богатство во интерес на сегашниот и идниот развој, без значително оштетување на деловите на природата и со што помали нарушувања на природната рамнотежа;

Вршење и други работи кои придонесуваат за заштита и унапредување на националниот парк

Од прогласувањето, па се до денес, обезбедувањето на одржливо финансирање на зачувување на Паркот, во целост било одговорност на ЈУНПГ, а во минатото на други видови организации кои биле одговорни за управување со паркот, а се претходници на ЈУНПГ. Во минатото, во повеќе наврати правени се напори да се обезбеди финансирање од повеќе извори, но за жал, приходите од продажба на огревно дрво се покажувале како најстабилни. Учеството на овој извор на приход во вкупниот буџет на установата се движеше од 80 до 90%, а сега истиот е драстично намален.

Бидејќи директното користење на природните ресурси е најболниот начин за одржливо финансирање на еден Национален Парк, а во согласност со член 141-а, од ЗЗП, ЈУНПГ се финансира и од:

надоместок за влез и посета на Паркот;

надоместок за паркирање во Паркот;

надоместок за посета на посебни објекти во Паркот;

надоместок за престој во Паркот;

други извори (донации, грантови, кредити, подароци, легати и друго).

Оваа убавина која не е само за оваа генерација и не е наша (на установата), туку припаѓа на целата јавност, мора да се заштитува и да се управува во услови кога ЈУНПГ изнаоѓа начини за самофинансирање“, се вели во дописот до медиумите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top